На прво место

Ислам Абази наместо борец против криминалот, стана заштитник на криминалците

Ислам Абази, како шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, наместо да се бори против организираниот криминал и корупцијата, се претвори во џелат на правдата и заштитник на криминалците блиски до СДС и ДУИ.

Затворањето на постапката за случајот „Мазут“, во кој постојат сериозни сомнежи за криминал тежок 167 милиони евра, претставува скандал од огромни размери и уште еден доказ за политичкото влијание врз правосудниот систем.

Очигледно е дека послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче повторно се активирани со единствена цел – спас на кадрите и криминалците од СДС и ДУИ од одговорност пред законите.

Влијанието на Заев, Филипче и Ахмети во правосудството е длабоко вкоренето, а случајот „Мазут“ е најдобар пример за тоа. Наместо предметот да добие судска разрешница и да се утврди вистината, постапката се затвора без одговори за јавноста.

Особено симптоматично е што истото обвинителство, пред само една година, бараше притвор за четири лица осомничени во случајот, со образложение дека постои опасност од бегство и влијание врз сведоци. Денес, истите тие обвинители, под раководство на Ислам Абази, тврдат дека немало доволно основи за продолжување на постапката.

Јавноста беше сведок на сериозни индиции за финансиски криминал, перење пари и сомнежи за еколошка штета. Дополнително, и ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци, што само ја потврдува сериозноста на случајот.

Ваквата контрадикторност не може да се оправда со правни аргументи. Единственото логично објаснување е политички и лукративен интерес.

Затоа, го повикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители да одговори зошто Советот молчи кога е очигледно дека постои влијание врз постапувањето на обвинителството во случајот „Мазут“.

Исто така, обвинителката Катерина Коларевиќ треба да објасни како утврдила дека нема штета во предмет тежок 167 милиони евра, кога јавноста виде и слушна за сериозни сомнежи за финансиска и еколошка штета.

На крај, Ислам Абази, кадар поставен во време на СДС и ДУИ, треба да одговори до кога ќе биде во служба на политички структури и наместо спроведувач на правдата, ќе дејствува како нејзин џелат.

Македонското правосудство мора да се ослободи од личности кои ја рушат довербата во институциите. На нивно место мора да дојдат професионалци со интегритет, морален кредибилитет и капацитет, за кои правдата ќе биде единствен приоритет.

Ислам Абази треба да поднесе оставка, со цел да престанат контроверзните одлуки кои ги спасуваат криминалците од СДС и ДУИ и конечно да започне враќањето на довербата на граѓаните во судството.

Најново од: На прво место

Злосторства на грчките реакционери врз македонското население во Егејска Македонија

„Борба“ во 1945 година: Југословенскиот печат известува за злосторства врз Македонците во Егејска Македонија Весникот „Борба“, официјален орган на Комунистичката партија на Југославија, на 2 јули 1945 година објавува напис за насилствата што биле извршени врз македонското население во Егејска Македонија. На насловната страница на белградскиот дневен весник „Борба“, број 159 од 2 јули 1945 […]

Од Бугарите во Уставот и Македонија нема реформи до гласот на дијаспората

Со месеци тврдеа дека Македонија нема реформи и дека уставните измени се единственото решение, а по позитивните оценки од Европската Унија фокусот го префрлија на гласањето на дијаспората Во изминатите месеци претседателот на СДС, Венко Филипче, и раководството на партијата речиси секојдневно ја сведуваа политичката дебата на две теми – внесувањето на Бугарите во Уставот […]

Ауди А6 на Мерко продадено за 22.000 евра – купувач е компанија од битолско

Луксузното службено возило, кое пред седум години беше набавено за околу 67.000 евра, е продадено на јавна аукција, а средствата ќе бидат искористени за намалување на долговите на Општина Струга. Службеното возило „Ауди А6“, кое со години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна електронска аукција за 1.350.000 денари, односно […]

Филипче и СДС ја свртеа плочата: од „нема реформи“ до напад врз дијаспората

Од Брисел пристигна директен демант на тезите на СДС – Македонија е меѓу земјите со најголем реформски напредок во Западен Балкан СДС повторно покажува дека, кога нема политичка визија, посегнува по блокади и менување на темата. Откако со години ја туркаа темата за внесување на Бугарите во Уставот без јасни и цврсти гаранции за Македонија, […]

Ако Македонија не спроведува реформи, зошто ЕУ ја наградува?

Како сега СДС ќе го објасни овој факт – ако нема реформи, зошто Македонија добива дополнителна поддршка од Европската Унија? Со години СДС ја повторува истата политичка теза — дека Македонија не спроведува реформи, дека Владата ја оддалечува државата од Европската Унија и дека земјата не ги исполнува европските обврски. Но сега доаѓа факт што […]

Парите од дијаспората им се добри, ама гласот им пречи

Кому му пречи Македонците од странство да одлучуваат за иднината на Македонија? Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на Сител отвори едно многу важно прашање: кому, всушност, му пречи македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин? Мицкоски јавно повика да се најде модел со кој Македонците во странство полесно […]

Ацо Крстески: Добредојдовте на третото издание на „Гласот на вечноста“ во Охрид

Настанот на Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид, со цел афирмација на македонската вистина, наследство и иднина. Со особена чест и радост ја споделувам најавата за третото издание на „Гласот на вечноста“, кое ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид. Охрид не е случајно […]

Наместо да се соочи со сопствената политичка криза, СДС повторно посегна по навреди, етикети и теории на заговор

На СДС очигледно му смета сè што не може да го контролира. Му смета власта кога не е негова, му смета дијаспората кога бара право на глас, му смета јавната дебата кога не е под партиска команда, а сега му смета и секој обид за разговор за обединување и преобликување на опозицискиот простор. Наместо да […]

To top