Коментари

Правото име на Скопска Црна Гора е Скопска Света Гора

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Од кога е променето, можеби некој друг знае повеќе, но тоа сега не е ни важно. Поважното од се` е фактот дека татко ми и сите прадедовци се родени таму. 

Животот ме носеше како олуја од место до место, од земја до земја и ме исфрли најдалеку. Секогаш случајно или режија од горе, наидував на луѓе, баш како за инат на големи историчари, кои за среќа избегнувале мито и корупција од нашите соседи, особено јужните. 

По некоја случајност ме прашуваа од каде сум и одговорот секогаш беше од Македонија, дури и кога бевме во состав на Југославија. Аналогно на ова следеше прашање или провокација: Што си ти? Македонец! Како од пушка ми беше секогаш одговорот. Како тоа ми велеа, кога сите од таму се претставуваат како Срби? Мојот одговор беше јас знам што сум и дека умре времето кога за добиена нива или ниви, така до 10… сите велеа “лета магарето“ или таа нациналност сум или религија. Сите тие случајни минувачи, воедно историчари ми даваа контакт адреси и телефони да ги посетам, кој дома, кој на Универзитетите каде што предаваа. 

Бев навистина фасциниран колку знаеа за Македонија и особено за Скопска Црна Гора или Скопска Света Гора како што ми кажуваа тие. Да биде возбудата поголема, тие знаеа и многу повеќе од мене, иако татко ми ме носеше таму и сме свиреле стотици свадби по 2 дена од утро до мрак со покоен Скендер Амет и татко му Јусуф, се разбира и татко ми, кој беше главен менаџер на сето тоа. 

Целата Бургија е во тоа што ми кажаа дека Скопска Црна Гора е полна со Христијански објекти, манастири и цркви, Христијански гробишта, за жал срушени и само ако човек копа 20 cm до пола метар длабочина, ќе најде доказ за сето тоа. Тоа било центар на Христијанството и било срамнето не од Турците, не од други освојувачи, туку од нашите северни комшии, помогнати од источните… Па почнале да даваат ниви колку што сакаш, само да потпишеш дека си Србин и како таков да ја почитуваш матичната си земја, нели. Од тогаш, околку 1850 до 1890 и особено за време на Српската окупација во Македонија, ова најчисто хомогено домородно македонско население, кое илјадници години не дозволи никој да го прегази, дури ни Гегите, Балисти и Качаци… Оддеднаш стана орудие на комшиите. Но самиот факт дека ни до денес немало некој српски објект или црква, или едно мало спомениче за атер, а до денес има цркви дури со Александар Македонски на фрескопис, како и црква изградена од Јустинијан и многу други работи… Ми дава за слобода да речам дека јас и Јохан Тарчуловски, кој е од Љубанци, мора да бидеме горди на овие наши прадедовци, кои одиграле голема улога да ги спречат Турците и посебно Арнаутите да не се рашират во Македонија. Конфигурацијата на самата планина со такви големи борци била гаранција за сето тоа и затоа Христијанството гордо и љубоморно останало да делува кај Македонците и да најдат мир. Затоа вечно ни остануваат зборовите на нашите прадедовци дека Косово и Метохија беше права милина каде стадата овци пасеа таму и немаше она има денес таму, несигурност и заблуда. А само наша фамилија имала 150 000 овци, па отаму галабието или презимето Џепови. 

Овој текст го посветувам на татко ми Апостол Џеповски, кој го прости Господ во 2007.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top