Ангелина Маркус

Ахил
Традицијата на царски лекар во Македонија како и патувачките лекари, безпрекорно се организирале и во освоените земји, особено во Рим, каде што пред допирот со македонската медицина не постоело никакво сознание за лечење. И во Атина немало некое видно искуство. За слабите новородени деца одлучувал советот на градот најчесто за фрлање од највисоките ѕидини.
Нормално, град со толку хетери не можел да го зголемува населението. Уште повеќе, наместо лекување го усовршувале убивањето со отров. Ксенофон и Платон го опишале Сократовото усмртување во Атина со кукута. Таа густа жолта
течност, приправена од билка, многу брзо му ги здрвила нозете, му го стврднала јазикот, му се замаглила свеста и сепак Сократ јасно го искажал својот став дека не се плаши од смртта кога е спроведена од судии со закон. Хипократовата заклетва го обврзува лекарот да не дава отров. Законите во Македонија го штитат болниот, фамилијата и народот.
Патувачките лекари насекаде стигнуваат сами или со свои помошници. Со себе носеле торба со лекови и инструменти. Прво ги средувале хигиенските услови. Топла вода, чисти крпи, проветрување, оган за стерилизација на инструментите,
сè било подготвувано. Принципот бил ист, болеста по земја се шири преку воздух, се сузбива со оган, се гасни и измива со вода. Само породувањето го вршела жена со искуство. Тоа не се сметало за болест и не се повикувале патувачки лекари. Жена бабица до скоро го водела домашното породување по селата и ги подучувале младите мајки како да зајакнат заедно со породот. Патронажната служба отсекогаш постоела. Интересно е тоа што и на животните им се помагало
од луѓе приучени со искуство, најчесто овчари. Дедо ми, со нас, полн двор внучиња, имаше секој ден работа. Крварењето кога ќе се испотепавме го запираше со иситнет тутун. Скршената нога ја местеше со летва и ја завиткуваше со коноп натопен во белка од јајце. Кога се разболев од маларија ме однесе во мочуриштето на Црна Река, каде што лежеа биволи, за да ми се залепат пијавици, да ми ја исцеделе „лошата крв”. Понекогаш имаше улога на патувачки лекар за слични ситуации.
Болниците, лекарските ординации, аптеките си ја вршеле работата во лечење на болестите како во најдревните македонски времиња. Патувачките лекари паралелно со нив си врвеа.
Царски лекар се станува, пред сè од, лекарска фамилија, од најучениот, најспособниот човек, што се докажал и се истакнал меѓу сите лекари.

Аполон во оро со Музите
Музите, нереидите и обичните мајки Македонки ја прават врската меѓу боговите и луѓето, раѓајќи херои и цареви, богато обдарени за вршење на божествената медицина, музика и секој вид божествена уметност што низ македонската стварност се претвора во научност. Сфаќањето дека царевите некогаш биле богови се гледа низ еповите на Хомер. Околу, во круг на Беломорското крајбрежје сите племиња ги водат кралеви со божанско потекло. Агамемнон, Ахил, Одисеј, Патрокло, Парис-Александар, Хектор водеа десетгодишна борба
околу Троја за Елена, сестрата на Диоскурите Плејади, а ѕвезди на небото близу до боговите. Многу смртни божества Зевс ги направи безсмртни. Меѓу нив најголем број се тие што ги лечеле богови, што сами биле лекари и ја лечеле својата војска или имале свои царски лекари во придружба.
Микенците Менелај и Агамемнон ги лечел Махаон и Полидејрон, синовите на Асклепио.
Патрокло го лечел Ахил.
Ахила го лечел Махаон.

Одисеј
Одисеј носел лузна од рана што царските лекари од Парнас, во палатите на дедо му ја заздравиле. Поврзаноста на древните племиња ја прави и самата медицина. Исти лекари лечат разни кралеви. Микенците не се Ахајци. Тие се Ахилејци со заедничко потекло од Македонските Аргивци. Македонската царска лоза од Арг се проширила на Пелопонес. Во Новиот Арг продолжила македонската царска традиција, најдолго одржана, како монархија во Спарта и во Теба. Македонците од Пела ги надживеале и нив и Атина во Ахаја или Ахилеја. Заради тоа кралевите во Илијада имаат ист царски лекар, како и сите македонски цареви.