Фељтон

Хипократовата заклетва

hippocrates_185912t

Ангелина Маркус

hippocrates_185912tВо времето на Хипократ медицината сèуште беше привилегија на одредени познати медицински фамилии и сèуште ја одразуваше врската со филозофијата. Лекарот е филозоф како Хипократ, а филозофот е лекар како Аристотел. И двајцата припаѓаа на лекарски фамилии со генерации. Во IV в. пр. Хр. И филозофијата и медицината беа посветени тајни школи што знаењата ги откривале на тесен круг роднини и со заклетва се обврзуваа да ги кријат тајните од непосветените. Мистериите и тајните од Питагорината школа се прифатија и се спроведоа во медицината и во Асклепијадите. Како што содржината на космолошката филозофија се протна во медицината исто така етичката проблематика си најде примена во заклетвата. Целиот тој систем на лечење и лекарската филозофија како привилегирана професија, немаше да има таков ефект ако не беше ставена под заштита на македонските царски фамилии. Царската династија застапуваше лекарски династии со именување на царски лекар. Можеме да ги посочиме, по име и род сите лекари по македонските градови на државата од Александрија до Рим. И ќе го сториме тоа.

Ако се запрашаме кога и каде е пишувана медицинската заклетва, одговорот ќе го пронајдеме испишуван во биографијата на самиот Хипократ. Од Беломорските острови Кос и Книд патувал насекаде низ Македонија. Одбил да оди во Персија.

Атина по Пелопонеските војни и тиранијата на триесетмината не била место ни за живеење, а камо ли за научна работа. Особено откако биле убиени и протерани многу негови лични пријатели Сократ, Тукидит, Анаксагора…

Хипократ како и Ѓорѓија се населил во Лариса, во близина на Македонските престолнини, од каде што и како царски и како патувачки лекари вршеле работа низ многу широки области. Тесалија, во тоа време, била македонска област. До каде што оделе и живееле Македонците до таму стасувала и науката и медицината. Искуствата низ војната и ранетите го зголемувале и медицинското искуство. Разновидното и комплетно живеење во Македонија е главната подлога за севкупното творештво па и медицинското. Влијанијата едни на други луѓе било друг вид предизвик за соработка. Хипократ го познавал етичкото учење на Сократ и бил воодушевен од неговите морални доблести, што Атина ги губела со убивање на толку учени луѓе, дојдени да ја просветуваат. Набрзо во Македонија се собрале голем број од тие што биле протерани. Архелај им дал и заштита и услови за работа. Кај Архелај дошол Хипократ со сета лекарска фамилија, со синот Тесал и Дракон, зетот Полиб и другите. Дошол и останал повеќе од половина од својот живот во најплодните творечки години, да живее по Македонските престолнини, да ги лечи Македонските цареви сè до Аминта таткото на Филип. Тука е напишана Заклетвата за потребите на царската македонска фамилија. Тука се спроведувала терапија во болнички услови и тука се пишувани сите медицински книги. Тука, во Македонија, густо се збиени Асклепијадите и светилиштата каде што била најсилна и присутна древната традиција на секој вид школи. Податоците зборуваат дека и пред Архелај, Хипократ го лечел и Пердика II.

По Аминта синовите покрај Аристотел ја продолжиле професијата царски лекари кај Филип II и Александар. Особено Тесал во придружба на фалангата патувал до Индија и се вратил во Пела. По тоа уште долго медицината со Хипократовата заклетва се движела по светот до денешни денови како основно кредо за медицинскиот морал. Значи изворот за заклетвата е македонската традиција и царство. Македонската филозофија на моралните норми и соработката на луѓе од сите профили што допринеле за сите форми на свеста да се развијат на највисоко ниво. Филозофијата, медицината, сите науки во уметничкото творештво, општествените настани, сè тоа поединечно и воопштено, остави траги како трајни сведоштва за Македонците. Сепак фармацевтскиот знак со змија и Медицинската заклетва ги прифати цел свет како симболи на хуманост од Македонија. Не е случајно тоа што во секој откопан град откопуваме статуи на Асклепие.

Заклетвата, таква каква што ја имаме сега по ѕидовите на амбулантите не е онаа истата. Промени претрпела и медицината и текстот и моралната зрелост на лекарите. Хипократовата заклетва се негува по светот повеќе како морална обврска, како свечен чин, а за нас Македонците има историско значење на филозофското архе или прапочеток во медицината.

Содржината на Заклетвата ја изговара секој лекар кога ја почнува медицинската практика. За да ја знаат сите ја приложуваме.

hipokratovata-zakletva

ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА

Во часот кога стапувам меѓу членовите
на лекарската професија свечено
се обврзувам дека својот живот
ќе го ставам во служба на хуманоста.
Кон своите учители ќе покажувам должна
благодарност и почитување.
Својата професија ќе ја извршувам
совесно и достоинствено.
Најголема грижа ќе ми биде здравјето
на мојот пациент.
Ќе ги почитувам тајните на тие
што ќе ми се доверат.
Со сета своја сила ќе ги одржувам честа и
благородните традиции на лекарската професија.
Моите колеги ќе бидат мои браќа.
Во вршењето на должностите кон болните
на мене нема да делуваат никакви обзири, вера,
националност, раса, политичка или класна припадност.
Од почетокот апсолутно ќе го почитувам
човечкиот живот.
И под закана нема да дозволам моите
медицински знаења да се искористат
спротивно на законите за хуманоста.
Ова го ветувам свечено,
повикувајќи се на својата чест.

Една варијанта на заклетвата ни зборува токму за нашето образложение. Се работи за заклетвата поместена во книгата „Божествена медицина” од д-р Петар Станковиќ, пишувана 1941 година, издадена 1988 година во „Култура” Белград.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top