Коментари

„Белата куќа“ на Македонија

vlada-nova-zgrada


Свекрва

Владата на Република Македонија доби нов изглед. Реконструкцијата на зградата заврпи, а по остранувањето на скелињата, со новите столбови во дорски и јонски стил во бела боја, блесна во полн сјај.  Македонија ја доби својата „Бела куќа“, која е дел од проектот Скопје 2014.  

Во изборот на надворешниот изглед на зградата на македонската Влада учествуваа граѓаните преку јавна анкета. Тие го избраа идејното „нео-класично“ решение кое го изработија Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, а во кој е вметнат духот на македонската градба.

Зачувувањето на македонската традиција и култура е од особено значење за македонскиот народ. Уште во почетокот на македонската преродба, кон крајот на 18 и почетокот на 19 век македонските просветители си поставија како оснoвна своја задача, културно да го издигнат македонскиот народ. Бидејќи за нив било јасно дека најсолидната тврдина на најмоќното оружје во борбата за слобода и независност на еден народ е постоење на една широка култура.

Гоце Делчев, сфаќајќи ја силата и значењето на овој принцип, ни вели: „македонската култура е потребна за правилниот развој на македонската ослободителна борба. Само така македонското ослободително движење ќе може да ја чува својата самостојност и својата сила и македонското население ќе може да биде зачувано од претопување. Не случајно тој ќе каже: Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување на народите”.

Културата, и тоа широката народна култура, претставува крв за народот, за националниот организам, таа ја чини спојката без која народот е осуден на разложување. Таа вистина важи и денес. И затоа, кога културата на еден народ се спречува и уништува, задача на секој патриот е да му се спротивстават на нејзиното извртување.

Македонската земја со нејзините убавини, може да создаде среќа и радост на македонскиот народ. Затоа непрекинато треба да се работи за културното издигање на македонскиот народ. Тоа е стимулот што сите македонски синови ги тераше да водат борба на живот и смрт со неријателите на Македонија, на македонскиот народ. На таков начин и самата борба на Македонците добива смисла и значење.

Денес борбата не е само против оние кои го оспоруваат македонскиото име, идентитет и јазик, туку и против оние кои го попречуваат развојот на Македонија и македонскиот народ. За жал, и против сограѓани кои работат за туѓи интереси. Особено против оние кои во во името на народот го прават тоа. Со други зборови, грешно е да го ограбиш, но уште поголем грев е тоа да го правиш во името на народот. На тој начин му се прават две зла на македонскиот народ. Внатре го дезорганизираш и го ослабуваш, го проигруваш народот и на тој начин најдобро му помагаш на противникот.

Таков е примерот со предводниците на опозицијата кои за свои лични интереси удираа не само против Скопје 2014, туку и против други проекти од поширок општествен интерес, со што си поигруваат со иднината на својата земја и својот народ.

Делчев многу одамна ќе каже дека „Организацијата на македонскиот народ е потребна за да го турне ропството од себе, а не да тргува”. За него Организацијата е место каде што сите треба да дејствуваат, да се жртвуваат и некористољубиво да му служат на својот народ. Работник  е оној што му служи на народот” Се разбира, дека сето ова треба да го констатира народот, а не тој самиот.

vlada-nova-zgrada

Денес македонскиот народ во повеќе наврати на избори покажа кого го смета за „работник“, а кого не. Неговиот избор го преставува во Собранието и во Владата на Македонија, а неговиот глас кажа како сака да изгледа зградата на Владата на Македонија. Таа е „Белата куќа“ на македонскиот народ, дел од неговата традиција и култура, но и бастион од кој се брани неговото име и идентитет.

Ние сме потомци на големите Македонци чија цивилизација ни е оставена како аманет да ја пренесеме на идните поколенија! Да создаваме дела од кои сите ќе имаат благодет.

Мора сите ние да работиме за  Македонија, без разлика дали сме од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или било која друга партија, треба да работиме за нашата иднина, за иднината на нашите деца, внуци и за иднината на неродените Македонци, да градиме перспектива, да ги штитиме интересите на Македонија, како што тоа го правеле Илинденците, Партизаните и како што денес  работи премиерот на Република Македонија Никола Груевски.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top