Коментари

Мисијата на Француската хуманистка Виоле во Битола (1859-1925)

gordana-dimovska

gordana-dimovska
Гордана Димовска

Француска милосрдна сестра Виоле (1859-1925) е основоположник раководител и сесрден учесник во лазаристичката мисија во Битола.

Во 1900 година заедно со уште две милосрдни сестри пристигнала во Битола и отворила диспанзери и училиште. Голема хуманистка која се грижела за настраданите во Битола  во периодот пред  и по Илинденското востание. Во јануари 1901 година започнале со интензивна работа, т.е со лекување и учење на деца. Под раководство на Виоле се отворило и женско француско училиште во Битола. Исто така сестрите на калуѓерскиот ред Св. Венсан, отвориле диспанзер каде што давале лекарска помош на населението од градот. Освен на македонското население, тие им помагале и на ранетите турски војници.

Народот бил згрижуван и лекуван па поради тоа сестрите под раководство на Виоле се стекнале со голем авторитет. Сестра Виоле редовно испраќала извештаи во Франција за тешката економска и политичка ситуација во Македонија. Во август 1903 година испратила извештај од Битола до Лисен Проа во Париз, известувајќи дека „Земјата е во револуција“.

 За време на борбите на Илинденското востание, Диспанзерот на сестра Виоле работел непрекинато. Покрај медицинската помош, Виоле успеала да ја убеди турската власт за ослободување на голем број Македонци кои биле заробени поради учеството во востаничките борби. Сестра Виоле, заедно со своите помошнички останале во Битола и по Илиндеснкото востание. Во 1908 година, Диспанзерот на сестра Виоле бил зголемен до 8 сестри каде покрај превентивна, оспособиле и сала за хируршка интервенција, но без инструменти и апарати за стерилизација. И во Првата Светска Војна, Диспанзерот работел неуморно лекувајќи ранети војници. Во 1915-1916 година, епидемиите од заразни болести во Битола и околината биле чести, болни имало премногу, а сестри останале само две. Виоле починала во Битола во 1925 година.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top