Фељтон

Хипократова заклетва

hippocrates_185912t

Ангелина Маркус

hippocrates_185912t

– Се колнам во Аполон, Асклепио, Хигиеја, Панапкеја, на сите богови и божици, повикувајќи ги за сведоци дека ветувам овој завет според совеста потполно (целосно) да го истакнам.

– Дека својот учител ќе го почитувам како родител, ќе се грижам за него ако му затреба, неговите потомци ќе ги сметам за родени браќа и ако сакаат ќе ги научам на оваа уметност без обврски и наплата.

– Дека прописите и предавањата како и целата наука ќе ја предавам само на своите синови, синовите на моите учители и само на оние ученици што со заклетвата се сврзани за лекарските закони и никому повеќе.

– Дека на болните, колку што знам и можам, најсовесно ќе им одредувам живеење за нивно најголемо добро и дека ќе ги чувам од било каква штета и зло.

– Никогаш никому нема да му дадам отров дури ако за тоа ме молат, ниту таква одлука ќе помагам, исто така нема на ниедна жена да и’ помагам во плодоубивање.

– Во скромност и чистота ќе живеам и ќе ја чувам својата уметност. Нема да вадам камен од бешика, тоа ќе го препуштам на луѓе од таа стручност.

Во која било куќа да влезам нека биде тоа за добро на болните далеку од самоволна неправда и како од секој друг порок така и од ниски желби према жените, луѓето, слободните и робовите.

– Било што да видам или слушнам во вршење на својата професија или надвор од лекарската пракса, за животот на луѓето, што не смее јавно да се изнесува, за тоа ќе молчам сметајќи ги за тајни.

– Ако совесно се држам до овој завет и не го прекршувам нека ми се даде да уживам во мојот живот и уметност, ценет од луѓето засекогаш; прекршокот и кривоклетството нека биде судено спротивно од тоа.

Со оваа варијанта на Хипократовата заклетва уште во првиот став се потврдува значењето на боговите што се обожувани во Македонија и што имаат директна врска со лекувањето на луѓето и што ги подучуваат во лекарскиот занает.

Зборот уметност треба да се сфати како умеење, знаење. Во заклетвата се нагласува тајноста, школувањето и фамилијарната медицина и практика. Поврзаноста со филозофијата се гледа во преземањето на моралните принципи од Сократовите вештини и другите школи блиски до медицината. Боговите од Олимп во Македонија имале светилишта насекаде. Аполон, Ахил, Дионис, Музите, Орфеј, Хипократ се движеле околу Делфи, во Теба, тоа е во Фокида, што спаѓа во Тесалија и Парнас, сите заедно, како области на Македонија. Сите богови, херои, учени луѓе имаат иста татковина, древната македонска држава.

Сепак, Асклепио со змијата и Хипократ со заклетвата, најдобро си ја завршиле медицинската работа во Македонија.

Исто така и близнакон Аполон бел, сончев, прочистуван во Аполоновите светилишта и градови меѓу првите е што најмногу им помагал на луѓето. Кога чувал стада се близнеле, кога се дружел со луѓето се просветлувале. Моќен,

силен, убаво граден, прототип бил и на Хипократ во проучување на анатомијата и на уметничката инспирација за најубавите бисти на луѓето. Лисип, царскиот уметник на Александар го вајал убав како бог, како да е самиот Аполон.


Аполон

Местото на Аполон во уметноста, во медицината, во светилиштата и во животот на луѓето имал иста важност како Аристотел и Хипократ. Заклетвата е трајно вткаена во македонското живеење.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top