Коментари

Одбележана смртта на Гоце Делчев

Свекрва

По повод 111 години од смртта на Гоце Делчев, официјални државни и институционални делегации на 4 мај положија цвеќе во црквата „Св. Спас“, на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк. Во црквата „Св. Спас“ беше одржана литургија на Македонската православна црква, а одавање почит на великанот на македонската револуцинерна борба имаше и во другите градови на државата. Насекаде низ земјата се оддаде почит на апостолот на македонската револуционерна борба, на човекот кој светот го разбираше како поле за култирен натпревар и кој беше убиен од турската војска на 4 мај 1903 година кај селото Баница.

Изминаа точно 111 години од херојската смрт на најголемиот македонски син, првоапостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Уште од мал задоен со преродбенските идеи и желбата за слобода на својот македонски народ, откако го усвоил искуството на македонските преродбеници и револуционери, тој влезе самопожртвувано во борбата за ослободување на својот поробен народ уште во 1893 година, кога беше создадена Македонската револуционерна организација.

Гоце Делчев стана идеолог и стратег на македонската револуционерна народноослободителна борба. Основниот принцип на револуционерната борба, дека ослободувањето треба да биде дело на самиот народ, беше неговиот раководен принцип. Тој развиваше неуморна дејност за политичко-просветното издигнување на македонскиот народ и за организирање масовна борба за национално, економско и политичко ослободување.

Гоце Делчев крстосуваше низ целата македонска земја и насекаде создаваше народни револуционерни комитети и постојани чети. Во своите напори да го организира населението во Македонија тој се обраќаше и кон турскиот народ, уверувајќи го дека борбата не се води против него, затоа што и тој е угнетен. Како што пишуваше Гоце, борбата се води против потисничкиот феудален систем на султанот и пашите, за слободата на Македонците.

Во зачуваните писма, Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население: „Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие доброволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.

Во тоа време царските поддржувачи во Софија, Белград и Атина ги вршеа своите подмолни акции во Македонија, со проѕирната цел да ја распарчат и завладеат. Гоце Делчев ја сфаќаше јасно сериозноста на положбата и изјавуваше дека борбата ќе биде многу потешка против „трите волка“ (тројцата цареви), одошто со „болниот човек“, феудална Турција.

Орудијата на Фердинанд во 1903 година го испровоцираа пребрзото прашање за востанието со цел да биде уништена Македонската револуционерна организација, бидејќи народот суште не беше наполно подготвен за успешно востание. Гоце остро се спротивстави на одлуката за кревање на предвремено востание. Но токму во екот на подготовките за општонародно востание, Гоце беше предаден кај селото Баница, Серско, каде што загина во борба со турскиот аскер на 4 мај 1903 година.

Во 1903 година, не се случи ослободување на Македонија. Но, тоа што не се случи на првиот Илинден, делумно се случи 40 години подоцна. Благодарение на херојската народноослободителна борба на македонскиот народ беше извојувана слободата и на вториот Илинден беше создадена Народна Република Македонија, која влезе во рамките на Федеративна Народна Република Југославија. Дури на третиот Илинден, по речиси пет децении македонскиот народ целосно се осамостои на 8 септември 1991 година.

Делчев беше огнен пропагатор за братско живеење помеѓу балканските народи. Во борбата за пријателство меѓу народите, тој го следеше патот на преродбениците и не случајно зборуваше: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Денес, откако балканските народи минаа низ многу борби и тешкотии, наместо да го следат патот предодреден од првиот син на македонскиот народ Гоце Делчев, тие поттикнати од центри на моќ кои не му поскуваат добро на Балканот, сеуште се однесуваат како три волка кон Македонија. Едни не признаваат име, други јазик, трети црква, а сите заедно не можат да разберат дека од таквиот пристап страдаат сите. Изгледа како сите да ги заборавиле ужасите на Балканските и двете Светски војни, како и крвавиот распад на Југославија.

Сепак, она што многу повеќе загрижува е мислата со која Делчев неговестува многу повеќе од својата судбина. „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, изроди, како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа“. Предаден Делчев ќе загине на 4 мај 1903 година, а денес 111 години потоа, однесувањето на поединци од најголемата опозициска партија може да го доведе во прашање опстанокот на Македонците и толку посакуваната, со многу крв спечалена македонска држава.

Токму денот на смртта на Гоце Делчев треба да не потсети на вековните идеали и сите жртви кои се дадени во борбата на македонскиот народ за самостојна и независна македонска држава. Но, истовремено, треба да не освести дека само сплотени можеме да опстоиме на балканскиот провев, особено сега кога големите сили ги мерат своите мускули во Украина.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top