Коментари

Грција нема ексклузивитет на името „Македонија“

gordana-dimovska

gordana-dimovska
Гордана Димовска, Австралија

И повторно излегуваат аналитичари кои докажуваат дека Грција не може да има ексклузивно право на името Македонија, ниту да го користи како изговор за остварување на свои цели. Токму ова доаѓа и како уште едно потврдување на се` што кажавме во статијата: “Кој кому го краде името Македонија“ објавена на 3 ноември 2010 во „Македонска нација“: Македонија е една, Македонија никогаш не била ниту ќе биде грчка. Дури и во најстарите познати мапи на античкиот свет, Грција и Македонија секогаш биле јасно разграничени како две посебни територии и држави. И ако на ниедна од мапите, двете држави не се прикажани во единствени  граници под едното или под другото име, тогаш – до кога чесниот и добронамерен човек по светот ќе се прашува:

Како треба да се именува некој што не покажува оригинален доказ, а обвинува друг дека му го фалсификува? Кој е крадецот, односно кој кому му го краде името ‘Македонија‘??? (Гордана Димовска).

Во продолжение го доставуваме преводот од англиски на анализата на американскиот аналитичар и професор, Даниел Сервер објавена на 2 aприл 2014 на блогот Peacefare.net под наслов: “Мacedonia” is not exclusively Greek (Daniel Serwer).

“Aнтичка Македонија пред освојувањата на Александар Mакедонски беше во делот каде што денес е Република Грција, вели познатиот американски професор, аналитичар и експерт за Балканот, Даниел Сервер на својот блог Peacefare.net. Никогаш не се сомневав во тоа и секако дека во никој случај Грција нема ексклузивно право на терминот “Македонија”. Грција денес се граничи со Република Македонија, а таа република не постоеше во Античка Грција и не треба да постои збунетост за тоа кој да го користи терминот Македонија. Според американскиот геолошки институт, постојат осум “места” во САД и 1519 други места (многу цркви кои не се сите православни)  кои го содржат името “Македонија”. Исто така во САД, постојат 28 локации со име “Атина“, од кои три се имиња на градови. Дали некој од Грција досега се спротивставил на тоа? Во Франција, Macedoine е име на овошна салата. Дали треба да правиме проблем од тоа? Една од соединетите американски држави се вика “Ново Мексико”. Официјалното име на Мексико е Mexicanos Unidos. Историски гледано има многу случаи на иредентистички барања на мексиканско-американската граница отколку на Македонско-грчката граница. Не познавам никој на кого му сметаат имињата освен што некои Мексиканци сакаат да постои Естадос Унидос во нивното официјално име. За оние кои се загрижени за крадење на идентитет: државјаните на САД се нарекуваат себеси “Американци”. Никогаш не сум слушнал државјанин на САД да бара ексклузивитет иако граѓани на други земји се противат на користењето на САД.

Македонија под Александар се прошири на територијата на античка Пајонија. Тоа е една од многуте причини што тој беше наречен Велики. Нели оние во Грција кои сакаат да го лимитираат терминот на нивниот простор би го лишиле големиот херој од неговата слава? Исто така, египетскиот град кој го носи името Александрија, дали и тоа се смета за навредливо?

За оние кои сметаат дека неодамнешните архитектонски иновации во Скопје се навредливи, нека го посетат Вашингтон кој беше изграден како “Новиот Рим” и безмилосно ограбуван кон крајот на 18 век, разбирање на грчка и римска архитектура. Постои дури и една имитација на coffered купола на древниот Пантеон во Рим во холот на Националната галерија на уметност изградена во 20 век. Оние пак, кои тврдат дека Скопје треба да се задоволи со име како “Република Горна Македонија” треба да  објаснат зошто тогаш Грција стави вето на членството во НАТО, што е прифатено во ООН како “Поранешна Југословенска Република Македонија”. Грција ја прифати  Времената спогодба за многу други цели и не е многу различна и помалку навредлива од “Македонија” или “Република Македонија”. Таа има три или четири “модификатори” зависно како ги броите.

Единствен изговор за да се постави како предмет на расправа името на Македонија е ако Македонија има територијални претензии кон грчката територија. Во Амандман 1 од Уставот на Република Македонија се вели: “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”. Сервер исто така посочува дека некој од неговите антагонисти го нарекол кловн заради тоа што тврдел дека Грција нема ексклузивно право на терминот “Македонија”. Тој не се смееше, но јас се смеев со него. Кој е кловн во овој случај?

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top