Коментари

Доверливи Меморандуми за преименување на Македонците (3)

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Филип Драгумис еден од главните идеолози на грчката политика за македонското прашање, во својот доверлив Меморандум од 12 ноември 1948 година, предвидува посебни мерки за елиминирање на Македонците. Свесен дека ако поради меѓународната заедница се признае славјанофонското јазично малцинство во Грција, грчката власт нема да може ни под притисок да ја продолжи асимилацијата на Македонците, тој предлага да се доделуваат посебни признанија и награди на оние кои се наклонети кон грчката црква и образование. Исто така, тој е против насилното протерување на Македонците, мерка каква што била превземена од страна на воените власти во Костур и Лерин, зошто таа е меѓународно неприфатлива и неостварлива.

Во делот под наслов „Мерки што треба да се преземат за елиминирање на создавањето на национално малцинство“, Филип Драгумис ги препорачува мерките што треба да се преземат против Македонците, кои по граѓанската војна речиси целосно се спроведуваат.

Драгумас за да се избегне меѓународно признавање на славјанофоните, во документот бара да се спроведат тивко мерките кои пред една година ги доставил до локалните, судските, воените и други органи на грчките власти во Западна Македонија, како и до Министерството за надворешни работи. Во предложените мерки тој го бара следното:

1) Одземање на грчкото државјанство – На сите оние што соработуваат со окупаторите и посебно со Бугарите за време на окупацијата. На осудените и оние на кои им се суди за криминални дела поврзани со бандитизмот и комунизмот во тие погранични региони.  На оние кои доброволно избегаа во соседните територии или што им пристапија на бандите и На оние кои не се појавуваат пред суд, да се сметаат официјално дека се откажале од грчкото државјанство и дека избрале практично друго државјанство.

2) Конфискација на имотот – Да им се конфискуваат имотите, а нивните ниви да им се отстапуваат отсега, од страна на државата за обработка, на соселани – безимотни луѓе од блиските реони со потврдени грчки убедувања.

Драгумис предложува интернација и во врска со доделување на земјиштето на идните колонисти вели дека за да тие имаат интерес постојано да се населат и да не ги напуштаат живеалиштата и при најмали бури тоа треба да е доволно за издржување на петчлено семејство. Тој смета дека нивните семејства независно од јазикот, да се интернираат постепено во јужна Грција. Но, тие треба да се  распрскани по едни или најмногу две семејства во секое село или град, Исто така, тој укажува дека при нивниот транспорт и сместување во местата на интернацијата да се почитуваат од страна на државните органи, строго сите законски и хуманитарни правила на однесување спрема жените и децата што ќе бидат интернирани.

За да не биде обвинета грчката влада дека дејствува незаконски, против човековите права и слобода, Драгумас препорачува интернацијата да почне со семејствата на гркофоните злосторници. Како пример тој ги посочува гркофоните Грци (оние од Русија наречени Кавкасци), сместени во пограничните реони, од кои многумина се опасни комунисти. На тој начин тој смета дека „ќе биде јасно истакнат принципот дека оние од осудените или не појавените пред суд што покажаа практично дека сакаат да и припаѓаат на славјаномакедонската, на бугарската или друга националност, се откажаа автоматски од грчкото државјанство и нема повеќе да бидат примени на грчкото тло, а ќе им бидат испратени во погодно време во своите нови татковини“.

Искуството покажа дека и по протерувањата тие се враќаат речиси сите во своите или соседните села. Оваа извонредно опасна појава за Грција, беше спречена жестоко од страна на Генералштабот на владата. Затоа Драгумис препорачува дека „никаква изолирана мерка не може да се примени без одговорна владина иницијатива, комплетна соработка и совршена координација на постапките на сите надлежни категории на администрацијата. А за каква било политика врз национални прашања, потребна е согласност од сите лојални големи политички партии. Конкретно за комплетна соработка на воените, на судските и на чисто административните власти и на жандармеријата со генералната линија што ќе ја дава Министерството за надворешни работи во согласност, се разбира, со ГШ на војската.“

Грција експанзионистичка политика наоѓа свое место и во Меморандумот на Филип Драгумис. Во него тој потенцира дека државата треба да обрне внимание на прашањето на ксенофоните и реперкусиите што може да настанат ако се води погрешна политика кон нив. Како што вели тој „Ние сме должни, да обрнеме внимание и на овој аспект, кој во недалечна иднина, не е исклучено да има големо влијание врз нашиот интерес да создадеме впечаток оти наводно ксенофоните не ги сметаме за Грци, и дека имаме намера да ги уништиме. За жал, не постојат веќе грчко население во соседните територии врз кое ние имаме претензии, освен само неколку остатоци во југозападен Северен Епир“.

Во прашањето кое следува: „Значи, ако ние се откажеме од тоа дека ксенофоните Грци од Грција се Грци, врз што ли ќе ги засноваме евентуалните претензии да добиеме соседни територии, во кои живеат, исто така, и уште покомпактно слични ксенофони жители. Како ќе го бараме Аргирокастро, Премети, Корча, Москополе, Битола, Струмица, Мелник, Неврокоп итн. ?“ , Драгумис децидно ги отсликува претензиите на Грција, од кои и денес не се откажува.

Драгумис во својот Меморандум на крај посочува на случајот кога грчката држава беше приморана од големите сили да им даде на малцинствата слобода за изучување на негрчки мајчин јазик. При такво соочување, тој укажува дека треба да се преземат мерки за да се спречи изучувањето да се одвива во посебни ксенофони училишта, туку факултативно во веќе постојните државни грчки основни училишта, каде што останатите предмети ќе се предаваат на грчки јазик. Учителите, пак, на странскиот јазик ќе бидат задолжително грчки државјани, лојални на грчките закони и под надзор на инспектори Грци. Од национални причини, тој предлага и при предавањата да се користи кирилското поради своето византиско потекло и неговата блискост до грчкото писмо.

Предложената стратегија на Драгумис се користи во периодот од педесетите и шеесетите години на минатиот век кога цели села се принудени да се колнат врз библијата, да потпишуваат изјави дека нема да го користат мајчиниот јазик. Со оглед дека резултатите не се задоволителни Филипос Драгумис повторно ќе се наврати пак на ова прашање за политичката опција на грчката држава за преименување на Македонците и на нивниот јазик. Со доверливо писмо за неутрализација на славјанокомунистичката опасност против северна Грција, на 14 септември 1962 година тој го состава новиот текст што му го испраќа на кралот, на премиерот К. Караманлис и на министерот за надворешни работи Е. Авероф.

(продолжува)

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top