Фељтон

Фамилии и тајфи од Македонија (1 дел)

kiril-i-metodij

Ангелина Маркус

Први такви божествени близнаци се Аполон и Артемида. Блиски со природата, сонцето и луѓето, тие помагале, лечеле, подучувале. Со иста намена се и близнаците Диоскури, Плејади Кастор и Полидевк. Близнаци се и нивните сестри Елена и Клитемнестра. Има уште многу браќа, роднини, лекари, учители со заедничка тимска работа и кај боговите и кај народот. Такви се Петре и Павле, Дамјан и Кузман, Кирил и Методиј, Климент и Наум, браќата Миладиновци и цели фамилии во тајфи што подучувале и лечеле. Фамилии наАсклепио, Хипократ, Аристотел, филозофските школи, апостолите, резбарите, иконописците, сите славни луѓе од Македонија, познати во светот, од праисторијата до денеска. Сите тие во еден долг континуитет придонесувале и за Македонците и за сите луѓе во светот. Сите споменати лица ги паметиме со писмо во рака и благост на лицата заради помош во заздравување и лекување, пророштво и исцелување. И не е тоа само медицинска просветна тајфа. Имало и има градителска тајфа, на резбари, скулптура, препишувачка тајфа на евангелија и тајфи на сите занаети на македонските луѓе. Тие своите знаења ги пренесувале од колено на колено на своите поколенија, заедно со тајноста и генетската надареност да се создаваат трајни вредности.

kiril-i-metodij
Св. Кирил и Методиј

petar-i-pavle
Св. Петар и Павле

Накратко и поединечно ако ги претставиме спомнатите имиња ќе ја потврдиме нивната важност. Така Артемида со лакот и стрелата, еленот до неа, ги изразува потребите за лов и раѓање, плодородие и талкање низ шумите. Македонците во сите светилишта í подигале статуи и нејзе и на брат ѝ близнак Аполон, родени од Лета и Зевс. Ги поврзуваат боговите и народот за да им помагаат и подучуваат. Родени на островот Дел осветиле сеж околу себе. Аполон имал стрели со кои
сеел болести и смрт за непријателите, а лекувал, советувал и претскажувал судбини и настани за народот, хероите и царевите. Свирел на гитара направена од желка и рогови на јарец. Сите свои квалитети ги пренел на бројното потомство родени со музи и обични жени од народот. Тоа се Орфеј, Асклепио, Лин, Аристеј. Сите ја наследиле убавината, украсувањето, музиката, лечењето, светилиштата, каде што се пееле оди на свечените прослави. Аполон го чувал добриот творечки дух на народот насекаде низ Македонија и приврзаноста кон болните и животните. Посветени му биле шумите, небото и морињата. Негови симболи биле ловорот, орелот, лебедот, чавката, делфинот покрај лирата и стрелата, исто како и кај луѓето. Меѓу сите тие божества постои и фамилијарна поврзаност, исто како и кај луѓето. Затоа, треба да се запрашаме кој на кого влијаел; Боговите на Македонците или обратно. Во сите земни проблеми вмешани се богови и божества. Најинтересно е тоа што и боговите покажувале човечки карактери. На навреда реагираат со одмазда. Кога Ниоба се пофалила дека родила 12 деца, а Лета само две, тогаш Аполон и Артемида ги погодиле со смртоносни стрели сите 12 Ниобини синови и ќерки. Не ни е дадено да им судиме на боговите, туку да ги прифатиме нивните активности за среќа и здравје во обожавање на луѓето.

Тоа можеме да го следиме и кај богови уште поблиски до луѓето. Така Орфеј ги научил луѓето да свират на лира и кавал до танц на бахатските прослави. Музите играле под екстаза на звуците на лирата по полињата во Пиерија, под Олимп, во Македонија, родното место и на музите и боговите. Така се формирал македонскиот талент за песни и игра. На Орфеј му било дадено пророштво, како и на Аполон и Питија, преку кое се врши душевно смирување, лечење, како шаматизам. Сите богови го крепеле духот на Македонците. Таков е и Дионис, бог на прославите, театрите, виното и лозата, како лоза на богови, лоза на цареви, лоза на народи.

orfej
Орфеј

dionis
Дионис

Синот на Семела и Зевс ги собрал околу себе музите, менадите, Силен, хорот, маскираните играчи и народот во долга поворка низ целата земја да ја разбудат природата на пролет и да го соберат родот на есен. Безброј статуи, мозаици, фрески, садови за вино со гроздови и винови лисја ги украсувале македонските градби. Пиеле и царевите и народот и Дионосиските поворки во ритуалното производство на виното. Виното што Македонците го прошириле во светот како причест. Празници за богови, светци и Македонци со библиски имиња има во сите денови, во сите години, на сите места низ Македонија и вечноста.

Херакле, предок на Македонците – Хераклиди бил поврзан со родот, лозата на Македонската династија одликувана со херојствата на бестрашниот бог, цар, херој. Уште од дете почнал да ги извршува 12 херојски дела. Наметнат
со кожата на Немејскиот лав, каква што е и фризурата на Александар со лавја грива на монетите од Македонија се ширела по светот македонската легенда за наследената божествена бестрашност. Херакле ја покажувал и својата сила и својот ум како единствено оружје. Лакот и стрелата, стапот тирс и одраната кожа на лавот му се неразделни помагала кога го спасил Прометеј, ја убил хидрата, ги задавил двете змии, ги свртил реките да ги исчисти шталите и уште многу настани со неговите постојани патувања и правење добри херојски дела. Полубог, херој со ненадмината сила животот го поминал меѓу луѓето, меѓу Македонците, за да се пресели на небото меѓу боговите.

Натчовечките дела хероите од втората генерација, (со бракови од земни луѓе), се боготворат. Тоа не е случај само со Херакло, Дионис, Аполон туку и со Ахил, Одисеј, Александар и многу луѓе како и Исус Христос. Ангелите и Мачениците си нашле место меѓу боговите и народот, како такви ги славиме.

Браќата близнаци ѕвезди Плејади Кастор и Полидевк низ Македонија биле многу славени. Нивниот култ како коњаници често се сретнува и во светилишта и надгробни стели. Тоа се браќата на Елена која од ѕидините на Троја не можела
да ги согледа во војските. Тие веќе го предводеле небескиот одред на божества, херои и цареви подеднакво славни и заслужни за своите дела извршени меѓу луѓето. Плејадите, заедно со синови на богови како Орфеј, Херакло, Пелеј, Теламон, пророкот Мопс, сите храбри луѓе, богови и царски другари на Јасон, како Аргонаути, ги обиколиле морињата по потрага на златното рудо до Колхида. Уште тогаш се правеле проби за запознавање на подалечните земји околу Беломорието со сродни народи. Таа, легенда лесно му успеала на Александар. Лаѓата, изградена од светото дрво даб од Додона, ги издржала сите препреки од природата и од луѓето, како замки, кога злото демне и од земјата и од водата, од воздухот и од огнот. Мудрите луѓе кога се заедно со боговите ги совладуваат сите пречки во патувањата.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top