Коментари

Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија ги стигнува сите

macedonia-usa


Свекрва

Македонскиот народ не може да се откаже од своето име и идентитет

Новоименувааниот амбасадор на САД во Македонија Џес Л. Бејли, уште недојден во земјава ја предизвика македонската јавност. Неговата изјава дадена на сослушувањето во Американскиот сенат во која вели дека во Македонија живееат мнозинство „Словени“ и малцинство етнички Албанци, предизвика револт кај Македонците. По тој повод, во Министерството за надворешни работи на Македонија беше повикан заменик-амбасадорот на САД во Македонија, при што беше изразена загриженост од ваквиот начин на именување на македонскиот народ..

Изненадува што ваквата изјава доаѓа од човек како Џес Л. Бејли кој е дипломат од кариера од Стејт департментот. Тој во Скопје доаѓа од позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година. Потоа во неговата биографија стои дека бил директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа во Стејт департментот, директор на Канцеларијата за политички прашања со ОН, директор на Центарот за странски известувачи во Вашингтон, како и советник за јавни прашања во Амбасадата на САД во Хаг, Холандија. Тој службувал и во амбасадите на САД во Дакар (Сенегал) и во Дака (Бангладеш).

Вообичаено е ваквите дипломати добро да ја проучат земјата во која треба да службуваат. Односно тие треба добро да ја знаат историјата, традицијата и културата на земјата во која се назначени за дипломатски преставници, за да не го навредат домаќинот. Сето тоа значи дека Бејли меѓудругото треба добро да е запознат за спорот со името, како и за пречките кои Грција и ги прави на Македонија во нејзините напори за евроатланската интеграција.

Од говорот пред Сенатската комисија за надворешни работи видливо е дека Џес Бејли добро го знае проблемот. Тој меѓудругото ќе каже: „Како наш посветен пријател и партнер, Македонија ја заслужува нашата помош да стане подготвена за членство во НАТО и ЕУ. Во интерес на САД и Европа е да продолжиме да и ја даваме таа помош.“

Исто така, Бејли ветува дека ќе го искористи неговото дипломатско искуство да и помогне на Македонија во спорот со Грција за да се најде заедничко прифатливо решение за името. Како што вели Бејли, „решението на спорот ќе биде клучен чекор кон зголемување на стабилноста и безбедноста на Македонија, Балканот и Европа“.

По грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година, САД и Македонија на 7 мај 2008 година во Вашнгтон потпишаа Декларација за стратешко партнерство и соработка, со кој двете земји се решени да го прошират и продлабочат блиското партнерство што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности.

Македонците веруваат на воспоставеното пријателство со американскиот народ и се придржуваат до воспоставените принципи. Но тие неможат да дозволат да го изгубат своето име и идентитет, зошто ниту името ниту идентитетот не се од вчера, туку тој е изграден со милениумското постоење. За тоа сведочи библијата и бројните историски споменици, кои говорат за разликите меѓу Македонците и Грците.

macedonia-usa

Ако ги прочита овие редови, новоименувааниот амбасадор на САД во Македонија Џес Л. Бејли, најверојатно ќе има друго мислење за Македонија и за Македонците.

„Во периодот од 1895 до 1925 година врз база на податоците од досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација, околу 15.000 лица кои имигрирале во САД се изјасниле како Македонци, иако во тоа време не постоела државата Македонија.Постојат досиеја за раната македонска имиграција во САД која се случувала во почетокот на 20 век. Овие досиеја се интересен сведок за потврдување на македонскиот етнички идентитет.

Друга многу важна серија информации содржани во досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација во врска со раната македонска имиграција во САД индицира дека тие навеле различни земји како земја на потекло: од Турција – 4.979, Грција – 906, Македонија – 4.194, Бугарија 267. Албанија 5 и Србија 188. Овде јасно е покажано дека најголем број од македонските имигранти, или поточно 4.979 Македонци, ја посочиле Турција како своја земја на потекло. Ова е поради тоа што пред балканските војни во 1913 година, цела Македонија и’ припаѓала на Турција. Меѓутоа, она што навистина боде очи е дека речиси еднаков број Македонци ја посочиле Македонија како своја земја на потекло, иако таа во тој период не беше држава“.

Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија ги стигнува сите, кои се обиделе да ја уништат Македонија и Македонците.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top