Ангелина Маркус
Христијанството во своите канони ги презела ритуалите од македонските свечености. Посветеноста како покрстување. Крштевањето како очистување во светите реки со имиња на богови како Еригон–Позвездување, Аксион–Оснажување. Тетида го искапала Ахил за да добие бесмртност, заборавјаќи на Ахиловата петица, како медицински термин останал во науката. Постот што завршува со причест, нафора и вино, со благослов за добро здравје. Богочовекот Асклепио ги оживуваше мртвите како воскренувањето на Христос.
Бесполното забременување преку сончевиот зрак што го правеше Зевс и` се случи и на Марија. Тоа денеска нашироко се практикува како бесполно забременување. Слепите озарени од светлина се исцелуваат. Ласерот денес успешно го враќа видот. Се родило дете со божји знак. Жиг или тетоважа. Блеснала Богородица Трорачица–трансплантација. Во божјата работа при создавање на светот и човекот има клонирање и моделирање на трите раси– чисти народи. Господ, ангелите, божествата и македонскиот народ се бели, светли, моќни.
Персеј. Отсекување глава на медузата која што повторно се регенерира
Покрај светиот македонски народ се транспортираат и други народи. Медицината денеска може тоа да го докаже. Ако не друго за да се објасни долгиот процес на способни луѓе со потекло од Македонија. Чудата на Христос, работата на апостолите, православното свештенство, светците, испосниците во црквите и манастирите, 2000 години се во служба и заштита
на народот. Медицинската традиција од Асклепијадите во древнина се негувала по манастирите. Кузман и Дамјан, Пантелејмон, лекари исцелители, насекаде низ Македонија ги гледаме на фреските со кутии за лекови и медицински инструменти во рацете исти такви какви што ги гледаме на скулптурите на Асклепиевата лекарска фамилија. Истите инструменти уште служат по медицинските установи. Боговите, храмовите, причеста, лекувањето, сме го пренеле насекаде по светот и тоа во иста форма како што се практикувало во одредени периоди низ Македонија. Пред некоја година се возобнови еден од храмовите во Охрид на Плаошник или Плошник, на полски
тоа значи плоштад. На плоштадот со столбови од времето на IV век пред Христа со базилики, ротонда, театар. Климентовите 3.000 ученици си нашле Лицеум и Асклепијада. Храмови, школи, болница и гробишта. Во времето на Св. Климент и Наум кога масовно се просветува Европа со писмо Кирилско во центарот на Охрид се ископани гробови на Македонци. Луѓе според костурите, високи повеќе од два метра им припаѓале на Македонците што ширеле култура преку Охридскиот универзитет, што ја применувале медицината на највисоко ниво и ја сочувале македонската традиција на погребување. Откопан е непресушен извор и за медицинско и за генетско истражување. Откопано е македонското погребување со златни маски и златен накит среде царскиот македонски град украсен со разни уметнички предмети, градби и мозации. Се откопува Лихнида и како во сите досега откопани древни градови
низ Македонија, кој знае по кој пат, се среќаваме со разновидни медицински помагала и инструменти, садови како доказ за македонската древна медицина.
Тоа за медицинските отстапки низ библиските текстови добро им е познато на сите. Пророштвата, клетвите, казните се подзатскриваат во религиозното пишување препокриено со етички норми. Хомер, во описите за Тројанската војна на показ ги изнесува сите начини на медицинско интервенира ње за спас на болните и ранетите. Колерата се спречува со горење на мртвите и корабите. Раните се премачкуваат со мевлеми од тревки да не „заживеат”. Пред тоа Махаон ги извидува раните, ги преврзува откако ја вади стрелата или копјето, го запира крварењето. И не само лекарите туку и боговите и царевите се извежбани за брзо помагање во војните. Има цртеж на кој Ахил го преврзува Патрокло со вкрстување на завојот на лактот.
Ахил го преврзува Патрокло
Исто онака како што се преврзува и денес. Пред повеќе од три илјади години во Илијада дадени се описи за местење на зглобови, ублажување на болките, лечење на скршеници и многу посложени хируршки зафати. Одејќи во војна
Филоктет на островот Лемно го каснала змија и десет години не зараснала раната и болката. Лично Махаон и Подалејрон го излекувале со серум за да војува во Троја. Да се совлада стравот и стресот од ужасот на војувањето и тоа е грижа и подотвеност на лекарите. И борците биле добро обучени да ги погодат осетливите места на телото. Врвен опис на ракувањето е кога копјето го пробива панцирот и длабоко се зарива во градите. Шишти пена измешана со крв и го сокрива врвот на копјето што мора брзо и прецизно со еден потег да се извади и ранетиот да преживее. Такво ранување преживеал и Александар, предводејќи ја војската на чие чело прв влегувал во судир, како што војувале сите македонски цареви носејќи ги лузните по битките и победите.
Македонскиот народ кој што минал низ толку војни, не само низ описите на Хомер, туку низ сите војни освојувања и преселби, собирал медицинско искуство и го ширел медицинското знаење и лечење меѓу другите народи.
Во преминот од митологијата до христијанството, цели фамилии на богови се устоличени во небесно царство, слично на човечкото, каде што боговите ја имаат улогата и функцијата да управуваат во одредени области на ист начин како што тоа го прават и луѓето на земјата. Нашиот интерес овој пат се сведе на истакнати личности меѓу боговите, светците и луѓето, што се занимаваат со писмото и образованието, како и со медицинското исцелување. Асклепио со змијата како фармацевтски знак, Кузман и Дамјан со медицинските инструменти по фреските во секоја црква низ Македонија. Или Кирил и Методиј, Климент и Наум со писмото в раце. Станува збор за континуирано ширење на науката, медицината и уметноста низ специфична форма што му одговара на македонскиот народ, со доза на потсвесно делување и сугестија да се сфатат чудесијата како остварлива реалност. Реинкарнацијата, клонирањето, трансплантацијата, регенерирањето, трансфузијата, наговестувани со илјадници години, дури сега се остваруваат. Од реброто е создаден човек. Од кожата на Брама создаден е Бригу-клон. Главата на Горгона се регенерира. Борците ја пијат крвта на жртвите. Го јадат срцето на воинот за сила. Лекарот врши реанимација како боговите што оживувале луѓе. Народот лекарите ги става на повисок ред на почитување. Од нивните прсти треба да се спаси животот кога виси на тенок конец.
Семејствата на боговите, на божествата, на музите, царевите и луѓето во ист свет се сретнуваат под иста космичка рамнотежа на силите опстануваат. Не е дозволена грешка на незнаење. Треба сè поблиску до вистината на постоењето да сме, сè подобро законите да ги знаеме, знаење да поседуваме, да учиме и учењето како светлина да го прошируваме.
Никој не сноси вина за незнаењето за улогата на Македонија во светскиот систем на образование. Тие што прават збрка не вреди да се разубедуваат. Нивните скромни мисловни способности лишени се од логиката. Наше е да го следиме и да го браниме своето и кога го сметаат за нивно.
Македонските ангели тежнеат кон бесмртност и здружени со медицината се грижат за здравјето и душата на луѓето. Исцелители, благовесници, заштитници и патрони на имиња, слави, цркви и градови.
Не може да се зборува за медицината од Македонија, а да не се согледа систем на поврзување и взаемно делување во сите подрачја од предисторијата во сите милениуми за опстанок на Македонците. Нив ги има во царствата, во филозофијата, во писменоста, во уметноста, во монетоковањето, во исхраната, во православието; се одбележано со трајни вредности од самата генеза. Да се знае медицината тоа значи да се знае Македонецот, народот, историјата.