Коментари

Грчките платеници во Р. Македонија форсираат словенски расизам! (3)

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Македонците од 18, 19 и 20 век себеси се декларирале како потомци на античките Македонци

Многу дециден опис на Македонците од горенаведениот ас­пект претставува еден извадок од статија, објавена во „Цариг­рад­с­ки вес­ник“ од Цариград во бројот од 03.03.1860 година од непот­пишан ав­тор. Оваа статија претста­вува уште едно све­дош­тво дека во де­нешна­та македонска нација тече крвта на славните антички Ма­ке­донци и дека за тој факт биле свесни и Македонците од 19 век. Овде читаме:

„Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, нара­вите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната фи­зиономија, исцело ќе ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски“. (цит. според Блаже Ристовски).

Во 1865 година забележан е еден спор помеѓу македонскиот деец Венјамин Мачу­ковски и некој Грк, околу припад­носта на Маке­донија врз основа на монетите од Алек­сандар Македонски. Мачу­ковски бил и посебно анга­жиран од страна на босанскиот фолкло­рист Вер­ковиќ во барањето маке­дон­ски народни песни за овој голем македонски цар.

И самиот босански фолклорист Сте­фан Вер­ко­виќ, кој во 19 век престојувал во Македонија, за Македонците од југозападниот дел на Ма­кедонија тврдел дека во најголем број му припаѓале на коле­но­то Пу­ли­ваков­ци. Ова колено (пошироко семејство, род) го опфаќало цело­то на­се­ление од повеќе македонски гра­дови од ју­гозападна Маке­до­нија. Пишу­вајќи за етничката свест на Пу­ливаковци (некаде во шеесет­тите години на 19 век), Верковиќ запи­шал:  

„Кај Пуливаковците постои предание дека се чисти Маке­дон­ци и потомци на Александар Велики. Долно-Поленците, а особено тие што живеат во околината на Пазар се гордеат со старата сто­лица, т.е. со градот Бела, од кој останале само една кула и една кар­­па, висока пет аршина“. (Вер­­­­­­ковиќ: „Маке­донски народни умот­ворби 5“, Македонска книга, Скопје, 1985, стр. 138).

За директен потомок на античките Македонци себеси се сме­тал и истакнатиот македонски учител, писател и револуционер Иван Шум­ков од Крушево. Тој во шеесеттите и седумдесеттите го­дини од 19 век работел како учител во Солун и притоа објавил неколку кни­ги. Во еден спор со бугарскиот учител Салганџиев, Шум­ков  изјавил дека не е Бугарин, туку чист Македо­нец, какви што биле слав­ните Филип и Александар Македонски. Во 1871 го­дина на Учи­телскиот собир во Прилеп Шумков се заложил за воведување на македонскиот јазик во училиштата во Македонија.

На бугарскиот учител Салганџиев и внукот на солунскиот прве­нец Паунчев му се претставил како (цитат): „чист Македонец, ка­ко што беа Филип и Александар Македонски“. (Подетално кај Хрис­­­­то Андоновски: „Јужна Македонија од антич­ките до денеш­ните Македонци“, Скопје, 1995 год., стр. 55).

Дури и бугарскиот национален деец и егзархиски агент Петко Сла­вејков пишувал за овие тенденции меѓу Македонците. Иако тој, во духот на егзар­хиз­мот и бугаризмот, ги напаѓа овие тенденции, пре­ку неговото писа­ние  јасно се гледа дека тие биле широко рас­прос­­тра­нети помеѓу Македонци­те од 19 век. Во својата статија „Ма­ке­­дон­ското прашање“, објавена на 18.01.1871 година, Славејков на­пишал:

„Многупати имав слушнато од македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале докази за тоа, но не сме ги дочекале…“

Одговарајќи на ваквата провокација, македонскиот деец Ди­митар Македонски во својата статија „По македонското пра­шање“, објавена на 16.02.1871 го­дина, запишал:

„Македонците не се изгубиле од лицето на Земјата, како што некои си дозволуваат да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне“. (цит. според Блаже Ристовски).

На Славејков и на сличните на него, кои се` уште ги има во и око­лу Македонија, денес ќе им одговориме дека токму поради деј­нос­та на таквите како нив – агенти на странските анти-македонски про­паганди, Македонците биле оне­воз­мо­жувани самите да си ја проучу­ваат сопствената историја и да пону­дат докази за својата историска автохтоност и национална  засебност. Од страна на анти-маке­дон­с­ки­те пропагандисти доказите за националната засеб­ност на Маке­дон­ците биле криени од нашите предци и наместо нив, им биле потту­ра­ни наводни “докази” за нивната инородна припадност.

Античко-македонското етничко потекло, како свое етничко по­тек­­ло, го прифаќале и водачите на славното македонско Крес­ненско востание. Така на пример во Уставот на Македонскиот вос­танички комитет од 1878 година, кој го организирал и подигнал ова востание против турската окупација на Македонија, помеѓу дру­гото, пишува:

„Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски, ние слу­жи­ме како Македон­ска војска на Александар Македонски за слобо­да­та со нашата девиза: Смрт или слобода“! (цит. според Бла­же Рис­товс­ки).

Големиот македонски писател и револуционер Ѓорѓија Пулев­ски исто така пишувал дека Македонците имаат античко-македонско етничко по­текло. Ќе наведеме извадок од неговата поема „Самовила Маке­дон­ска“ од 1878 година:

„Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат:

Од Македонци појунаци над них не било –

Цар Александар Македонски триста лета пред Христа

со Македонци сву вселену повладал…

Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат

зашто само назе под ропство оставјат

зато и мие хоштеме своју домовину…

Браќа наши Македонци од православна вера,

да се сви сложиме, јуначки бориме,

како наши  стари под цар Александром,

повтор спомен своим имам по нас оставиме!

Историју стару да оживиме“.

Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година, во врска со Македонското воста­ние против турската окупација на Македонија, напишал:

„Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние си­но­ви славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издиг­неме царст­вото на Александар Македонски!” (цит. според Бла­же Ристовски).

Ќе наведеме и извадок од Манифестот на илегалната Привре­мена влада на Македонија, објавен во април 1881 година:

„Македонци,

Нашата мила татковина Македонија некогаш била една од нај­славните земји. Македонскиот народ ги удри првите темели на воената вештина и со своите победнички фаланги и со Аристоте­ловата вештина го цивилизира човештвото. Но таа, некогаш тол­ку славна наша татко­вина, денес е на прагот на својата про­паст поради нашите грешки и поради заборавот за нашето потек­ло. Ту­ѓи и сомнителни народи сакаат да ја земат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која светејќи со таков сјај, не може и никогаш нема да пропадне!… 

Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зарем ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледнете ја како во ропс­т­вото е покриена со рани што и` ги направиле окол­ните наро­ди. Погледнете ја и видете  ги нејзините тешки синџири што и` ги прави сул­та­нот. Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата мила тат­ковина не` вика: ‘Вие што сте мои верни деца, вие што по Арис­то­тела и Алек­сандра сте мои наслед­ници, вие во чиишто жили тече маке­донска крв, не оставајте ме да ум­рам, туку помогнете ми! Каква жална глетка за вас, вистински Маке­дон­ци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб? Не! Не! Еве ви ги мои­те крва­ви грозни рани, еве ви ги мои­те тешки синџири: скршете ги нив, изле­кувајте ми ги раните, напра­вете се на знамето што ќе го кренам да биде напи­шано: Единствена и обединета Маке­донија!… Да живее маке­дон­скиот на­род! Да живее Маке­донија!… Маке­донци, сетете се на Вашето поте­кло и немојте да се откажу­ва­те од него‘!“

Членови на оваа илегална влада и потписници на овој повик би­ле истакнатите македонски национални дејци од крајот на 19 век: Васил Симов, Петро Јованов, Христо Ѓоргов, Никола Трајков и уш­те еден, по име Коста. Блиски со оваа влада биле и македонските нацио­нал­ни деј­ци: Л. Вулгарис (кој дејст­вувал и во Атина и кој подоцна бил уапсен од Турците во Солун) и Васил Ди­ја­мандиев (кој поради својата дејност бил уап­сен во Пловдив од бугарската поли­ција и спроведен на распит во Со­фија). Оваа влада одржала и Нацио­нално соб­рание на кое при­сус­­тву­вале вкупно 32 делегати речиси од цела Македонија. Во Про­то­ко­лар­ното решение што притоа било доне­сено, меѓу другото, се барало:

„Од сите заинтересирани влади да биде побарана реста­врација на античка Македонија. Ќе се упати и повик до сите љуби­тели на сло­бодата и од сите родољубиви мажи ќе се побараат благородни жртви“.

Заради дејствата на Привремената влада и заради нелегалното уфрлување на македонски чети во Турција, Грција и Бугарија ги затвориле своите граници кон Турција.

Во контекст на сето ова би можеле да ја цитираме и малку поз­на­тата изјава на познатиот македонски поет и писател Глигор Прли­чев, кој е еден од многуте наши пре­родбеници што грчките и бугарс­ките пропагандисти сакаат да си ги присвојат. Па, еве што изјавил лично Глигор Прличев во 1885 година во Солун, по повод 1000-го­диш­нината од смртта на свети Методиј:

„Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди голе­ми­от Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, отто­­гаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изне­мош­тена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив… Ќе произведе уште многу Кириловци и Мето­диевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата ве­ра и кои ќе го прославуваат македонското име“! (цит. според Бла­же Ристовски).

Продолжува

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top