Култура и туризам

Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти

MapMacedonians

MapMacedonians

Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блокови источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сe` до Егејското Море (или Бело Море).

Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, употребата на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборовите и променлива позиција на акцентот.

Дијалектите се зборуваат на сета територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија.

Дијалектите на македонскиот јазик се карактеризираат по местоположбата на регионот во кој се зборуваат. Македонската јазична територија го опфаќа централниот дел на Балканскиот Полуостров, и тоа сливот на реките Вардар и Струма и долниот тек на реката Места.

На запад, македонската јазична територија граничи со албанскиот јазик.

Поголемиот дел од таа јазична граница се совпаѓа со државната граница меѓу Македонија и Албанија, а на географски план неа ја претставуваат планинскиот венец Кораб – Дешат – Јабланица, откаде се спушта на југозападниот дел наОхридското Езеро. По должината на оваа граница, на албанска страна остануваат триесетина населени места со македонско население, во долината на реката Дрим, западно од Дебар, и во областа позната како Голо Брдо и три села на брегот на Охридското Езеро околу градот Подградец. Од јужниот брег на езерото, јазичната граница завртува на југоисток и преку планината Галичица излегува на југозападниот брег на Преспанското Езеро, а оттаму продолжува на југ и преку планината Мокра Гора излегува на Грамос, југозападно од Костур. На овој дел од границата, на албанска страна, остануваат десетина села на западниот брег на Преспанското Езеро и три села источно од Корча, Република Албанија.

На македонско – албанското јазично пограничје, на потесен ареал живее мешано македонско и албанско население. Оваа област ја опфаќа територијата на правецот Скопје – Тетово – Гостивар – Дебар – Струга – Подградец – Корча. Во овој дел населението главно е двојазично.

На југ, македонскиот јазик граничи со грчкиот јазик, на сиот простор од планината Грамос па сe` до реката Места во Тракија. Според Божидар Видоески и повеќе други лингвисти, јазичната граница навлегува многу подлабоко на југ од денешната државна граница меѓу Македонија и Грција. Така, македонскиот јазик може да се слушне сe` до линијата Грамос – Бер – Солун. Од Солун таа продолжува на исток и преку областа Богданско (каде се наоѓаат многу познатите, во дијалектологијата села Сухои Висока) излегува на реката Места, малку посевероисточно од градот Драма.

Во ареалот на македонско – грчката јазична граница, на поширок простор во Егејска Македонија, живее мешано македонско и грчко население. Во северозападниот дел од Грција, покрај македонско, живее и грчко, албанско и ароманско население. Тука населението во голем процент е трилингвално.

На исток, македонскиот јазик граничи со бугарскиот јазик. Според македонските лингвисти, оваа граница ја претставува планинскиот венец Доспат – Рила. Од Рила границата свртува на северозапад, малку посеверно од Благоевград (Горна Џумаја) и излегува на државната граница меѓу Македонија и Бугарија. Официјалната позиција на Бугарија е дека во рамките на нејзината територија не се зборува македонски јазик, а на бугарските лингвисти дека во суштина, македонскиот е самиот по себе, дијалект на бугарскиот јазик. Според повеќе меѓународни извори, македонскиот јазик се зборува во Бугарија, но не се даваат конкретни податоци за бројот на зборувачите, ниту пак за нивната припадност кон определен дијалект на македонскиот јазик.

Македонското население во Пиринска Македонија, која е во составот на Бугарија, покрај службениот бугарски јазик го употребува и својот мајчин (роден) македонски дијалект. Во источните делови на Пиринска Македонија и во делови од Егејска Македонија до Солун јатовиот глас се изговара како во Источна Бугарија – дјадо (дядо), нјама (няма), млјако (мляко) наместо дедо, нема, млеко итн.

На север, македонската јазична граница се совпаѓа со државната граница меѓу Македонија и Србија.

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top