Коментари

Исус не е милионер, ниту бил

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Благодарение на судскиот спор на МПЦ во Австралија, во кој несакајќи виорот на оваа трагикомедична сага ме повлече и мене како радознал неутралец, дојдов до прекрасна слика како Македонецот го гледа, размислува и анализира Господ. Колку повеќе пробувам и настојувам да дадам храбар одговор, толку повеќе си велам дали го пронајдов правиот одговор. На мој својствен начин, провоцирав старо – младо од 7 до 77, од неписмен до најписмен, од чесен до најнечесен итн. 

Македонецот во Австралија, со голема насмевка ќе ти каже колку многу верува во Него. Кога поединечно или насобрани им кажувам дека Исус не е милионер, ниту бил… одмавнуваат со раката и велат, зар може сиромав човек да има моќ и сила, а и воедно да биде господар на овој и оној свет и тоа без пари? Нашиот народ дава по црквите пари, по икони, за градење нови храмови. Но истовремено верува аналогно на сето ова да добие повеќе пари, среќа, здравје и уште 2-13 други благодети како поголема плата, повеќе куќи и секој еден да му завиди на богатсвото. Очекуваат внуци, правнуци и сите да бидат средени… Сето ова во замена за вербата и љубовта кон Него. Секој еден сака во длабока старост на убав и достоен начин да замине во рајот, нели, а кога кажувам како Исус замина измачен најсурово, е тогаш се менува темата и нема полемика понатаму. 

Гледајќи ја скапотијата во Австралија, кога куќа да купиш најевтина е милион долари, киријата е од 500 долари неделно минимум и корпата во супермаркет е колку силна месечна плата во Македонија, нашите мора да признаат дека Господ навистина ги гледал и им пружил повеќе отколку што треба. Дали верувале повеќе од што треба и се наградени по заслуга, одговорот треба да се бара горе. 

Мојата анализа и проценка не се мерило за сето ова, но допринесува да даде еден одговор достоен на ниво: Дали Македонецот во дијаспората е поблиску до Бога, дали има поголема привилегија од самиот Македонец во Македонија? Кога еднаш подобро ќе биде таму во базата, а за никаде во дијаспората, па така едно 3 – 4 милиони Македонци под хитно да се префрлиме таму, Македонија да ни стане премала и да бараме начин да се шириме, а не да стагнираме со популацијата? Или Господ да не ја режира целата оваа работа на нему својствен начин, затоа што Западот пропаѓа отмено на тој начин што шлајмот од цел свет станува спас и авангарда на фалената демократска диктатура до тој степен по онаа нашата народна –  како дробеле, така ќе си сркаат. 

Колку и како веруваме во Бога е сопствен избор. Македонскиот народ секаде па дури и најдалеку испратен се снашол убаво. Нашите непријатели сакаа да не асимилираат и уништат засекогаш, но ете и покрај тоа што не сме некои фанатици Божји, сепак Господ не` гледа и ни дава некоја привилегија, иако имаме место и начин повеќе да му се посветиме нему. Прости ни Боже и се надеваме во една подобра и поголема Македонија ќе го најдеме спокојот и поголемата љубов и верба кон тебе. А Јенки ѓаволот ќе пропадне и отиде засекогаш во пеколот поради десет букви што не ги почитува, десетте Божји букви… Името на Божјата земја. 

М А К Е Д О Н И Ј А

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top