На прво место

Венко Филипче сонува за власт!

Македонска Нација

Венко Филипче деновиве помпезно објави некаков „фронт за вистина и правда“. Но, кога јавноста подобро ќе погледне кој стои зад тој таканаречен фронт, станува јасно дека не се работи за народно движење, туку за тесен партиски круг составен од истите луѓе кои со години ја туркаа државата во понижување, криминал, корупција и национално обезличување.

Во тој „фронт“ нема нова енергија, нема идеи, нема народ. Има само Филипче и неколкумина партиски лојалисти, поставени и оставени во врвот на СДС токму од Зоран Заев. Истите тие луѓе кои денес зборуваат за „правда“, а вчера молчеа пред секој скандал, пред секоја афера и пред секое национално понижување што Македонија го трпеше за време на нивното владеење.

Наместо конечно да се соочи со реалноста, Филипче се обидува да продава морал и да глуми загрижен реформатор. Ако навистина е загрижен за државата и граѓаните, тогаш нека почне од сопствениот двор.

Нека ги повика поранешните функционери на СДС, предводени од Зоран Заев, да ги вратат парите за кои јавноста со години слуша дека исчезнувале преку сомнителни тендери, договори и бизнис-шеми. Нека ги повика да се соочат со правдата и да одговараат за сè што ѝ направија на државата.

Нека побара темелна истрага за модуларните болници, каде лично учествувал во тендерските спецификации и потпишувал анекси со кои цената растела за 20 проценти. Нека се истражи каде завршиле тие пари и дали некој профитирал врз трагедијата што во Тетово граѓаните ја платија со човечки животи.

Нека не чека европски обвинители и спектакуларни прес-конференции за „нула толеранција за корупција“. Ако навистина сака правда, тогаш прво нека побара одговорност од компромитираните луѓе во обвинителството и судството, кои со години беа обвинувани дека служат како штит за криминалот на СДС и ДУИ.

Нека се отвори и прашањето за милионските бизниси околу РЕК Битола, за набавките на јаглен, за луксузниот „Ауди Q8“ што според обвинувањата му бил подарен на Филипче, како и за сомнителните трансакции кон фирми поврзувани со Заев во Бугарија. Јавноста со години слуша за овие случаи, а институциите молчат.

Правда има само тогаш кога има одговорност. Кога украденото се враќа кај народот. Кога криминалците, без разлика на функцијата и партиската припадност, одговараат пред законот.

Тогаш ќе има повеќе пари за плати, пензии, земјоделци, училишта, градинки и болници. Тогаш државата конечно ќе почне да дише полесно.

И уште нешто што Филипче очигледно не го разбира, неговата еуфорија за победата на Бугарија на Евровизија и континуираното додворување кон политиките што доаѓаат од Софија не му носат политички поени кај македонските граѓани.

Напротив, граѓаните гледаат кога некој повеќе се грижи за туѓи агенди отколку за македонските национални интереси.

Најново од: На прво место

Се одржа 52. Црковно-народен собор во Чикаго

Од 4 до 6 септември 2026 година, за време на празнувањето на Денот на трудот во САД, во Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго, Илиноис, се одржа 52. Црковно-народен собор на Американско-канадската македонска православна епархија. Со богослужбите чиноначалствуваше надлежниот архиереј, митрополитот г. Методиј, во сослужение со бројни свештеници од САД и Канада. […]

Македонците во Австралија со голема љубов прославуваат 35 години од независноста на Македонија

Заедницата во Австралија се смета за една од најдобро организираните во светот, каде што прославите не се само обичен настан, туку чин на национално единство. Големата почит кон македонските национални празници во дијаспората, особено во Австралија, е клучниот столб што ги чува македонскиот идентитет, јазик и култура илјадници километри подалеку од татковината. Манифестациите во дијаспората […]

Митева: Независноста не им припаѓа на институциите и на Владата, туку на граѓаните

По повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија, во текот на целиот месец се организираат бројни активности и манифестации, чија цел е прославата да им се доближи на граѓаните и да го зајакне чувството на заедништво и припадност кон државата. Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ […]

Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор – една од клучните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас, зајакнување на енергетската безбедност и поврзување на гасните пазари во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Солун го потпиша Меморандумот за соработка, со што Македонија […]

Македонски историски календар: 5 септември

1919 – Роден е Владо Малески, авторот на македонската химна Во Струга е роден Владо Малески, истакнат македонски писател, револуционер, учесник во Народноослободителната борба, новинар, сценарист, дипломат и општествено-политички работник. Малески е автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, како и на сценариото за „Фросина“ – првиот македонски игран филм. Бил […]

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

To top