Ангелина Маркус
Долго време не ми беше јасно како тоа Хипократ ја воспоставува врската на космосот и човекот и како тоа четирите елементи се исти принципи и за светот и за човекот. Потоа согледав, како во небото над Македонија во соѕвездијата си нашле бесмртни места многу смртни божества. Херакло со лавот. Диоскурите во близнаци, Асклепио со змија… Уф! Па, тоа е зодијакот и хороскопот.
На Македонците им била јасна врската на медицината како врска на човекот во природата и космосот. На Хипократ извршил влијание Питагора со филозофијата на бројките. Хипократ знаел за бројката 12, како значајно место во митологијата, астрономијата, астрологијата, религијата и космосот. Тоа се 12 знаци на зодијакот, 12 месеци во годината, 12 апостоли, 12 генерали на Александар како 12 херојства на Херакло, 12 часови на денот, 12 години на детството, 12 племиња што ги обединил Филип II во Македонија…

Над небото на Атлант се гледаат зодијачките знаци
Сепак најважно е дека деновите на годината, 365, поделен со триесет дена ни даваат 12 месеци утврден календар и временски интервали или сезони во кои што различно се однесува организмот и отпорноста на болестите, имунитетот.
Бројката не е само квантум туку израз на односи, на хармонија на силите и ѕвездите кои што делуваат врз здравјето на човекот. Така мислел Хипократ. Таа мисла уште повеќе ја разработиле бројните научници во Александрија. Нив им била јасна бројката 60 – како минути, како секунди, како денови, помножена со 6 ни ја дава годината, од 360 дена во годината како 360 степени од кругот, 360 цркви во Охрид. Тоа е хармонијата во природата и бројките. Месецот влијае на плимата и осеката, па како да не влијае на здравјето на луѓето. Воздушниот притисок, сончевата топлина, ветерот, дождот, плодородието на земјата и ете не назад во прапочеток како архе, кога уште првите луѓе свртени кон небото ги барале знаците за опстанок. Медицинските божества и медицинската астрологија ги подучуваат научниците што да прифатат за прогрес на човекот. Знаците, бројките, законите, науките, луѓето, сите си нашле место во соѕвездието. Во Кокино пред десетина години е откриена древна опсерваторија стара околу 4000 години. Македонската цивилизација ги проучувала ѕвездите за да направи календар за времето за земјоделието. Тоа се истите луѓе што повеќе од шест милениуми не го измениле својот ген. Затоа музата Уранија се занимавала со астрономија, астрологија и пророштво.
Македонскиот хороскоп си нашол место во еден мозаик за Херакло каде што се претставени во централниот круг атрибутите и сверно слики на неговите херојства. Лавот, бикот, вепарот, хидрата, Посједон како водолија, близнаци и други мозаични слики соодветствуваат на општиот хороскоп поврзан со судбината и иднината на луѓето во комбинација со болестите.
Еве ги тие зодијачки знаци, букви, водени, огнени, земни во констелација со ѕвезди од небото над Македонија.
Овен Јасон, златно руно оболува глава
Бик Света сила, крит оболува гуша
Рак Пророштво Делфи оболува варење
Девица Богородица оболува јетра
Скорпија Асклепио(змија) оболува полови органи
Јарец Арес оболува колена
Риби Беломорски делфин оболува стапала
Водолија Света рена оболува потколена
Стрелец Кентаур оболува бутови
Терезија Космичко архе оболува црева
Лав Херакло оболува колк, срце
Близнаци Диоскури оболува рамена, раце
Под небото на ѕвездите и зодијакот, Македонците изнашле здрави места за живеење, за среќа и здравје. Тука изградиле светилишта славејќи ги хероите на хороскопот. Изградиле соѕвездија на земјата со иста светост, од небото и од Сонцето – македонскиот најголем симбол.

Мозаик со херојствата на Херакло распоредени во зодијак
Направивме преглед според имињата во хороскопот и соодветно оболување на органите на човечкото тело. Секој човек според раѓањето има свој знак од митологијата во Македонија. Секој човек е предодреден од судбината на раѓањето како хороскопска тема во стоичката филозофија. Најголемите пророци Аполон, Орфеј и Питија им ја претскажувале иднината на царевите и народот. Тимот пророци на Александар му го толкувале секој знак од небото, птиците и внатрешните органи на жртвуваните животни. Александар и сам ги познавал тие знаци за да чекори толку успешно во иднината. На Хипократ и на царските лекари, на магите хороскопската медицина им била помошно средство. Македонската медицина се проширила од Александрија низ римската држава.
Ископините во Помпеја ни покажаа како функционирале медицинските школи, со многу нагледни средства на човекот, изработени од теракота и болниците со сите инструменти какви што биле низ Македонија.
Собирањето на искуствата, собирањето на описите на појава на болестите го исполниле со дијагнози и рецепти Хипократовиот корпус и уште повеќе неговата медицина напредувала со многу следбеници. Едно чудо лекари, математичари, астрономи, географи, историчари се појавиле низ Македонија и низ светот што се школувале во Александрија. Тоа се лекарите Сорен, Арстеј, Руфо, Гален, Диоклио и др.