На прво место

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ не молчат-тие се темелот на Организацијата и совеста на Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ не молчат-тие се темелот на Организацијата и совеста на Македонија

Постојат генерации што влегуваат во политиката кога е полесно, кога патот е веќе трасиран и кога победите изгледаат достижни. Но постои и една друга генерација, генерација што влезе во битката во деведесеттите години, кога Македонија се раѓаше како самостојна држава, кога немаше сигурност, немаше привилегии, туку само вера, идеал и љубов кон татковината.

Тоа се ветераните на ВМРО-ДПМНЕ.

Луѓето што во 1990 година, во најтешките и најнеизвесните времиња, не прашуваа што ќе добијат за себе, туку што можат да дадат за Македонија. Луѓето што ја градеа Организацијата од темел, со срце, со чест и со непоколеблива верба во самостојна и достоинствена Република Македонија.

Тие не беа создадени во удобни кабинети. Не се појавија кога беше најлесно да се биде дел од победничка приказна. Напротив, останаа кога беше најтешко. Останаа исправени и тогаш кога многумина се повлекуваа, кога дел молчеа од страв, а други ги продаваа идеалите за личен интерес.

Но ветераните никогаш не ја предадоа вербата.

Никогаш не ја напуштија Организацијата.

Никогаш не се откажаа од ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

Тие беа на браникот кога ВМРО-ДПМНЕ минуваше низ тешки порази. Тие беа први во редовите кога се славеа победите. Кога имаше притисоци, закани, политички прогон и обиди за понижување, па дури и обиди за забрана на партијата од страна на антимакедонската политика на СДС, повторно тие остануваа столбот што не се крши.

Затоа традиционалната средба во манастирот Пеленица во Драчево не беше обичен собир. Не беше формалност. Не беше протокол. Тоа беше жив доказ дека коренот на Организацијата е длабок, здрав и неуништлив.

Во време кога многумина се обидуваат да создадат поделби, кога политиката сè почесто се сведува на лични калкулации и дневни интереси, токму ветераните потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не е создадена за функции, туку за идеја. А идејата се брани со карактер, со истрајност и со љубов кон државата.

Токму затоа присуството на Христијан Мицкоски на оваа средба имаше силна симболика. Тој покажа дека знае кој го носел товарот кога било најтешко и кој останал верен на Организацијата во сите години на искушенија.

Во политиката постојат моменти кога народот не бара спектакл, туку стабилност. Не бара празни пароли, туку сигурност и лидерство. Во такви времиња се гледа кој знае да води, а кој знае само да обвинува.

Мицкоски токму во такви околности покажа смиреност, трпеливост и решителност. Не ветуваше чуда. Не градеше политика на омраза и реваншизам. Наместо тоа, понуди визија, организација, дисциплина и надеж дека Македонија повторно може да се исправи.

Под негово водство, ВМРО-ДПМНЕ повторно стана силна, обединета и победничка Организација. Повторно се врати енергијата кај ветераните, членството и граѓаните во Република Македонија. Повторно народот почувствува дека постои политичка сила што не се срами да ја брани Македонија и македонскиот народ.

И токму затоа пораката од Христијан Мицкоски испратена од Пеленица беше порака за единство. Порака дека државата има потреба од луѓе што ќе ја сакаат Македонија повеќе од сопствените амбиции.

Во таа смисла, сè поочигледна станува разликата меѓу политиката што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и однесувањето на Венко Филипче и СДС. Додека Македонија се соочува со постојани негирања и блокади од официјална Софија, Филипче наместо цврсто да ги брани македонските национални позиции, избира политика на додворување кон источниот сосед кои ја оспоруваат македонската историја, идентитет и достоинство.

Особено загрижува фактот што во исто време кога од бугарска страна повторно се испраќаат пораки на негирање и условувања, од СДС и Филипче доаѓаат обиди ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се прикажат како „анти-европски“ и „антидржавни“. Тоа е старата матрица, секој што нема да прифати понижување да биде прогласен за виновник.

Но народот одамна ја препознава разликата.

Европа не значи откажување од сопствениот народ.

Европа не значи бришење на историјата и идентитетот.

Европа не значи молчење пред неправдите.

Македонија може да оди напред само исправена, достоинствена и обединета.

А токму ветераните на ВМРО-ДПМНЕ се жив потсетник дека државата се гради со жртва, со чест и со верност кон идеалите, дури и тогаш кога е најтешко.

Во исклучително добра организација и братска атмосфера, настанот во Манастирот Пеленица заврши со искрени прегратки, силни пораки на единство и решителност дека ветераните и членството, предводени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, продолжуваат заедно кон нови победи и успеси за Македонија.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top