Коментари

Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична


Свекрва

„Македонците-прогонети во Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција 1940 – 1949″

“Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниедно средство да се уништи” – ќе изјави премиерот Никола Груевски на промоцијата на новата музејска поставка „Македонците-прогонети во Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949“, поставена во Музејот на Македонија.

Новата постојана музејска поставка „Македонците прогонети во Втората Светска Војна и граѓанската војна во Грција 1940 – 1949“, која се подготвуваше подолг временски период и во која покрај стручни тимови во прибирање на материјали се вклучиле и поголем број установи, здруженија, како и граѓани поединци кои подариле фотографии, документи и предмети од личен и семеен карактер, беше презентирана на 25 октомври 2014 година, во присуство на повеќе видни гости и сеуште живи сведоци на македонската голгота.

На 400 квадратни метри во Музејот на Македонија, на местото каде порано беше археолошката поставка која е пренесена во новиот Археолошки музеј, поставена е новата постојана музејска поставка која претставува потресен аудиовизуелен приказ на болката и голготата што ја преживувале Македонците во овој период. Оваа нова поставка која е збогатена со ликовно решение насловено „Патека на децата-прогонети“ создава амбиент кој му овозможува на секој посетител барем за миг да биде дел од нивното минато и да се соочи со голготата низ која поминале илјадници семејства кои изоделе пеш 100 километри од тогашната грчко-југословенска граница до Преспа…

Во тоа време 21.000 Македонци биле жртви, а како резултат на Граѓанската војна во Грција, повеќе од 50 илјади Македонци биле раселени низ повеќе држави. „Ваквите судбини и оваа тематика досега биле обработувани во многу книги, во многу литературни дела, во разни филмови, театарски претстави, на повеќе музејски изложби, а од денес и во оваа постојана поставка во Музејот на Македонија“ – ќе рече премиерот Никола Груевски.

Документите од тоа време, само за голготата на децата-прогонети, говорат дека со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) биле евакуирани 28.000 македонски и грчки деца, на возраст од 1 до 15 години. Тие биле згрижени во: Југославија 11.000, Романија 5.000, Чехословачка 3.000, Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца. Во овие земји за потребите на македонски деца биле отворени македонски училишта (со учебници и литература) и биле издавани и весници на македонски јазик. Исто така, биле публикувани книги и романи, во кои се употребува костурско-лерински дијалект и кирилската азбука.

Иако не завршиле во концентациони логори како Солунските Евреи, бројката на раселени од над 50.000 Македонци, од кои најголем дел никогаш повеќе нема да можат да се вратат на своите огништа во Грција, може да се поистовети како геноцид врз македонскиот народ, холокауст на Македонците. 

Поголем дел од македонските деца-прогонети, кои ја преживеале македонската голгота и биле згрижени повеќе земји, бидејќи не можат да се вратат во своите родни места, за да бидат поблиску до своите огништа, како возрасни доаѓаат во тогашна С.Р. Македонија.

Денес, преживеаните сведоци на македонската голгота, нивните деца, кои и самите допринеле за музејската поставка, можат да се потсетат на минатото, но и да одадат почит на сите оние кои во драматичните и трагичните настани за македонскиот народ, останале на тој пат.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во своето обраќање пред присутните ќе истакне дека „Преку длабоко осмислениот пристап на новата музејска поставка, посетителот може да проникне во најмачните сегменти и најгорливите премрежја низ кои поминувал македонскиот народ во Втората Светска Војна и во Граѓанската војна во Грција. На уникатен, возбудлив и драматичен начин, во поставката се презентирани мноштво фотографии, документи, оружје, облека, предмети од битов карактер, како и други сведоштва поврзани со овој сегмент од историјата на македонскиот народ“.

Следејќи ја модерната историска амбиентална поставка во која има фотографии, лични документи, разгледници, карти и сведоштва на Македонците за настаните од времето на грчко-италијанската војна во 1940 година, антифашистичката борба во Грција за време на Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција, потоа за уделот на македонското население во Грција и рефлексиите врз него, посетителот ќе ја почувствува нанесената неправда, болката и гневот на Македонецот, тажната судбина на македонскиот народ.

Оттука премиерот Груевски по промоцијата на новата музејска поставка „Македонците-прогонети во Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949“ ќе изјави дека: „Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниедно средство да се уништи. Таквата меморија поврзана со една болна и тешка историја на дел од нашиот народ денес е поткрепена и со оваа прекрасна музејска поставка“.

Всушност, како што вели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска: „Со оваа музејска поставка се легитимираме како нација која знае да ја почитува и да ја валоризира историјата и нација која знае да го почитува минатото и да извлече поука од него“.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top