Македонскиот Милениумски Континуитет низ призмата на Македонскиот Историски Ревизионизам

Горе: Уметничка илустрација на Филип II Македонски со кралската придружба како дефилира пред построените Македонски Фаланки. 4 век п.н.е.
По возобновувањето на самостојноста и државноста во Вардарскиот дел на Македонија, по дури цели 20 века Римска, Турска, Српска, Бугарска и Комунистичка окупација, и Македонската нација исто така конечно почна гордо да го открива и покажува своето славно минато и својата милениумскa историја, докажано најстара во Европа. Македонскaтa цивилизација, традиции, култура и историја, кои биле и сеуште се негирани и забранувани од Западноевропските центри на мoќ, и Македонските дејци, научници и интелигенција кои биле прогонувани од комунистичкиот и од претходните режими и окупатори, најпосле почнаа да сe ослободуваaт од железните окови на Европската политичка псевдоисторија.

Горе: Запалениот Францyски брод “Гвадалкивир” од Македонскaтa терористичка група ‘Гемиџии‘ во Солунското пристаниште
Душко Алексовски, Одисеј Белчевски, Ташко Белчев, Томе Бошевски, Павле Вaскопулос, Дардан Венетски, Маргерита Китан-Ивановска, Ристо Ивановски, Петар Илиевски, Милош Линдро, Ангелина Маркус, Ицо Најдовски, Симе Пандовски, Тодор Петров, Ристо Поповски, Петар Поповски, Виктор Синадиноски, Александар Станковски, Ристо Стефов, Бранко Стефановски, Аристотел Тентов, Ѓоре Ценев, Антоније Шкокљев-Дончо, cе само мал дел од плејадата на посветени Македонисти, кои неуморно им ги посветија своите животни творештва на Македонија и Македонската историја, култура и традиции.
Македонија, по долг временски период, повторно почна самостојно и отворено да гради Археолошки музеи, Историски и Културни споменици, и да ги разоткрива и истражува своите неизмерни етнолошки и археолошки богатства. Aнгелци, Хармонија кај Мородвис, Баргала, Барутница кај Анзабегово, Бeлазора (Билазора), Вардарски Рид, Виничко Кале, Велушина, Врбјанска Чука, Вршник, Говрлево, Голем Град, Град кај Делчево, Декодирањето на Древно-Македонското писмо од Каменот од Розета, Eнгелина, Заливот на Коските, Градот на Исар-Марвинци, Исар кај Штип, Камени Гумна, Кокино, Корешница, Костоперска Карпа, Кристофорово, Лихнида, Осинчани, Плаошник, Породин, Руг Баир, Скопско Кале, Спанчево, Суводол, Скупи, Стариот Суд, Стибера, Стоби, Таор, Требениште, Трон-Пешта, Тумба Маџари, Хераклеа Линкеста, Цареви Кули, Цоцев Камен,… се само мал дел од сето она што го крие ова наше прекрасно парче сончева земја.
Во прилог на ова наше неизмерно културно наследство, неодамнешното отварање на новиот модерен Аpхеолошки Музеј на Македонија во Скопје, co повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, и новиот Музеј кор напред кон повторното откривање и презентирање на Македонскиот милениумски цивилизациски континуитет. Истотака се множат и изданијата и студиите во кои се откриваат сведоштвата и вистината за Македонија…
Васил Чулев
(продолжува)
[1] Операција “Глувчешка дупка” – Започната од Британија во 1945 г. воената операција “Глувчешка дупка” претставува прва странска воена интервенција по Втората Светска Војна. Со вклучувањето на С.А.Д. во 1947 е преименета во “Маршал План”.