Коментари

Гордо и стамено Македонци, ќе помине и ова!

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1Мане Јаковлески

Нашиот сосед ги ,,прекрсти“ топонимите од Македонски во Грчки, но успеа ли да ги избрише Македонските спомени и македонскиот идентитет? Продолжувајќи ја истата политика на БРИШЕЊЕ на Македонскиот идентитет ја подготви и пласираше играта ,, Спорот за името“- прекршувајќи ги сите нормативи и декларации навредувајќи го при тоа националниот, јазичниот и културниот идентитет на Македонскиот народ. Името е идентитет, на личност на нација на држава. Кога се менува името се менува идентитетот.

Имаме ли потреба да го промениме нашиот државен идентитет?

Премиерот Никола Груевски зазеде став- Нашиот интерес не е на некого нешто да му одземеме. Ние не сакаме ништо што е туѓо. Ние не сакаме туѓи територии, не сакаме туѓа историја, не сакаме туѓа култура и туѓа цивилизација. Но бараме и не сакаме да ни го земат тоа што е наше и тоа е нашата борба во овој дел. Јас им благодарам на сите граѓани што ни помогнаа да опстоиме во одбраната на националните и државните интереси. Ние ќе продолжиме да бараме решение. Сакаме да најдеме решение, но тоа да не биде на штета на нашите интереси – тоа е ставот на Груевски.

Но за жал, во сопствената земја сме соочени и со оние кои се согласуваат сопствениот идентитет, идентитетот на оние кои крвареле за оваа земја, идентитетот на сопствените деца да го продадат за ситни интереси, за сопствен бенефит, водени од болната амбиција за власт, оние кои бескрупулозно 30 години плукаат по сопствениот народ и земја се најгласни во аукциската продажба на името, идентитетот, во продажбата на Македонија. Но и ставот на илјадници Македонци, на сите Македонци кои ја сакаат и почитуваат својата земја, држава, национален идентитет.

Идентитет не е категорија која што се признава: тој се почитува или не. Смешно е да се бара гаранција за нечиј идентитет. На Атина не и’ пречи името на државата: и’ пречат Македонците. Тоа што зборуваме Македонски јазик, што имаме Македонска култура, историја, традиција… Доколку Атина јавно каже дека сме Македонци, проблемот исчезнува. Дури откако тоа ќе се сфати, може да се разговара што е за нас прифатливо, а што не. Без тоа се’ е неодговорна лицитација. Но, Атина секако нема да попушти во таа борба. Не затоа што Атина е во право, или затоа што Атина е во поповолна положба во меѓународни рамки, но затоа што Атина има сопствени одродени Македонци на располагање кои може да ги вклучи и исклучи по потреба. Секогаш кога Македонецот ќе собере сила да извојува победа, Атина ги вади џокерите од ракав преку кои создава раздор во македонското ткиво, Атина ги вклучува во погон оние кои сопствените браќа, бранителите кои ги бранеа нивните домови ги нарекуваат “воени злосторници”, а оние кои го бранат идентитетот ги нарекуваат “диктатори” “националисти”и што ли уште не.

Во Македонија во сите историски времиња има патриоти кои имаат лавовска сила и знаат да се борат за зачувување на Македонија, за зачувување на нацијата, за зачувување на името Македонија и нашиот Македонски идентитет. Ако идентитетот и јазикот остануваат, зошто се менува името на државата? Новото државјанство и непреведениот јазик ја покажуваат целта: да се разнебити се’ наше македонско за да се отвори место за новите, измислени грчки „Македонци“.

Ако се разговара само за името, ако остануваме Македонци и името е само за (по)надвор, како што не’ уверуваат, зошто да нема македонско државјанство? Зошто да се обезличи јазикот? Ним им е јасно (нам?) дека со промена на името се разнебитува македонизмот кај нас. Пасошите ќе мора да бидат со прекрстената држава и новото државјанство, сета извозна документација, ќе мора да доаѓа од новата држава, ќе мора да менуваме Устав и се’ друго – Македонско. Немаме ли ние еднакви права како и сите други народи во светот? Да се дознае нечие име значи да се стапи во врска со носителот на името, да се запознае неговата внатрешна суштина.

Македонците не сакаат да бидат било што друго освен, Македонци!

Во време на демократија во Европа, повторно некој сака да каже дека сме нешто друго. Повторно некому му одговара да фалсификува историја, да ги занемарува фактите, да го брише Македонскиот национален идентитет и Македонската нација и држава.

Овој пат јасно е на кој тоа му одговара оваа борба. Единствено оние кои болни и заслепени од амбицијата за власт сами се продаваат за туѓите интереси. Оние кои ги продаваат своите татковци и дедовци, оние кои ги продаваат сопствените деца.

Македонците и натаму очекуваат Соединетите Американски Држави да останат доследни на својата одлука за признавање на Македонија под нејзиното име од 3 ноември 2004 година, а американската администрација во духот на стратешкото партнерство со Македонија да се воздржи од притисоци за промена на државното име Македонија! Приоритети на македонската политика се разбира дека се безбедноста, развојот, градењето на вредностите и интеграцијата во НАТО и ЕУ, но како Македонија, Македонци и на македонски јазик!

Останвува да веруваме дека ова црно сценарио кое опозицијата по секоја цена сака да го наметне во Македонија, сценариото во кое треба да дојде до братоубиствена војна нема да се оствари по украинскиот рецепт. Останува да веруваме во себе и да ги одбиеме мудро и патриотски сите омаловажувања, навреди и подбуцнувања од сопствените предавници. Гордо и стамено Македонци, ќе помине и ова!

Македонија вечна, АМИН!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top