Ангелина Маркус
Потеклото на сите од подножјето на Олимп е исто. Македонско кај Менелај, Ахил, Одисеј, Астеропеј и Хектор.
Долговечноста на првите македонски кралеви се должи на добро применетата медицина по кралските куќи. Долговечноста на кралските лекари е уште поголема. Така Хипократ со својата фамилија ги лечел Македонските кралеви Пердика II, Архелај I, Орест, Европ, Павзание, Аминта III.
На Аминта III покрај Хипократ царски лекари му биле претците на Аристотеловата медицинска фамилија, таткото Никола, дедото Махаон, прадедото…
Назад во древноста овие лекари и` претходеле на Хипократовата медицина. Особено на дворот во Еге и Пела во времето на Архелај и претходно со стотици години назад до првите кралеви во Македонија. Во четири ипол илјади годишниот долг царски континуитет Македонската наука и медицина допираат до Митолошките претстави. Таму, меѓу првите божества лекари Аполон и Асклепио се најдуваат корените на Македонската медицина. Од тогаш секој цар си имал и царски лекар, лекарска школа и медицинска практика.
Во времето на Филип и Александар, во IV-тиот македонски век, филозофските и медицинските школи се најразвиени. Цела тајфа на врвни лекари ги лечеле раните на Филип II, а уште поголема била тајфата на царски лекари во придружбата на Александар.
Лекарите од двете најславни лекарски фамилии на Аристотел и Хипократ го прошириле лечењето на ранетите во фалангата и соседните народи на државата на Македонците. Интересен е податокот што синот Александар прв ги извидувал раните на Филипа и давал најдобри прогнози. -„Не жали се Филипе за една рана на ногата, обѕрни се на успесите на битките, набрзо ќе го збоднеш коњот на победите”, – го тешел Александар. Тоа го правел и во фалангата. Лично и прв ги извидувал раните и го препорачувал лечењето на Тесал, Филон и другите лекари.
Антипатар и Касандар во Пела ги наследиле лекарите од Филип и Александар до Филип V и Персеј.
Македонската медицина во Александрија се развила врз системот на Аристотеловите списи од физика. Халдејците и Магите од Вавилон и Египет, кој се викал Мисир, си нашле место во Александриската библиотека, покрај Теофраст и Менон, ученици на Аристотел. Нивните списи за билките, лековите, лечењето како фармацевтско знаење, го сублимирале знаењето по медицина од Македонија, ја продолжиле македонската традиција во школите и царските лекари. Во Александрија се создала главна медицинска школа што ги собирала лекарите од разни краеви и острови. Херофил од Хадлкедон, Ерасистрат го проучил срцето и сензитивните нерви, Клеомбарат и Медија му биле лекари на Селеук и во Антиохија.
Птоломеј бил лечен од Хрисип, имал своја школа како и Филин, Серапиони, како Хераклид од Тарент, Аполоние од Китија, како Бер кој работел за Антиох Сотер во Вавилон. Цели триста години македонската Птоломејска династија во Александрија ја унапредиле филозофијата, медицината, астрономијата и другите науки. Научници од Сицилија преку Македонија до Вавилон и Мисир се школувале во Александрија. Филон од Лариса, Птоломеј, Еургет, Антиох внимавале кој ќе раководи со Александриската библиотека. Тие биле: Теофраст, Калимах, Ератостен, Еригон, Аполодер, Зенодот, Аристофон, Аристарх, Кратет. Тука се школувале Евклид, Архимед, Аполоние од Пергам, Еадем, Хилен, Херон. Од Александрија произлегле многу царски лекари што подоцна биле царски лекари и во Рим и во Александрија.
Царски лекар на Клеопатра бил Аполодар, а воспитувач Никола.
На Марко Антоние, а пред него и на Цицерон од 124 до 60 год. пр. Хр. придружен лекар бил Асклепијад од Битинија.
За времето на Нерон, Трајан, Марко Аврелис, Комод и другите императори, лекари добивале од Александриските школи. Тоа се царски лекари Гален, Сорен, Диокло и други лекари.
Од Александрија не само медицината, се пренеле имиња на римски богови, но не се изменило името на Аполон – богот на медицината. Од Александрија со науките во Рим стигнала прагматиката на Дионисие од која Варон и Марко Теренцие учеле за да го создадат латинскиот јазик, што ќе остане како продолжувач на богатата македонска култура. На римјаните не им била позната ни хигиената, ни фармацијата ни медицината. Тоа малку што го добиле со Етрурците се гушело. Етрурците се тие што ја согледале блискоста со Македонија и преку Александрија воведувале наука, писмо, просвета.
Развојот на македонската медицина условен е од потребата да се лечат ранетите од честите војни, да се лечат изгладнетите, мачени и прогонети христијани, болестите што ги носеле освојувачи од туѓи народи како епидемии и осиромашувања. Од сето ова заштита е медицината.