Фељтон

Хирургот од Скупи

hirurski-instrumenti

АнгелинаМаркус

Скупи не е римски збор, ниту римски град. Зборот скупи значи збир, на куп собрани куќи, со куп или на куп, на едно место, живеалишта. Староста на градот се протега до неолитот (меѓу 6.500 до 8.000 години), што значи постоење живот на исто место до денес.

Во пописот што го направил Хиераклис пред земјотресот од 518 година, градот уште се именувал Скупи. Потоа при владеењето на скопската династија Јустин – Јустинијан градот се нарекува според името на императорот и се вика Јустинијана.

На крајот на шестиот век градот го враќа старото име Скупи а се именува и како Скопие. Блаже Конески го толкуваше името на градот како поглед од стражарско место, гледање преку копје од околните тврдини. Археолошките ископини зборуваат многу подобро за историјата на градот преку архефактите грижливо подредени во музеите. Се потврдува нашиот идентитет и континуитет како и на сите простори во Македонија.

Во Градскиот музеј во витрини се изложени хируршки инструменти на хирургот од Скупи кои потврдуваат дека медицината била на високо ниво. Тие се најдени во неговиот гроб и се исти како инструментите што се ископани во Асклепијадите во други македонски древни градови.

Луѓето што живееле во собрани на таков куп куќи и населби се забавувале во театри, војувале и се лекувале со успех од македонската медицина, која исто така користела и лековити билки. Познато е дека Александар Македонски не само што користел здравец, туку, како што соопштува Плутарх, тој ги подучувал своите другари како да се употребува здравецот за лек.

Хирургот од Скопје вршел операции сложени и за денешната медицина, за кое постојат сериозни индиции. Се претпоставува дека во Скупи постоела медицинска школа каде што хирургот го стекнал своето образование, а можеби и обучувал други лекари. Во таков значаен град е вообичаено да има и лицеум. Останува археолозите да го потврдат или негираат тоа. Битно е врз основа на гробните наоди да се изврши датирање на слоевите на Скупи со современи методи (Ц-13, Ц-18))

Во гробот на хирургот од Скупи се најдени бројни наоди. Веднаш до неговиот гроб се наоѓа и гроб на младо девојче без една нога која веројатно му била ампутирана. И во гробот на девојчето се откриени артефакти кои укажуваат на нејзино благородничко потекло.

Лекарот – хирург, според наодите во неговиот гроб, се служел со: железен скалпел, медицински прибор од бронзено садче, капсула, медицинско огледало, потоа чаша, бронзен сад, црпалка, две паници со лажици направени од коска, кантар, други инструменти, стаклено шише, прибор за козметика, коскено кутивче, огледало со рачка, рачка од бокал со лик на него, питера, метална ампула, алабастрон, камена палета, коскена статла и др. Најдени се и монети од 69 до 235 година. Обликот и имињата на наодите се во функција и на денешната медицина, па би било провокативно идните медицинари да се едуцираат и во музејот, да видат во живо што користеле нашите предци пред два милениума.

Во гробот на девојчето постојат докази за медицински третман врз него. Не се знае дали лекарот и пациентот се во роднински врски, но тоа може да се утврди со нивни ДНК. Наодите упатуваа на роднинство, бидејќи и двајцата се од благородничко потекло.

Во гробот на девојчето се најдени: бокал, чаша, шише, медицински боци во разни форми и бои, амфора, друга од алабастрон, шишенца. Има и златни листови и плакети со глава на медуза, како и обетки. Сето тоа потсетува на наодите од Требеништа кај Охрид (6. – 5. в. пр. н. е.) што упатува на една поранешна македонска традиција.

Сите наведени наоди можат да се видат во витрините на Музејот на град Скопје во старата железничка станица. На археолошкото наоѓалиште Скупи, меѓу Злокуќани и Зајчев Рид, се вршат натамошни истражувања кои споро напредуваат поради финансиски проблеми. Можеби тука ќе се откопа некој лицеум или медицинска школа во близина на античкиот театар. Такви откритија има во речиси сите поголеми македонски градови. Градивото на медицината е откриено и е потребно поинтензивно и посистематски тематски да се доистражува. Со тоа ќе се афирмираат корените на медицината. Не случајно Асклепиевата заклетва и фармацевтскиот знак се појавиле во Македонија. Скупи е само еден пример на продолжената високоразвиена медицина.

hirurski-instrumenti
Дел од инструментите на хирургот од Скупи

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top