Коментари

Со музичка латиница не се чува македонскиот идентитет


Свекрва

И покрај тоа што Македонија речиси четврт век има изградено државна самостојност и суверени институции, исто толку време не може да се ослободи од напливот на регионалните музики кои го загрозуваат македонскиот национален фолклор и музички традиции.

Старата поговорка „Не доаѓај во Македонија, оти и ќе те натпеат и ќе те надиграат“ одамна е само флоскула со која сакаме да се гордееме и крепиме достоинството.

Но, дали во реалноста е тоа така ?

Очигледно дека многумина и не` надиграа и не` натпеаа, во екот на нашата немоќ да ставиме брана на туѓите музички влијанија кои вршат ерозија на македонскиот музички бит. Српската песна се` повеќе навлегува во Македонија, се слуша речиси насекаде, во кафулиња, ресторани, на свадби, а радио и тв медиумите ставаат печат на тој тренд. Нема ден да не помине без шумадискиот рокенрол на Лепа Брена, нарко-алкохолните стихови на Аца Лукас или меланхоличните рефрени на Арканица. Никој нема ништо против музиката, српска или било каква друга, но сетоа тоа да биде во рамките на границите кои нема да го загрозуваат македонскиот музички идентитет.

Додека Грција го оспорува името и идентитетот на македонскиот народ, во Македонија за време на прославите на најсветлиот македонски празник се пеат немакедонски песни. Концертот на Светлана Ражнатовиќ Цеца, одржан на 1 август во Охрид, го следеле околу 15.000 посетители. Масовното присуство на млади луѓе, кои ноќта спроти големиот македонски национален празник Илинден, во еден глас пееле хитови на Цеца, говори за непочитување на сопствената традиција и култура. Нека простат посетителите, но тоа да се случува во деновите на чествувањето на најсветлиот македонски празник Илинден, некако не бидува. Познато е дека чувството на идентитет се формира во детството, а особено во текот на адолесценцијата кога настанува криза на идентитетот. Тоа е период кога се поставуваат клучните прашања кој сум, од каде сум, кон што тежнеам? Во процесот на формирање на идентитетот, во овој период големо влијание имаат луѓето од блиската околина, како и системот на социјалните вредности на заедницата во кои живее поединецот. Се вели дека чувството на личниот идентитет се базира врз основа на забележувањето на истоветноста и непрекинатоста на постоењето во времето и просторот, како и забележувањето дека и другите луѓе го признаваат тоа. Поединецот кој го стекнал чувството на сопствен идентитет, тоа го доживува како континуитет помеѓу она што бил некогаш, што е денес, како и тоа што замислува да биде утре.

Ако сето ова е познато, тогаш каква позитивна улога може да имаат концертите на Аца Лукас, Цеца и други регионални изведувачи во пресрет на големи македонски празници, какви вредности тие можат да пренесат врз младите Македонци кои сега го градат идентитетот, млади лица кои треба да бидат континуитет помеѓу она што било некогаш и иднината на македонскиот народ.

Точно е дека процесот на глобализација, кога светот станува „глобално село“, се прифаќаат идентични културни, односно музички производи и услуги, често неспоиви со локалните традиции. Во овој процес на глобализацијата на културата, која го следи движењето на капиталот и стоката, важен момент е количеството на размената на музичките производи. Сепак, со сиот респект кон српската музика, ширењето на нивниот производ, српскиот турбофолк кон македонскиот консумент, освен потрошувачки, не носи никакви културни вредности.

Уште во деведесетите години на минатиот век, визуелно добро запакуван, во Србија и на Балканот беше промовиран турбо-фолкот како исклучиво комерцијален производ. Но, наскоро тој беше политиризиран по што владеачките структури во Србија го користат за смирување на незадоволниот народ. Преку ѕвездите на турбо-фолкот се испраќаше порака кон младите како треба да изгледаат, како да се облекуваат, што да возат, кого и кои професии треба да ги вреднуваат, односно се влијаеше на културата на однесување. Пораките кои беа пренесувани преку овој жанр музика беа во согласност со потрошувачкото општество кое земаше се` поголем замав. Обожавателите на турбофолкот се идентификуваат себеси дека се следбеници на светските модни трендови. Но, токму овој правец со локалната идеологија, го истакна на површина национализмот, криминалот и неморалот. Такви вредности на „Аркановци“ не му се потребни на македонскиот народ. Македонскиот народ долго време издржа пред налетите на турбо-фолкот од соседството, но очигледно и тој не е имун од неговиот наплив. Денес, слушањето српска музика се доживува како сосема нормална работа, за разлика од слушањето бугарска, грчка,… Но, тоа не значи дека присуството на српските турбофолк ѕвезди со својата субкултура ќе успее да ја спроведе својата национална пропаганда и не значи дека Македонците ќе ги направи поголеми србомани. Сепак, нивното присуство без разлика на македонското знаме кое го носат околу себе, не можат да ја скријат нивната мимикрија и ја потиснуваат македонската култура, го засенуваат Александар Македонски, фалангата, комитите, партизаните, новите Илинденци, а со таква субкултура не се гради и не се брани идентитетот на еден народ.

Ако во минатото се велеше дека Македонците никој неможе да ги надсвири, надигра и надпее, денес Македонците играат во тактот на брзиот ритам на турбо-фолкот. Македонската музичка сцена е во дефанзива, но токму во неа е и клучот за одбрана на македонската музика и идентитет. Имаме квалитетни музичари и изведувачи, само треба да го изберат вистинскиот правец и повеќе да се заложат за зачувување на нашиот нацинален идентитет. Само на тој начин можеме да го победиме шундот кој ни доаѓа од надвор, а кој не е својствен на нашиот јазик и култура.

Затворени во тој магичен круг, на таканаречените музички групи во сопственото бедно егзистирање, не им преостанува ништо друго освен да ги спроведуваат инструкциите кои ги добиваат од центарот. Човек не знае дали да ги жали (оти на крајот од краиштата најголем дел од нив се Македонци), или да застане на страна и да ужива гледајќи го сопствениот потоп кој им го сервираат на поколенијата свои.

Време е македонската влада да почне еден позитивен процес кај младите да ја сакаат и почитуваат македонската музичка традиција и истата да ја надоградуваат врз темелите на македонскиот автентичен фолклор.

Можеби треба да се донесе одлука за воспоставување ред – лиценца кој има право да свири и да пее во кафулиња, дискотеки, концерти, свадби, домашни веселби, па со тоа да им се стави крај на таканаречените музички групи кои го трујат духот на Македонецот со лоша музика.

Време е да се спречи оваа штетна навика за доброто на Македонија, додека не биде предоцна.

Слушнете ја песнава од Мишко Талески, добра е за трезнење.

https://www.youtube.com/watch?v=5ah2-l-ObwY

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top