Коментари

Константин Бодин правнукот на Самуил

salonika

salonika
Салоника

Константин Бодин (Петар III) владее сo кралството Зета (Дукља) меѓу 1082 и 1108 година, наследувајќи Тој е најмалиот син на Михаило Воислав, прв крал на Зета (Rex Sclavorum). За време на неговото владеење Зета станува една од најмоќните држави за тоа време на Балканот.

Бодин е правнук на царот Самуил, чија ќерка Теодора Косара била омажена за зетскиот кнез Јован Владимир. Уште како млад учествува во борбите заедно со братот Владимир. Во 1072 година ги победил Србите и ја окупирал Рашка, а по наредба на својот татко Михаил ги помогал востаниците во Македонија против византиската војска.

Византискиот војсководец и хроничар Никифор Вриениј пишува како во периодот од 1072 до 1075 година, Бодин по наредба на својот татко зетскиот крал Михаил, ја предводел војската од „Дукљани и Хрвати“ и како таа војска го „злоставува Илирик“.

Востанието е подготвено од првенците во Скопје на чело со Ѓеорѓи Војтех. Востаниците го прогласиле во Призрен за цар под име Петар Бодин, во знак на почит на Петар Дељан. По изборот за цар, Бодин во битка во близина на Призрен ја поразил византиската војска. Потоа, тој ја разделил востаничката војска на два дела. Со едниот дел од војската тој се упатил кон Ниш, а другиот дел со кој командувал Петрило заминал кон внатрешноста на Македонија.

Бодин го освојува Скопје и Ниш, а на север ги опседнува византиските утврдувања на Дунав. На друго место Вреније ќе напише: „А Славјанскиот народ отврлајќи ја покорноста кон Византијците, ја пустошел и пљачкал земјата на Бугарите. Скопје и Ниш беа завземени, а Сирмиум и местата околу реката Сава и подунавскиот град околу Видин тешко настрадаа. Хрватите и Дукљаните, кои се побунија го злоставуваа целиот Илирик“.      

Петрило тргнал кон Охрид, каде населението го пречекало како ослободител. Откако му се предал и Девол, Петрило тргнал на Костур, но сретнал силен отпор. Востаниците предводени биле поразени, а Петрило успеал да избега и да се врати кај својот господар Михаил во Зета. Поразот кај Костур го запрело победоносното движење на Бодиновата војска.

Војтех кој се наоѓал во Скопје, соочен со голема визанстиска војска, побарал помош од Бодин, но во меѓувреме се предал без борба. Набрзо потоа, Византијците го пресретнале и ја поразиле војската на Бодин на Косово Поле. Потоа Бодин и Војтех биле испратени како затвореници во Цариград. Изложени на сурово мачење, Војтех по пат умрел, а Бодин бил затворен во Цариград. Но, со посредство на Венецијанците, Бодин се вратил во Зета.

Смртта на Војтех и паѓањето во ропство на Бодин, не значело и крај на востанието. Се уште имало востаници кои давале отпор. Во 1073 година во Македоиија биле упатени нови византиски сили, со цел да се ликвидираат и последните изолираните востанички пунктови. До крајот на 1073 година, Вриениј успеал дефинитивно да го задуши востанието, а со тоа пропаднал уште еден обид да се реставрира Македонското царство.

Меѓутоа, Константин Бодин кој неколку години поминува во затвор во Цариград и Антохија, успеал да избега во 1078 година. Во 1082 година умира неговиот татко кралот Михаил и Бодин се искачува на Зетскиот трон. Некогашниот „роб и отстапник“, повторно се побунил против императорот Алексиј I Комнин (1081-1118) и отстапил од склучениот договор. Во 1083 и 1084 година Бодин повторно ја освојува Рашка, потоа Босна и продолжува на југ во Албанија, каде од Норманите го превзема Драч, но набрзо го предава на Венецијанците.

Всушност во периодот 1083-1085 г. Боемунд Тарентски зазел повеќе градови и области во југозападна Македонија. По смртта на татко му Роберт Гвискард (1085 г.) се повлекол од завладеаните балкански поседи на Византија, како и од Македонија, и се вратил во Италија. Во делото „De expedition Yerosolymitana, Рудолф Кадонис за ова освојување во Македонија ќе напише:

„Меѓутоа, гласникот испратен заради разузнавање, се врати со ваков или нему сличен говор, и беше го вознемирил императорот Алексиј (Алексиј I Комнин): „Боемунд Вискард (Боемунд Тарентски) го премина Јадран и ја зазема Македонија… Преку Алпите, од Илирик до Океанот (Атлански), не постои ниту една област што му откажала оружје на Боемунд“.

Доаѓањето на Бодин во Албанија, повторно на нозе го крева македонскиот народ во Охридско, Преспанско и Кичевско. Во писмото испратено (1085 – 1090) до Јован Пантехни, кој имал магистерски чин и бил татко на главниот царски лекар, Михаил Пантехни, византискиот свештеник и охридски архиепископ Теофилакт Охридски за состојбата во ова дел ќе напише:

„Во Охрид работите се многу страшни. Пределот на Мокра (Охридска тема во која влегуваат Преспа и Кичевско) е заграбен од робот и отстапникот (Константин Бодин). А Багора (Баба Планина – таа е многу голема планина, соседна со бугарските и драчките планини) ја завладеа бунтовникот. Со еден збор, се` е лошо. Но се опираме на Бога и на грижите на моќниот цар (Алексиј I Комнин), дека тој гуштер, којшто, стоплен со зраците на царските добрини, крена глава, лошо ќе помине и нема каде да се скрие. Зашто сеуважениот севаст и протостратор, господин Михаил (Михаил Дука, братот на императорката Ирина) е испратен од царот војска да собира и да му се спротивстави на изродот (Бодин). И тој собира (војска) и ќе го нападне и ќе навлезе во неговата земја (Зета). И Бог, којшто не` брани ќе дојде и нема да должи, а робот, кој се разбунтува…, ќе остане само со своите скроени злобни замисли. И, бидејќи копнее за царство, о земјо и сонце, о понижение на царството, о насрамнета височина на власта, тој нема да се удостои дури и слуга на царот да му биде“.

Годините кои следат се полни со внатрешни борби за власт. После 26 години владеење Константин Бодин не успева да се искачи на престолот на својот прадедо. Умира во 1108 година, а по неговата смрт моќта на Зета опаѓа.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top