Коментари

Награда за Иванов за неговата посветеност во одбраната на фундаменталните слободи


Свекрва

Одборот на Форумот Кран Моната оваа година му додели Награда на Фондацијата за 2014 на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Наградата му беше доделена на македонскиот претседател како личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбраната на фундаменталните слободи. Покрај претседателот Иванов, добитници на овогодишната Награда на Фондацијата се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, поранешниот премиер на Сенегал г. Амината Туре, а постухмно беше награден Ерве Хурдел.

Наградата на Фондацијата се доделува од 1989 година во рамките на Форумот Кран Монтана, како признание за општествена одговорност и за придонес во глобалниот раст и развој. По повод доделувањето на оваа престижна награда, македонскиот претседател во своето обраќање ќе посочи дека таа е признание не само за него, туку и за Република Македонија и македонските граѓани. Истовремено тој ќе го истакне следното:

„Јас сум горд што тоа што го прави Македонија е се` повеќе она со кое ќе се соочува светот во иднина, оти сите општества во иднина ќе бидат мултиетнички, мултирелигиозни и мултијазични. Нас ни требаат лидери кои ќе знаат да се справуваат со различноста, не да ја уништуваат различноста… Живееме во свет во кој многу брзо се случуваат промени. Глобалните медиуми, интернетот, носат процес на глобална етничка преродба, религиозна преродба, јазична преродба… Територијата го губи значењето… Така што, на младите луѓе треба да им оставиме свет во кој ќе се почитуваат, ќе ја почитуваат различноста и ќе живеат со неа. Како што Швајцарија е позитивен пример за почитување на различноста, исто и Македонија на Балканот гради сличен, свој специфичен модел на почитување. Почитта е она што се надградува над толеранцијата. Затоа мора да го промовираме почитувањето на различноста, да не ни се случуваат настани што ги имаме денес во кризните жаришта, што придонесуваат да се инфицираат млади луѓе и да не почитуваат она што е разлика“ – ќе подвлече македонскиот претседател.

Во говорот за Балканот и глобалната безбедност на форумот „Кран Монтана“, претседателот Иванов го посочи македонскиот модел на соживот како позитивен пример за почитување и прифаќање на различноста, истакнувајќи притоа дека најдобрата превентива на секој облик на насилен екстремизам и радикализам е токму афирмацијата на филозофијата на почит кон различностите.

Меѓутоа и покрај сите напори кои ги презема Република Македонија за стабилноста во регионот, како што ќе истакне Иванов, земјата „предолго го чека заслуженото членство во Алијансата, и тоа поради непочитувањето на резолуциите на Обединетите Нации, непочитување на меѓународно преземени обврски и на Пресудата на Меѓународниот суд на правдата… Одлагајќи го проширувањето, ЕУ си создава проблем на сопствената територија“.

Оттука, претседателот Иванов ќе укаже дека чекорите кои треба да се превземат како глобален одговор на глобалните закани, треба да биде  „забрзаното проширување на ЕУ и НАТО, потоа почитување на меѓународното право, интензивната соработка и размената на информациите меѓу земјите од Западен Балкан, се` со цел надминување на актуелните закани од екстремен национализам и радикализам“.

Во домашната и меѓународната јавност претседателот Иванов одамна е познат како цврст и одлучен претседател, човек кој ја познава земјата и приликите во регионот и светот, човек со визија за иднината и човек кој е вистински промотор на својата земја. Ретки се политичарите кои како него можат да упатат порака, препорака, но и критика до меѓународната јавност, како што тоа го прави претседателот Иванов.

Тој од секогаш ги бранеше демократските вредности, правото, а пред се` државните интереси и стратешките цели на земјата. Во секоја прилика тој ги застапува интересите на државата и интересите на граѓаните. Негов избор се пред се` Македонија и македонскиот граѓанин, па затоа секогаш и секаде знаеше да застане во одбрана на името и идентитетот, но и да ги промовира вредностите на својата земја и народ. Тој постојано ја раскажува вистината за Македонија и се спротивставува на силата која ја демонстрира Атина. Како што во една прилика ќе каже:

 „Нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци“.

Од изборот за претседател на Република Македонија, па се` до денес, Ѓорге Иванов покажа дека стана лидер од светски калибар и дека може да се носи со разни предизвици кои ги носи новото време. Тој покажа дека знае да се постави над партиските интереси и дека може успешно да ги одразува, застапува и брани интересите на својот народ и држава. Во овој период тој покажа рационалност, способност, храброст, чесност и посветеност во одбраната на фундаменталните слободи, елементи кои носат единство и сплотеност на населението.

Тоа го препозна и Одборот на Форумот Кран Моната, кој оваа година му додели Награда на Фондацијата за 2014 на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Така македонскиот претседател се најде во редот на повеќе светски лидери и истакнати личности од политичкиот и општествен живот кои ја добиле оваа престижна награда. Меѓу досегашните добитници се наоѓаат имињата на досегашниот и идниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и Жан Клод Јункер, поранешниот Генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали, поранешниот премиер на Израел, Јицак Рабин, поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, поранешниот претседател на Романија Јон Илиеску, поранешниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, потоа Ричард Холбрук, Лех Валенса, Беназир Буто и други.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top