Коментари

Како до силна Македонија?

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Колку милиони Македонци и наши добронамерни пријатели имаат кажано, мудрувано, размислувано, пеено и гласноговорнички реторички одговорено: Како до силна, стабилна и зошто да не Обединета Македонија?

Последниве стотина години, после сиктерисувањето на Аскерот, тој толку посакуван ден е колку блиску, толку подалеку. Секогаш се доаѓа до заклучок како ете не е времето, а и нашите комшии и душмани, имаат големо лоби и пари, па така се секогаш побрзи и поитри од Нас. 

Дали ги гледаме нашите грешки и не докрај генијални размислувања или ќе им пренесеме на идните поколенија завет дека кога претходно нашите дедовци и ние… не сме можеле ништо, па сега тие во момент на еуфорија, да заборават и да не го губат времето џабе и да си гледаат само паричката во џеб како да ја завртат? Да се разбереме едно нешто: Македонија е Феникс и ова ќе се повторува ако треба уште сто пати. 

За да дојдеме до насловот значи, како до силна Македонија, треба да се учиме на сите грешки и да најдеме нови идеи. Анализи од минатото се пожелни и затоа изреката да заборавиме на минатото и да се свртиме кон идината е погрешна. Прашање кое прво се поставува е дали има некој орган, тело или група на поединци кои ќе имаат или имаат, сеедно, да речеме 2 милијарди евра или долари, за да плати, поткупи или релаксира политичари, државници, религиозни лидери и тела или народски кажано дрматори светски? Замислете овие пари во Македонија или дијаспората, на располагање… Па колку правилно ќе се распоредат и употребат во права смисла на намената? Одговорот го знаете сите, па затоа треба фанатични патриоти што на зборот Македонија можат и харикири да направат. Да заклучиме дека ќе најдеме здрави и најчесни Македонци, умни и достоинствени кои ќе знаат се` да дадат од себе и дека ќе нема проневери и мучки за едно денарче. 

Искуството ни кажува дека западните земји и НАТО алијансата се всушност збир на различни секти и религии и дека со Православниот свет немаат ништо, па затоа секоја надеж за разбирање, помош или сојуз се занесување и лажење на самите себе, што многу штетно се одразува на Македонија. Сакс Кобург Династијата, Сорос, Ротшилд… тоа се тие гладијатори, заедно со Илуминатите и други ѓаволски секти во Америка, што секојдневно сакаат да ја парчосаат Македонија и да се накитат тие со перја од нашата историја и Царските династии… арно ама, судијата не отсвири судиско продолжение, а ние се надеваме дека ќе победиме на пенали. Истовремено братските православни земји, заедно со Русија, досега не мрднале ни со прст и се прашуваме дали повторно можат да не` стават да бидеме жртвени јагниња со некој нивни душман. Како и да земеме, од сите страни Ѓорѓи сардисан, така да ова бара големо размислување како да се надмудри овој ќорсокак. 

Последно нешто, а воедно и најважно, доколку дојде до силна или Обединета Македонија, уште од сега да се размислува, како да се сочува и да не се дозволи така како до сега две илјади и кусур години, сопки да ни ставаат и да не можеме глава да кренеме. Некој ќе рече лесно за потоа, но една работата не ми е јасна, како никој не се заколнува јавно, на верност према државата Македонија и да има казни, па и ригорозни доколку згрешат, а воедно и наштетат на Македонија? Нели едно време комитите се заколнуваа на Библија, кубура и кама, па нели кодошите и издајниците беа сурово казнувани? Нели беше тоа ВМРО што практикуваше вакви принципи? Само со овие примери и верба во Бога и Македонија, може фантазијата да стане реалност. Би сакал во тоа јаве еден ден да се прочита овој текст. А знам и сигурен сум дека тој ден ќе дојде.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top