Коментари

Високи оценки за владината политика


Свекрва

Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска, Македонија е наш благослов.МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА, АМИН!

Според оценките на Евроската комисија (ЕК), таа шеста година по ред им предложи на државите членки на ЕУ да започнат преговори со Македонија, а заедно со ММФ и Светска Банка ја оценија македонската економија како најдобра во регионот, со највисок раст годинава и за следната година. Сето тоа охрабрува, бидејќи покажува дека политиките на оваа влада предводена од премиерот Никола Груевски не само што е добро поставена, туку и добро водена.

Позитивните оценки за Македонија кои доаѓаат од повеќе релевантни меѓународни институции и организации, допринесува за привлекување и зголемување на странските инвестиции, зголемување на извозот на стоки од земјата кон Европа и светот, а она што е најважно е креирањето на нови работни места.

Долгогодишната конзистентна политика на континуирани позитивни реформи, поволните услови за странските инвеститори и сигурноста која им ја дава Владата на Република Македонија, предводена од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски даваат резултати. Странските инвеститори кои пред себе имаат стабилна Влада и не гледаат политички ризици или било каква нестабилност во земјата, ги зголемуваат своите инвестиции од ден на ден.

И Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), кој во есенската прогноза бележи намалување на растот на повеќе економии во светот, за Македонија предвидува раст  од 3,4 % годинава, 3,6 % во 2015 година и 4% во 2019 година. Со слична прогноза за нашата земја кој е највисока во регионот излезе и Светска Банка.

Во светот како клучен предизвик во иднина се смета борбата со невработеноста, иако постојат земји каде има зголемување на вработеноста. Меѓу овие ретки земји се наоѓа и Македонија, која според Државниот завод за статистика (ДЗС) бележи и раст на вработувањето од 6,7 отсто.

Сето ова покажува дека работите одат во добар правец и дека Владата на премиерот Груевски превзема вистински чекори за пад на невработеноста.

Долгогодишната неуморна и напорна работа на премиерот Груевски и неговиот тим полека, но сигурно се валоризира. 

Тргнувајќи од фактот дека за зголемување на производството од витално значење е развиената патна инфраструктура, Владата веќе обезбеди средства за финансирање на десетина патни правци во земјата, со што исто така ќе се отворат нови работни места.

Меѓутоа, успешните политики на Владата на Груевски не застануваат тука. Исполнувајќи ги предизборните ветувања, веќе од наредниот месец администрацијата ќе добие зголемување на платите за 4 проценти, а исто така ќе се отпишат долговите на најзагрозените семејства. Оваа единствена еднократна мерка, која го сврте вниманието во целиот регион, ќе опфати над 40.000 граѓани од ранливите категории.  

Политиката на Владата покажува умешност не само во водењето на економијата во земјата, туку и во одбраната на името, јазикот и идентитетот, кој е загрозен особено од нашиот јужен сосед. Цврстината која таа ја покажува во спорот со името, до лудило ја доведува Грција и нејзините поддржувачи.

Ваквата политика која дава резултати целосно е призната и поддржана од најголемиот дел од народот во Македонија, што впрочем се гледа од големата поддршка дадена на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на неколкуте последователни редовни и предвремени локални, парламентарни и претседателски избори. Иако владината политика исто така високо е оценета и од меѓународниот фактор, таа сепак наидува на неаргументирана критика од опозицијата предводена од СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.

Но, истите тие, кои особено го критикуваа проектот „Скопје 2014“, знаеа неодамна и те како да уживаат на прием во објект кој е дел од тој проект. Со овој чин, колку опозицијата и да сака да глуми незадоволство заради дневнополитички цели, всушност им оддадоа целосно признание на проектите кои до денес ги има спроведено Владата на Република Македонија.

Оттука само можеме да кажеме дека Македонија мора да продолжи по овој пат, кој во иднина ќе дава се` повеќе и се поголеми резултати.

Да се придружиме на реформите и промените кои ги воведува Владата на Република Македонија, зошто ако сите знаеме дека се бориме за квалитетот на нашиот  живот, а со тоа и за квалитетот на животот на нашите деца, нашите внуци и идните поколенија, никој нема да не` сопре во тоа!

МАКЕДОНЕЦОТ е роден водач и победник, одговорен кон себе, кон блиските и кон сите што Бог ги создал. МАКЕДОНЕЦ е втор збор за креација, бистра мисла и чисто срце, за сомилост, но токму затоа и за строгост, кон себе и кон другиот. МАКЕДОНЕЦОТ создава и остава зад себе цивилизациски дела, споделува и поучува, насочува и втемелува. Тоа е генетскиот код на МАКЕДОНЕЦОТ!

Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска, Македонија е наш благослов. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА. АМИН!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top