Фељтон

Фамилии и тајфи од Македонија (2 дел)

Ангелина Маркус

Браќата Диоскури посебно се истакнале на бродот Арг со совети од сите занаети. Тие не само што им помагале на луѓето, имале исцелителна моќ и мудрост, да им ја враќаат на луѓето убавината и младоста. Затоа учествуваат во сите борби и свечености, за да бидат поблиски до луѓето. Интересно е што Диоскури има и во Индиската митологија. Тоа се Ашвини, пријатели со Сурја (сонце) и Агни (оган) божество на огнот. Заедно се возат по небото. Нашиот Зевс сам ги фрла молњите. Многу божества од индиската митологија се совпаѓаат со македонското
толкување за создавањето на земјата до славењето на боговите. Македонија клони кон реалноста, науките, филозофијата, уметноста и медицината брзо покажале практичност и брзо се ослободиле од митолошките примеси. Во спомен на преодниот период сèуште се задржале некои имиња и толкувања. Тоа е божественоста на македонскиот народ, ги чува во сеќавање легендите за боговите и царевите.Асклепио, синот на Аполон и Коронида, познат како лекар и бог на медицината, познат е по тоа што низ легендарното потекло ги создал сите принципи во лекувањето. Негов тим или тајфа е целата негова фамилија, двата сина Подајлерон и Махаон познати се како лекари од Илијада и Одисеја. Тие го лечеле и Херакло пред Троја, ќерката Хигија секогаш го придружувала Асклепио со змија во рацете. Убава, здрава, со подигната рака на смирување и готова да даде лек. Панакеја позната по тоа што лечи сè, исто така е придружник на таткото. Акесо е лек, а Лако го изразува самото лечење. Легендата зборува дека Коронида била неверна и со неродениот син на Аполон се подготвувала да се омажи за друг. Кога чавката му го кажала тоа на Аполон била претворена во црна и како таква го придружува Аполона. Аполон го грабнал својот син Асклепио и го одвел кај Кентаурот Хиерон кој го воспитувал како и Дионис и Ахил и Јасон и многу други луѓе И полубогови. Хиерон го научил да лечи со тревки.  

Семејството на АсклепиоАсклепио и од своите претци носел медицински гени. Светел со аура посилна од татко му Аполон. Кога се расчуло за неговите способности, дека лечи од болест и рани, доаѓале луѓе од секаде. Набрзо почнал и мртвите да ги оживува. Зевс се исплашил И луѓето да не станат безсмртни, го усмртил Асклепио со молња. Гилгамеш ги молел боговите за бесмртност, без успех. Меѓу ѕвездите и хороскопот од Македонија има сместено бесмртни и по име и по знаци. Асклепие е сместен во соѕвездието змија, во знак на змијата обвиткана околу стапот. Во сите светилишта ги чувал питомите змии, како куќни змии, што го помагаат лечењето. Во ИВ пред Христа во сите македонски градови откопани се асклепијади (болници) статуи и стели со Асклепио и неговите деца посветени на медицината. Од Епидаур до Дион, Стоби, Стибера, Хераклеја, Лихнида, Филипи,

Св. Врач (Сандански) Пергам до Александрија, до кај што живееле Македонците, насекаде постоеле светилишта богато украсени со статуи на богот на медицината. Во тие светилишта, што ги подигале македонските цареви, со илјадници години се собираат луѓе, преспиваат, сонуваат и ги бележат претскажувањата барајќи лек, здравје и среќа.Кога Филип ИИ во 344/3 година се спушти преку Термопилите и Коринт во Пелопонез го изгради Епидаур како стратешко место од каде што македонската флота побрзо ќе стигне до Персија, отколку по копно од северната страна, како што направи Александар.

Филиповите градби во Епидаур го носат печатот на сета моќ на македонски градби со раскош и функција.

Театарот, палатите, стадионот, патиштата, болницата, сето тоа, Атина го чува како македонски култ. Медицинскиот комплекс како музеј денес во Епидаур раскажува за сè она што им било познато на древните народи од медицинските постигања. Рецепти, инструменти, садови за лекови, мевлеми и напивки, сето тоа и тогаш, а и сега е исто. Ножици, пинцети, игли, скалпери заедно со хигиената одржувана според Асклепиевите принципи присутни се насекаде.Змијата што ги чувала светите извори за ритуално прочистување не потекнува само од Асклепие. Ја гледаме во рацете на сите богови и во косите на менадите. Моќен симбол е изразен преку накитот и сите предмети од Требенишките царски гробови. Лекот како и змијата и лечи и убива. Змијата со застрашувачка енергија. Змијата се р’вела со Зевс, со Кадмо, со Аполон, со Херакло, конечно да го заземе трајното место на симбол во фармацијата. Сите аптеки во светот го користат симболот на змијата обвиткана на стапот на Асклепие. Тој медицински фармацевтски симбол има свое потекло, своја долга историја во настанување од митологија до единствената држава на Македонците. Асклепие ја пренесе дарбата од богови на луѓето, на Македонците, каде што владееле боговите, божествата и царевите и заедно со луѓето ги правеле лековите и ги лечеле болните, ранетите, несреќните. Во Епидариум е сочуван рецептот од македонскиот ИВ век.„Еден човек онемел. Со денови лежел во Асклепијадата. Лекарите го успале со опиум. Кога се разбудил му покажале една коска од слива и му објасниле дека тоа била причина за губење на говорот. Сугестијата помогнала и човекот ослободен од психолошкиот грч продолжил да зборува како ништо да не било“. Рамнотежа на духот, на природата и исхраната го одржувале македонскиот народ, светиот библиски народ.Од Македонија во Рим се преселиле многу богови под друго име. Асклепио го славеле како Есхулап. На островот во Тибар била изградена Асклепијада на чие место до ден денес има болница и се разбира се шири знакот со змијата на стапот на Асклепио. Тоа е истиот оној остров на Тибар со палатата изградена за Клеопатра кога го посетила Рим за да го покаже синот Хераклид. Цезар не ги разбираше македонските работи.

Римјаните го прифатија македонското пророштво и светата змија на Асклепио, по совет на Сибилските книги, за да го спасат Рим од колера во 293 г. пред Христа. Хигиената беше спас, затоа македонските градови не страдаа од колера. Изгледа медицинската митологија и медицинската наука во Македонија, како да се меѓусебно испреплетени и обусловени. Во суштина, тие се две шини на иста пруга, ни многу далеку ни многу блиску – точно се знае што е на медицината, што на боговите. Со милениуми тие чекорат заедно. Три клучни моменти од животот на секој човек не можат ни без медицината, ни без црквата. Тоа е кога се раѓа човек, кога прави свадба и кога умира. Тогаш е потребно крштевање, па веселба и на крај утеха. Тој пат е неминовен и во зависност од судбината, различно се доживува. Некои митолошки аспекти водат до теологија и вера, а понекогаш до религиски ритуали, како теорија и практика, што зависи од луѓето. Мисловниот развоен процес води до паганство, преку митологија до религија. Тој процес е непроменет до денеска и се практикува во сите стадиуми, кај сите народи. Тоа се движи во паралела со знаење до каде се простира сферата на влијание и надополнување и до каде води човековото суеверие. Изборот е слободен и непречен.Аполон, Артемида, Диоскурите, Херакло, Дионис, Асклепио директно задираат во медицинската проблематика. И без нив и далеку пред нив и пред Големата Мајка, зачудувачки се откритијата за постигнувањата на медицината низ Македонија.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top