Македонски легенди

Макариј Негриев

makarij-negriev

makarij-negrievМакариј Негриев (Галичник, 1800 – Пазарџик, Бугарија, 1859) е македонски резбар и иконописец од Дебарската (Мијачка) школа, еден од најнадарените резбари-копаничари од родот на Фрчковци. Освен со резбарство, се занимавал и со посебна техника на украсување на капителите од столбовите во црквите со различни орнаменти и фигури. Од рацете на Макариј Негриев ќе излезат многу црковни иконостаси во централна Македонија. Учествувал во изработката на иконостасот во скопската црква “Св. Спас“ (1825), како и во изработката на таваниците во познатите конаци на управникот на Скопскиот вилает Авзи-паша во с. Бардовци кај Скопје, за кое бил и посебно награден. Освен тоа, пашата кој потекнувал од Пазарџик го препорачал да учествува во украсувањето на тамошната Чарши-џамија.

Макариј Негриев Блажев е роден околу 1800 година во Галичник. Син е на мијачкиот градител и резбар Негрија Блажев, кај кого од мал се обучува и го развива талентот, заедно со своите браќа Трајан и Ѓурчин. Сепак, од трите сина на Негрија, Макариј бил најнадарениот син. Откако станал за женидба, станал зет на Петар Филипович – Гарката, кај кого почнал да работи како помошник.

Во 1824 – 1825 година, работејќи во тајфата на Гарката, Макариј Негриев учествува во изработка на иконостасот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. Меѓу стилизираната вегетација на иконостасот, мајсторите Гарката, Макариј и Марко од Гари ги изработуваат своите автопортрети под кои стои натпис: „Први мајстор Петре Филипович од Гари, Макриа од Галичник, Марко од Гари, Дебрани од Мала Река 1825“.

Во исто време Негриев работи на таванската дрворезба во конаците на управникот на Скопскиот вилает Авзи-паша во село Бардовци кај Скопје, за кое бил и посебно награден (со коњ и постојано место на пазарот во Скопје). Освен тоа, пашата го препорачал да учествува во украсувањето на Чарши-џамијата во Пазарџик (од каде што самиот потекнувал).

Во 1829 – 1835 година, Макариј Негриев работи на изработка на иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон во манастирот „Св. Јован Бигорски“, кои спаѓаат во врвните остварувања на резбарството. Како член на тајфата на Гарката, Макариј работи на остварување на уште едно заедничко дело. Во 1836 година тие работат на изработка на иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон за црквата „Св. Богородица“ во Скопје (изгоре во 1944 година). Потоа Макариј се одделува од резбарската тајфа на Гарката и работи самостојно.

Во четириесетите години на XIX век, Макариј Негриев како главен мајстор со својата резбарска тајфа  работи во Приштина, каде ја изведува една од своите најуспешни работи. Негово дело е иконостасот на црквата „Св. Никола“ во Приштина. Членови на тајфата и учесници во оваа и потоа на други работи, биле браќата на Макариј, Ѓурчин и Трајан, чии ликови ги врежал во приштинскиот иконостас.

Во овој период Макариј учествува на конкурсот за изработка на иконостасот на Богородичната црква во Пазрџик, во кој по желба на црквата и граѓаните се бара најубав и по својата оргиналност дотогаш невиден иконостас. Во конкуренција со резбарите од Самоковската резбарска школа, кои понудиле флорални фигури, Макариј Негриев ја добива работата понудувајќи во стилот на мијачката резбарска традиција човечки фигури вешто вметнати во неколку старозаветни приказни изработени на неколку табли. По добивањето на работата Макриј Негриев и неговата тајфа ќе изработат иконостас кој е уникатен по својата резба (поради што денес се наоѓа под покровителство на УНЕСКО).

Макариј и неговите браќа Ѓурчин и Трајан се автори и на иконостасот во пловдивската црква „Света Недела“, кој е со извонредна резба и еден од најголемите од времето на Преродбата. Тие се изведувачи и на рељефната декорација на капителите.  

Околу 1856 година, Макариј Негриев ги украсува капителите на колоните во предворјето на црквата „Света Недела“ во Софија, со специјална смеса од вар, памук и зејтин. Се претпоставува дека покрај иконостасите, негово дело се капителите на црквите „Успение на Пресвета Богородица“ во Пазарџик и  „Света Недела“ во Пловдив.

Освен со резбарство, Негриев се занимавал и со посебна техника на украсување на капителите од столбовите во црквите со различни орнаменти и фигури. Тоа е занает на кој некои мајстори во XIX век целосно му се предавале. Бидејќи карактерот на резбата одговарал и за украс на ентериерот на куќите, Макриев со својата тајфа изработувал резбани таваници, долапи, сандаци и друг мебел за голем број на беговски куќи во Македонија и пошироко.

Макариј Негриев починал во 1859 година. Погребан е во црквата „Успение Богородично“ во Пазарџик. На вградената плоча на источната фасада од црквата стои натпис: „Макарие Негриев Фрчковски од Галичник, Дебарско – Македонија. Мајстор копаничар на иконостаса в храма Св. Богородица Пазарџик.

Починал тук ….“

makarij-negriev-2Тајфата на Макариј Негриев ја продолжила својата работа и по неговата смрт, предводена од неговите браќа Ѓурчин и Трајан, а подоцна и од нивните синови кои работеле во околината на Варна и Добруџа. Макариј имал четири синови:  Христо Макриев (1841 – 1893), Исаија Макриев (1843 – 1881), Кузман Макриев (1844 – 1899) и Серафим Макриев (1845 – 1869). Некои од децата на браќата Негриеви се вратиле во Македонија, каде продолжуваат со својата работа.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top