Коментари

Обединување на македонците, бугарите, србите, црногорците, русите…

…САМО СО ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИК. ПА КОЈ ТОА МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ ? САМО РУСИТЕ И СРБИТЕ! ЗОШТО? ЗАТОА ШТО РУСКИОТ И СРПСКИОТ ЈАЗИК НИКАКО НЕ БИЛЕ НАРОДНИ БЕЗПАДЕЖНИ ЈАЗИЦИ, ТУКУ САМО СЛУЖБЕНИ И ТОА НАСЛЕДСТВО НА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК

Ристо Ивановски

О. Луковиќ – Пјановиќ, го наведува што пишел Милош С. Милојевиќ. Според него на Балканот се пишувало пушката, среброто, благото… „тоа исто се покажува кај Велико-Русите околу Архалгенско и Бело, или Леденото Море… Пример за тоа имаме кај Максимовиќ (Год. на север.сп.1864, г. II…)“.

Се потврдува, во Македонија со се Србија…, а и во Русија, се говорел исто со в-н-т (куќава- куќана- куќата). Ова значи, дека сите тие биле еден те ист народ.

Г. Гриневич пишува, дека исти знаци со исто значење имало на Каменот Розета, Балканот, Подунавјето, Украина, Русија…- еден ист народ со еден ист јазик.

Олга Луковиќ – Пјановиќ, во поднасловот „Јован Цвииќ и Срби“ од почеток, наведува: „На ова место…Во оваа своја опсежна студија Цвииќ го изразува уверувањето, дека современи дијалекти на српскиот јазик, значи се:
Штокавски, кој се дели на старо-штокавски (Македонија), средно- штокавски (Србија северно источно од Стара Србија, одн. Македонија) и новоштокавски (Далмација, Лика, Кордун, Банија, Славонија, Босна, Херцеговина, Црна Гора, Косово, Метохија, Војоводина и Шумадија) со: поддијалекти: екавски, ијекавски, икаквски, постоеле веќе на тлото на Тракија и Илирија, на основ што се наметнува заклучокот, дека словенскиот јазик не е донесен на Балканот тек во VII век по Христа. Цвииќ не бил лингвист, ама како научник со високи вредности имал универзален дух и тешко би било да се помисли, дека тој великан на мисли можел толку да тешко се излаже… Почесен доктор на Сорбона… И на Универзитетот во Прага“…

Значи, во Македонија се говорел стар јазик, до Крушевац среден и во Шумадија каде била создадена Србија со Белградската митрополија бил нов јазик. Или инаку пренесено, Македонците биле стар народ, до Крушевац среден народ, а во Шумадија каде била создадена Србија нов народ.

Па што се случило, од еден православен т.н. словенски народ со само православен црковен словенски јазик да се создадат два нови народи со свои јазици, во кои повеќе не се говори со в-н-т… туку со падежи како црковнословенски јазик итн.

Во Русија имало полемика за и против црковнословенскиот јазик. Победиле модернистите. Прв познат писател на руски јазик бил Пушкин.

Со овој потег победила Берлинско-виенската школа, која го раскинала православното ткиво. Пак, ова било во времето кога Германците се обединувале со германскиот на т.н. Словен Лутер, кој бил протестантен јазик, а Германци има и католоци. Конечно Германците со јазикот на Лутер ги обединил на сила Бизмарк, кој не бил било каков Германец, туку само Србин.

Пак, еден друг Србин Вук Караџиќ, заведен од Браќата Грим, Гете…, ги зафркнал Русите, и создал втор нов народ Срби со неговиот српски јазик.

Бидејќи до денес Германците меѓусебно не се разбираат со своите јазици (Баварци со Прусинци), а се обединиле со Лутеровиот јазик, мудар потег, тие станале она што денес се – најмоќни.
Па што станало со православните т.н. Словени? Иако тие до денес меѓусебно се разбираат, секое село сака да биде посебен народ со посебен јазик – раздели па владеј! Ама ова ние самите си го правиме и очите си ги вадиме. До кога?!
Херодот бил во право, тој напишал: Траките се најбројни и најмоќни, но не единствени. Истото ова денес важи за нас, секој може да не истреби…
Следи заклучокот дека ни е потребно повраќање на црковниот словенски јазик од 9 век. Бидејќи рускиот и српскиот јазик се негови наследници, Русите и Србите треба да се зафатат со обединување со повраќање на истиот за да се постане една моќна нација. Со текот на времето ќе се доразрешат црковно- националните прашања, и ќе се дојде до она што уште Јан Колар (1824) се залагал. Ако некој сака да каже дека раздорите се огромни меѓу нас, тоа е точно, но тие никогаш не биле поголеми отколку што биле кај Германците, со мноштво војни. И нивното обединување го направил никој друг, туку Србинот Бизмарк, кој бил во дописи со Петар Велики. Следи очигледна врска меѓу Русите и Србите, која треба да си ја дозавршат меѓусебно и со нивните собраќа до/со Македонија.
Како прво јазикот треба да биде само црковен… Кон него подоцна ќе се приклучат и католичките т.н. Словени… Па тоа се 300 – 350 милиони европски најброен народ. Нема ништо посрамно да се обедини Европа со англиски јазик во кого има монголски зборови: Пекинг=пе (град) кинг (владетел): кинг=кениг, Викинг=вик кинг, во готските јазици источно од Франција има завршетоци их, инг, унг итн. Дури ü итн.
Ништо не е доцна, кога се работи за единство и добробит на 350 милиони луѓе.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top