Коментари

„Десловенизацијата“ и „антиквизацијата“ на антимакедонизмот на неоврховистите!

todor-petrov-3

todor-petrov-3
Тодор ПЕТРОВ

… Една “фина дама“ во едно интервју, со леснотија во цинизмот а со намера “демистифакиција“ на простотијата на власта, вели: “Каква промена на името? За да го сочуваме идентитетот? Па, ние, внатре, веќе го променивме идентитетот?“ Не и го спомнувам името, затоа што не е достојно тоа да го сторам, се разботи за полемика со став, препознатлив за “опозицијата“. Демек, ако самите си го променивме идентитетот внатре во Македонија, зошто да биде неприфатлива промената и на државното име Македонија? Едноставно, нели?

Нивниот гуру, не вели “народот е секогаш во право“, туку “народот и кога греши е во право“, а десетина избори континуирано губат мандат за власт.

Знаете ли зошто таквите така мислат?

Па, така мислат, затоа што за нив: “Ние сме Словени дојдени од зад Карпатите по шестиот век од нашата ера. За да не не’ поистоветуваат за Срби и Бугари се нарековме Македонци поради името на територијата што ја населивме Македонија. Ние не сакаме да ја присвојуваме историјата на античка Македонија и на Александар Велики!“ Тоа е матрицата Глигоров.

Тие сметаат дека “десловенизацијата“ на Македонија значи нејзина демакедонизација, затоа што се производ на школи од времето на поранешна Југославија, инсталирани од други и туѓи централи за изолација на Македонија од сопствената историја и археологија, со цел легализација на окупацијата и геноцидот врз Македонците од времето на Балканските војни од 1912-1913 година до денес.

Нивниот неоврховизам кон Белград, Софија и Атина, аксиомата “Македонија во континуитет во време и простор од пред нашата ера до денес“, ја доживува како “антиквизација“, односно “букефализација“. А, во основа, не станува збор за “десловенизација“ на Македонија како “демакедонизација“, туку за “антиквизација“ на антимакедонизмот на домашните велепредавници, колаборационисти и неоврховисти, со цел рекомпонирање на власта заради промена на државното име Македонија! Таа услуга се плаќа.

Нивниот стил е да стават рејбанки на глава, да газат на високи штикли и да пушат пури во Брисел, со поотворено деколте и поголем шлиц, за да можат да плукаат од подалеку врз Македонците и Македонија, заборавајќи дека таму можат да одат само од оваа држава чие име било, е и засекогаш ќе остане Македонија!

Ама, бидејќи знаат дека промената на државното име е услов за прием на Македонија во Европската Унија, а не патат од комплексот на виткање кичма, на Стразбур му велат, дајте ни нам мандат, затоа што ние ќе го смениме државното име Македонија. Идентитетот и не е важен, бидејќи самите веќе си го променивме. А ќе живеат како и досега, како платеници од центри кои бараат домашни пулени за да ги разнебитат македонската нација и држава! Друго во животот ништо и не сработиле, освен што сатанизирале, по порачка а со цена по сопствениот статус, демонизирале, судбини креирале, дискредитирале за отстрел по волја на власта. Кога нивната власт е опозиција, изгубени се во времето и просторот, немаат егзистенција, и тогаш сите им се виновни, од се’ им е смачено. И жалат… жалат за старите добри времиња кога можеа се’ да прават, без последици, но со колку посилен засек, толку подобар продор во власта и медот што друг за сите нив со труд и пот го збирал.

И, како појаснување без недоразбирање: Врховизмот не е етничко прашање, туку гео-политичко. Врховизмот е сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт бара од некоја соседна централа, ирелевантно дали тоа бил Белград, Софија, Атина или Тирана… Денес Брисел, Стразбур, Берлин, Москва, Лондон, Вашингтон …

… Како и да е … Македонија повторно е држава, Македонците повторно се суверена нација! И тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени! Епизода е – “Државата, тоа сум јас!“ Сепак, светот без секого се движи… И без Бранко и без СДСМ, биле на избори, та не биле. Лидерите и партиите се раѓаат и умираат. Еве и Киро умре, па Македонија не заврши на Бутел!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top