Коментари

“Илирида“ значи агресија против територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија

СМК АПЕЛИРА НА БЕСКОМПРОМИСНА ЕЛИМИНАЦИЈА НА ПАРАВОЕНИ И ПАРАПОЛИЦИСКИ ЗДРУЖЕНИЈА!

“Илирида“ значи агресија против територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија

3 ноември 2014 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува објавите дека таканаречената “гарда на република илирида“ патролира во сите места каде што живеат Албанци и смета дека тоа претставува агресија врз територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија! Таканаречената “република илирида“ е груб обид за промоција на воени и полувоени здружувања што не им припаѓаат на Вооружените сили на Македонија, со цел насилно уривање на уставниот поредок и поттикнување или повикување на воена агресија и разгорување на етничка, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост.

СМК смета дека власта треба бескомпоримисно да ги заштити граѓаните на Македонија од воената реторика на терористички и исламистички кругови кои ја вознемируваат јавноста, го нарушуваат јавниот ред и мир и го валкаат угледот на државата!

Имајќи предвид дека “територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива“, дека се забранети “здруженија насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост“, дека “се забранети воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на Вооружените сили на Македонија“, дека “секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката“, дека “одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин“ и дека “никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на нејзин дел“, СМК апелира до Владата и Претседателот на Републиката како Врховен командант на Вооружените сили на Македонија да издадат наредба на специјалните единици за елиминација на секој кој јавно ќе парадира, декларирајќи се за припадник на таканаречената “гарда на република илирида“ или друга параполициско и паравоено здружување!

Имајќи педвид дека таканаречниот генерал Хамди Ндрецај уште на 5 јули годинава јавно се закани дека “ќе организира герилска војна“, дека “примирјето од 2001 година повеќе не важи“, дека “Албанците сами ќе се бранат на териториите на илирида со воена сила“ и дека “ќе ја повтори војната од 2001 година“, СМК од јавниот обвинител бара итни мерки за притвор и казна доживотен затвор на самопрогласениот “претседател на илирида“ Невзат Халили, поранешен претседател на ПДП, членовите на таканаречениот “штаб на гардата на република илирида“ и таканаречениот генерал Хамди Ндрецај кој себеси се претставува како командант Пантери од 112 бригада на УЧК.

СМК повторува дека реанимирањето на таканаречениот “референдум за политичко територијална автономија на албанскиот народ во Македонија – Илирида“ одржан во спротивност со Уставот и Закон на 11 и 12 јануари 1992, а во организација на ПДП, и обидите за прогласување на “албанска република илирида“ во рамките на државата Македонија претставува агресија врз територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија, “албанска република во Македонија“ значи нова војна, етничко чистење и геноцид!

СМК потсетува дека основа на Охридскиот рамковен договор, којшто е вграден во Уставот и законите на Република Македонија, претставува: унитарноста на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, и декларацијата дека етничките прашања немаат територијални решенија. Сето останато значи војна, етничко чистење и геноцид. Заканите од самопрогласениот “генерал на некаква националната гарда на илирида“ Хамди Ндрецај Пантери доволно зборува за намерите на оваа паравоена команда.

СМК смета дека демонстрацијата на Невзат Халили и Хамди Ндрецај е во спрега со организирани криминални и исламистички кругови и странски разузнувачки служби во Македонија.

Правото на самоопределување на албанскиот народ е апсолвирано со државноста на Република Албанија и секој обид за демонтажа на балканските држави од актуелните граници заради наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ или некаква “Исламска држава“ претставува нова војна на Балканот.

СМК укажува дека наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ и “Исламска држава“ на Балканот се анти-албански проекции и, пред се’, значат демонтажа на Република Албанија и на албанскиот народ во целина. Македонците никогаш нема да се дозволат инсталација на “Голема или Природна Албанија“ на територијата на државата Македонија, Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која владее шеријатот!

СМК повторува дека толеранцијата и коегзистенцијата на Македонците не претставува слабост за рекомпонирање на Македонската држава! Одбраната на територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија е право и должност на секој граѓанин, и Македонците тие вредности ќе ги бранат и одбранат од секоја агресија на домашни врховисти и колаборационисти и надворешни непријатели, бидејќи никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на дел од нејзината територија!

СМК смета дека и оваа пародија “илирида“ е обид на странските разузнавачки служби за заплашување на јавноста, во намерите за деноминација на државното име Македонија, поради што Македонците бараат итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под единственото државно име Македонија!

Македонците имаат сили и капацитет, да ја бранат и одбранат државноста и унитарноста на Македонија, да го одбранат нејзиниот територијален интегритет и независноста!

СМК апелира до албанската заедница во Македонија да се спротистават на сервилноста кон определени терористички и исламистички кругови, кои најмногу ќе им наштетат на Албанците во Македонија. Албанците не смеат да ги стават меѓуетничките и меѓуверските односи во залог на авантуристи од кои сите ќе страдаат! Македонија не е ниту Ирак, ниту Сирија! Во Македонија нема да има реприза на терористичката организација ИСИС!

СМК потсетува дека војната од 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците или меѓу православните и муслиманите, туку симулација на војна на некои големи сили за имплементација на свои интереси за сфери на влијание на овие простори! Македонците и Албанците не смеат да дозволат повторно да бидат жртви на корпоративниот глобализам, поради други и туѓи интереси на овие простори!

СМК од власта бара ревизија на државната администрација поради легализација на узурпацијата и денационализацијата како инструменти за окупација и албанизација на државноста!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top