Коментари

Антоан Меје за македонскиот јазик

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Говорите на Македонија се дел на јужнославјанската група… Нивните говори, …не се заправо ни српски ни бугарски, особено ако се мисли на писмениот бугарски јазик којшто се базира врз говори доста оддалечени од македонските говори.“ – пишува францускиот лингвист Антоан Меје во 1928 година.

Антоан Меје (Аntoan Meillet, 11. XI 1866 – 21. IX 1936) е еден од најзначајните лингвисти од почетокот на XX век и меѓу најистакнатите компаративни лингвисти на своето време. Служејќи се со компаративната метода разјаснил голем број важни прашања на индо-европските јазици. Има значаен придонес за славистиката.  

Во 1928 година, прочуениот француски лингвист Меје осврнувајќи се за јазиците на нова Европа (А. Meillet, Les langues dans d’Europe nouvelle, Paris 1928, р. 132 – 133.), за македонскиот јазик ќе напише:

„… Говорите на Македонија се дел на јужнославјанската група; оние што ги зборуваат можат, според околностите, да го земат за литературен јазик српскиот или бугарскиот. Нивните говори, различни меѓу себе, не се заправо ни српски ни бугарски, особено ако се мисли на писмениот бугарски јазик којшто се базира врз говори доста оддалечени од македонските говори. Без сомнение, упростувањето на именските форми е исто во Македонија како и во Бугарија, но тоа е резултат на една тенденција што се пројавува исто во српските говори од балканскиот регион. Учителите на бугарските или бугаризираните училишта спровеле во Македонија силна акција во последната третина на XIX век; и тоа им даде основа на Бугарите да ја присвојуваат земјата за својот општ јазик; но немаше континуирана акција на еден јазик на цивилизацијата; во средниот век имаше различни влијанија зависно од политичката ситуација; а по турското завојување литературната традиција престана да игра некоја забележлива улога. Па ако политичарите ги приклучуваа говорите на Македонија кон оваа или онаа група, незаинтересираните лингвисти можат само да го резервираат своето мислење.

Всушност овие говори не припаѓаат заправо ни кон едната ни кон другата група што се расправаат за нив. И, дури кога лингвистичките факти би ја имале онаа јасност што тие ја немаат, посебната сличност со другата група не би претставувала ништо решително. Детински е лингвистиката да интервенира во гранични прашања од ваков вид. Политиката ќе ја реши јазичната иднина на Македонија.“

Лингвистиката одамна си го кажа своето за посебноста на македонскиот јазик, но политиката која се води од соседството како сеуште да се наоѓа во последната третина на XIX  и почетокот на XX век. Сеуште постои сонот за Санстефанска Бугарија, поради кој се негира постоењето на македонскиот јазик, како и македонскиот народ.

Неодамна Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките објави „Карта на диалектната делитба на бугарски јазик“ во која македонските дијалекти се прогласени за дел од бугарскиот јазик. Според младите бугарски лингвисти бугарскиот дијалектен јазик се открива во и надвор од државните граници на Р. Бугарија во трите историско-географски области: Мизија, Тракија и Македонија. Пародијата да биде поголема, овој проект во кој не се почитуваат аргументите на голем број светски признати лингвистички авторитети, и со кој се негира постоењето на македонскиот јазик, бил финансиран од фондовите на ЕУ.

По објавувањето на бугарската дијалектна карта, слична на картата на нереализираниот Руски проект за Санстефанска Бугарија, реагираше и Институтот за македонски јазик кој во своето соопштение меѓудругото вели:

„ Неразумно е во втората деценија од XXI век бугарските млади лингвисти да ѝ служат на една пропадната мегаломанска идеја на политичарите од XIX век, на нивниот сон за Санстефанска Бугарија, во чии рамки влегуваше и етничка Македонија. Неразумно е, зашто бугарските млади лингвисти, родени по Втората светска војна, не треба да бидат оптоварени со политиката на нивните претходници, кои верно ѝ служеа на едноумната Бугарија…

… Дали денот на претставувањето на (не)делото „Карта на диалектната делитба на бъгларския език“ – 8 декември е случаен избор? Тој ден е празникот Свети Климент Охридски–патрониот празник на Македонската православна црква–Охридска архиепископија, на сите Македонци и на сите православни христијани.

Може ли толку упорно да се негира јазичната реалност?

Бугарскиот дијалектен систем е една реалност, а македонскиот дијалектен систем е друга реалност. Тоа не го мислиме само ние, нивните колеги, од ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Република Македонија туку и сите објективни толкувачи на лингвистичката реалност; сиот разумен свет, кој го почитува авторитетот на лингвистичките аргументи…

Чуму им е политиката на бугарските млади лингвисти? … Им пречи ли посебниот македонски идентитет, одделното себепрепознавање на Македонците, наспрема нивниот бугарски идентитет? Така ќе да е. Но, белким така не се градат добрососедските односи во Европската Унија!?

Македонскиот дијалектен систем, на кој се базира македонскиот стандарден јазик, има свое минато, има своја сегашност, а цврсто сме уверени дека ќе има и своја иднина.“

Многу одамна лингвистот Антоан Меје ќе предупреди дека е детински  лингвистиката да се стави во служба на одредена одживеана политика. Но, затоа пак со вакви игри на младите лингвисти не се градат добрососедски односи, туку напротив, тие создаваат непотребни тензии кои можат да имаат реперкусии врз самите нив.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top