Коментари

„Грчките вампири“ сакаат да им ја пијат крвта на Турците, Скопјаните и Албанците!?


Свекрва

Откако Грцитеја исцицаа ЕУ, откако им ги собраа парите, сега не само што сакаат да ја цицаат крвта на Турците, Македонците и Албанците, тие ги сакаат и нивните глави. Притоа забораваат дека со такво однесување еден ден може повторно да им случи Херонеја.

Ново скандалозно видео во кое грчки војници пеат песни исполнети со омраза кон соседите деновиве беше поставено на Јутјуб. Специјалните сили на Армијата на Грција за време на заедничката воена вежба со армијата на Кипар во јули 2014 година, како мотивирачки песни користитат стихови во кои пеат: “Ќе им ја испиеме крвта на Турците, скопјаните и на Албанците…” Ваквите националистички пораки предизвикуваат загриженост и кај самите грчките пратеници кои сметаат дека не се во духот на европските принципи за добрососедство.

На снимката снимена на полигон во Кипар, каде грчките и кипарските воени сили одржуваат заеничка воена вежба, грчките војници пеат нациналистички песни полни со навреди кон Турците, Македонците и Албанците. Скандалозните пораки во кои грчките војници порачуваат дека:“Света Софија ќе биде грчка, ќе ја освоиме Мала Азија, потоа “Кој Турчин ќе го најдеме, глава ќе му скинеме“, како и “Ќе им ја испиеме крвта на Турците, Скопјаните и на Албанците”, предизвикуваат зачуденост кај грките пратеници, но и загриженост кај соседните држави.

Внимание предизвикува фактот што нациналистичките пораки на грчките војници се насочени кон сојузниците Албанија и Турција, кои како и Грција се членки на НАТО. Овие пораки кои ги нарушуваат и заоструваат односите меѓу соседите, не носат стабилност на Балканот и не се во интерес на Јужното крило на НАТО. Исто така, овие пораки на една земја членка на ЕУ не се во рамките на европскиот дух, па оттука зачудува и индолентноста на ЕУ и НАТО, особено ако се знае дека вакви провокативни националистички испади имало и порано.

Јазикот на омразата кон своите соседи се слушаше и пред три години, кога на парадата по повод грчкиот национален празник во Солун, припадниците на воено-поморските сили на Грција извикуваа расистички слогани против Македонците, Албанците и Турците, скандирајќи меѓу другото „Тие се Скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа“.

По официјален протест на македонските власти, Грција ги осуди скандирањата, но никогаш немаше извинувања. Официјално имаше три и пол месечни суспензии за двајца припадници на воено поморските сили, додека другите беа ослободени.

Ниту на парадата некој можеше да извикува такви пароли, ниту на вежбата на Кипар некој можеше да снима без знаење на воени команданти. Очигледно е дека и ова поставување на видеото со нациналистички пораки на грчките војници е потикнато од војните грчки власти со јасно предвидливи пораки до ЕУ и НАТО. Едноставно актуелниот министер за одбрана Димитрис Аврамополос, кој е одговорен за армијата, пред да стане европски комесар, покажа за какви вредности ќе се залага во ЕУ.

Дека голема поддршка во сето ова има и од државата покажува и митингот на Златнозорците, кои на традиционалниот митинг во Лерин порачаа дека за нив новата граница треба да биде со Србија, а Македонците уште еднаш ги нарекоа Циганоскопјани. Златна зора која како неонацистичка грчка партија има свои преставници во Европскиот парламент порачаа дека Македонија е Грција и нема да дозволат никаков компромис за името.

Додека „грчките вампири“ ни порачуваат дека „ќе им ја пијат крвта на Турците, Скопјаните и Албанците, грчките власти воопшто не се грижат дали тоа ќе предизвика дипломатски инцидент речиси со сите соседни земји.

Напротив, тие продолжуваат да им лепат навредливи налепници на возилата на Македонците кои ја поминуваат грчката граница, иако со тоа грубо ја прекршуваат Привремената спогодба.

Иако Грција се однесува насилнички и промовира национализам чиј речник може лесно да ги воспали страстите на Балканот, ЕУ ја толерира Грција. Ако таа ги премолчува настаните кои со години се повторуваат и ја подгреваат омраза меѓу соседите, тогаш се поставува прашањето какви вредности промовира европската заедница.

Насилието и заканаите на грчките војници, кои се својствени на почетокот на 20 век, никому неможат да му донесат добро. Затоа тие не можат и не смеат да се толерираат денес ниту од соседите ниту од меѓународната заедница.

Оттука, Македонија остро протестира за однесувањето на јужниот сосед. Владата презеде низа дипломатски чекори за осуда на сите овие настани во Грција кои не водат кон добрососедски односи и соработка. Во тој контекст Министерството за надворешни работи на Република Македонија го повика грчкиот амбасадорот во земјава Теохарос Лалакос, на кого му врачи нота поради скандирањето на грчките војници со правокативни пароли и говор на омраза. Како што соопштуваат од МНР, „се бара од грчките власти да преземат итни мерки за осуда на ваквите појави и тенденции кои не се во духот на европските вредности и стандарди и да се заложат вакви нецивилизирани акти да не се повторуваат во иднина. Истовремено на грчкиот амбасадор му била врачена и нота во врска со праксата на лепење налепници на македонските возила поврзана со употребата на кодот МК на регистарските таблички“.

Откако Грците ја исцицаа ЕУ, откако им ги собраа парите, сега не само што сакаат да ја цицаат крвта на Турците, Македонците и Албанците, тие ги сакаат и нивните глави. Притоа забораваат дека со такво однесување еден ден може повторно да им се случи Херонеја.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top