Фељтон

Македонија во неолитот

neolit

Ангелина Маркус

Неолитот низ Македонија, жив пример, раскажува за неолитската куќа, изложена во музејот во Прилеп, со сите предмети употребувани пред 6-7 милениуми. Наодите во Говрлево, тумбите низ Пелагонија, темелите на откопуваните антички градови изобилуваат со стари предмети. Тоа се: обликување на кременот, грнчарија, печати со писмо, Големата Мајка, Адамот, градбите, проучувани од Васил Иљов, Вангел Божиновски, Милош Билбија, Мери Аницин, Радивоје Пешиќ. Археолошката карта на Македонија, со неколку илјади локации, ни кажува како нашите претци од дамнина живееле и мислеле низ долгото чекорење и создавање на тоа што и денеска го имаме. Имаме што да кажеме и што да покажеме.

Радивоје Пешиќ, во истражувањата за Винча, се изјасни и за Говрлево со наоди постари од 6.000 години. Тоа се Големата Мајка, керамика, писмо, два печата со писмо постаро од Сумерското, Винчанското, Етрурското. Во Македонија е клучот на светската култура. Тоа ја помести географијата на светот движејќи ја кон исток. Порано не се размислуваше за значење на македонскиот Неолит, немаше мерила, споредби, сите ги имаме како култура од Винча, преку Говрлево до Халкидик и Крит. Тој центар Александар го поместуваше кон Вавилон и Александрија за да се добие исто таков центар од Македонија до Гибралтар и од Македонија до Индија.

neolitПринципот на градење на македонската неолитска куќа е пример на Македонската империја како една држава, со еден цар, еден Бог, една религија за цел свет. Тоа е обединувачката идеја која ја спроведуваат Македонците. Големата мајка го претставува матријархатот. Претставува куќа. Божество. Жена. Родилка. Свет во мало духовно енергетско творештво, свртено на исток кон сонцето за да ги следи и користи позитивните космички сили. Покрив со сонце. Големата Мајка ја чува куќата крај огништето. Рацете и се широко потпрени на колковите. Четворна жена. Ја контролира статиката на куќата и организамот. Здравје. Среќа. Сигурност. Гледа и слуша. Ништо не зборува, нема уста. Дотерана, натаврена, накитена, фризирана како секоја жена Македонка, ни раскажува за духовното живеење. Големата Мајка од Говрлево симболизира плодност. Таа е трудна. Пролетна. Задоволниот израз на лицето нè потсетува на раѓањето. Секое раѓање е божествено. Крикот не е плач. Тоа е молитва, живот и радост.

Во грнчаријата, орудијата, оружјето, цртежите неолитот од Македонија ни го претставува чудесниот свет на народот обдарен за творештво и преживување, го слави сонцето за да одреди координати на поволни места за живеење и градење. Тој народ ги познава законите на светот како единство на боговите, царевите, хероите, обичаите, народот. Врската со небото и земјата обезбедува храна, здравје, мир.

Епот за Гилгамеш, пишуван на глинените плочки, бара бесмртност за човекот. Неолитот во Македонија покажал бесмртност со симнување на боговите меѓу луѓето. Хомер продолжил да ја опишува врската на царевите и хероите со судбината на боговите и народите. На Ахил и Одисеј им помагаат Зевс, Аполон, Атина, Херакле, музите, легендите. Тој премин од луѓе во херои, во божества и богови од македонскиот Олимп е општо познат по светот како расчистување на патот на Македонското царство. Затоа и Големата Мајка од Македонија претставува синоним за Кибела, Артемида (читај наопаку Деметра) Тиха, Хера, Афродита и многу други богинки.

Тие отекогаш ја штителе Македонија со сето богатство и убавина. Македонија со контраст на полиња, долини, реки, езера и ридови, планини, шуми обрабена со мориња ни дава тип на домородно население сврзано со земјоделие, плодородно, металоковање, клепање на орудија за работа и одбрана.

Добрата исхрана на Македонците им овомзожиле совладување на големи климатски разлики, економска основа за држава и услови за спокојно научно и уметничко творештво. Вознемирувањата ги прават доселеници, град државички, лесно подвижни „динамични” демократи, кои што наместо да произведуваат, се занимавале со разбојништва и доселување на туѓи земји за тргување со тоа што е ограбено, присвоено. Античката историја е преполна со судири на два типа народи: староседелци производители и доселеници разграбувачи.

Славењето на плодородието, житото, виното, разни прослави на богови и царот како духовен водач на народот, создаваат традиција за славање празници и мистерии во Македонија како во Лемно, Дион, Самотраки, Теба, Делфи, Хераклеа. Начинот на живеење на Македонците ја создава царската династија, државата, митологијата, народните обичаи и верувањата. Освојувачките народи ги освојувале и ги присвојувале и духовните вредности од Македонија. Затоа до денес им е ист фолклорот, јазикот и верувањата. Тоа не е асимилација. Тоа сурогатот се оддалечува од своето потекло.

Вистинското, изворното се наоѓа во длабоките корени на староседелскиот народ во Македонија. Тоа јасно ни го потврдува касмогонијата и антропологијата. Јасно е како ритуалите, мистериите, митологијта навлегле во сферата на луѓето во Македонија околу Беломорието и од таму во целиот европски свет. По хоризонтите на разни изохипси се рашириле олимписките богови и си ја извршиле својата работа за потребите на Македонците. Македонците пак во својата митологија, како во своите единствени мозаици, камен по камен додаваат, градејќи ги своите прекрасни ликови и мотиви. Да се разбере македонската митологија значи да се откријат сите тајни пораки оставени со милениуми. Славењето на боговите со игри и песни ни дава одговор на непознатото во врска со животот, здравјето и смртта. Затоа секој бог има посебна улога. Народ како македонскиот ја видел поврзаноста на храната како божествен дар, како одраз и израз на целокупното живеење.

Така, како што живеел така градел, се борел, верувал и се одржувал во склад со своите способности. Многу интересно поврзување постои на боговите и лечењето. Македонскиот човек изложен на опасно живеење, војување, ловење имал потреба од заздравување и лечење. Кога градел куќа ја имал Големата Мајка како заштитничка. Кога градел градови, тука била Тиха со рогот на изобилие. Кога ловел го придружувала Артемида. Кога се веселел тоа го правел со Дионис. Кога пеел и свирел го придружувал Орфеј. Кога играл на оро се фаќал со Музите. Кога се борел му помагал Херакло со херојствата. Кога се лечел, Асклепио помагал со цела лекарска фамилија.

Зевс, Аполон, Илион (Сонце) Арес и уште многу богови за секоја прилика имале Македонците. Па, како да не биде свет народ кога тргнал во придружба на сите богови да го просветува светот. Македонскиот свет народ, од Библијата.

Од него сите учеле и ги преземале неговите богови. Паралелни светови, паралелни богови и многу слични со македонските светски настани.

Боговите, медицината и македонскиот народ.

Во македонската историја и митологија често наидуваме на вклучување на цели фамилии и роднини во одредени професии. Тоа се близнаци, браќа, тајфи и кај боговите и кај луѓето. Заедничко им е писмото, лечењето, сончевата енергија, духовноста, творештвото.

Фамилијата е основа на сè во Македонија.

Фамилија на богови, цареви, лекари, филозофи, тајфи… Фамилите на Богородица и Големата Мајка како и големи фамилии на Македонци од народот, заедно застапувале ред и знаеле како да се сочува здравјето на сите со помош на медицината.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top