Коментари

Одговор на најпровокативните ставови на опозицијата за аферата прислушкивање

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Никој од владата нема да поднесе оставка! Нема и не смее да има никакво попуштање пред уцените иницирани од странски служби, иако овие уцени допрва ќе се интензивираат во форма на закани до поединци дека во јавноста ќе бидат пуштани нивни домашни разговори со  чувствителна содржина, ако не се постапи според желбите на опозицијата. Членовите и луѓето блиски до власта сето ова мора да го издржат! Тие се избраници на народот и само народот може да ги смени, а не странските служби! Нека победат на избори СДСМ, па тогаш нека прават техничка влада.

Со презентирањето телефонски разговори од самите Мијалков и Груевски, целосно падна во вода тврдењето на Заев дека тие двајца стоеле зад прислушкувањата. Зарем може некој нормален да поверува дека тие наредиле на своите подредени да ги прислушкуваат самите нив? Секако дека нема никаква логика ваквата претпоставка. Никој нема да му каже на трето лице: „Снимај ме се` што ќе зборувам со друг, па потоа дај ми да преслушам што сум рекол“.

Понатаму, лицето кое знае дека е снимано ќе се воздржува од коментари кои би можеле да му наштетат, ќе избегнува критики и „напади“ против трети лица, ќе избегнува пцости и погрдни зборови, ќе го пушта соговорникот повеќе да зборува (затоа што, нели, снимањето е за да се слушне што ќе каже другиот – никој не се снима себеси за да се слуша потоа самиот што рекол) и сл. Но, ова не е случај со снимените разговори на Груевски и на Мијалков каде тие слободно си зборуваат по телефон, очигледно мислејќи дека зборуваат во четири очи со својот соговорник.

Опозицијата упорно повторува дека Владата и владеачката партија избегнуваат да одговорат на неколку поставени прашања од нивна страна. Па еве да направиме преглед на најекспонираните ставови на опозицијата проследени со соодветен коментар.

СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА:

По налог на Груевски и Мијалков тајно се прислушкувани илјадници граѓани (над 20.000) меѓу кои: политичари, новинари, религиозни великодостоинственици, академици и многу други категории граѓани. Владата лаже кога тврди дека прислушкувањето го извршила странска служба.

КОМЕНТАР:

Како прво Владата не кажа прва дека прислушкувањето го извршила странска служба, туку тоа прв го соопшти самиот Заев! Тој изјави дека податоците од прислушкувањето му ги дала странска служба. Истрагата што подоцна е спроведена од МВР ги потврди овие сознанија, а доказите и сведоштвата за тоа, допрва ќе следуваат. Како второ, ако Груевски и Мијалков ги наредиле прислушкувањата како е можно да постојат прислушкувани разговори во кои тие самите учествуваат? Кој нормален може да верува дека тие им наредиле на трети лица самите нив да ги прислушкуваат?

СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА:

Заев излажал дека странска служба му ги дала снимките за да не ги открие службените лица од МВР кои му ги дале снимките.

КОМЕНТАР:

Ако Заев не сакал да соопштува извори едноставно можел така да каже, а не да спомнува странска служба. Понатаму, вмешаност на странска служба воопшто не мора да значи дека странците снимале однадвор или од вселената… Доволно е да потплатат наши службеници во МВР за да им ја одработат валканата работа. Тоа исто така значи вмешаност на странска служба.

СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА:

Жртви на прислушкувањето се опозициски политичари, новинари, академици, религиозни лица, но и луѓе блиски до власта.

КОМЕНТАР:

Жртви на прислушкувањето пред се` се премиерот Груевски директорот на УБК Сашо Мијалков, како и министри од владата и новинари блиски до владата. Секако дека и погоре набројаните се жртви на ова монструозно сценарио. Впрочем, од досега презентираните снимки јасно се виде кој бил прислушкуван.

СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА:

Министрите од владата чии разговори се снимени, но и премиерот и Мијалков, избегнуваат да ги коментираат снимените разговори.

КОМЕНТАР:

Министрите и сите останати прислушкувани се шокирани и згрозени од перверзниот чин на емитување на овие снимки. Тие сепак се само обични семејни и чесни луѓе со свои чувства и емоции. Не е лесно кога странски платеници те снимаат, а потоа нивните овдешни лакеи ти пуштаат што си зборувал пред неколку години и се изживуваат со тоа. Тоа е перверзија. Сепак најавено е дека коментари на разговорите ќе следуваат таму каде што треба, а тоа е судот.

СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА:

Од сите луѓе блиски до премиерот само недостасува снимен разговор помеѓу него и Мијалков. Зарем тоа не е доказ дека тие се нарачатели на прислушкувањата?

ОДГОВОР:

Тоа го тврди само Заев и никој друг, но од каде да знаеме дека е така? Кој може да докаже дека такви разговори нема снимено? Зарем некој е толку наивен да помисли дека таквите разговори тој би ги објавил? Значи се работи за многу добро смислено сценарио кое подолу целосно ќе го објасниме.

СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА:

Најприслушкувани се опозициските новинари. Зарем тоа не е доказ дека  власта ги прислушкувала?

ОДГОВОР:

Не, овде се работи за перфидна манипулација чија крајна цел е луѓето да поверуваат дека власта е таа што прислушкувала. За да биде појасно, како илустрација, ќе наведеме еден замислен пример.

Да претпоставиме дека некој маж сака кришум да изврши грабеж на банка, но притоа како главен осомничен сака да намести некоја жена. Како ќе постапи тој? Нормално дека на местото на злосторството намерно ќе подметне траги кои асоцираат на жена (на пример ќе подметне траги од кармин, лак за нокти и сл.), се` со цел да ги заведе истражителите да помислат дека некоја жена ја извршила кражбата. Така е и овде. Според овој перфиден план, сосема е можно дека најприслушкувани биле опозициските новинари (иако тоа со сигурност не го знаеме) со цел народот да го помисли токму тоа: „Штом најприслушкувани се опозициските новинари, тогаш мора зад прислушкувањето да стои власта“. Практично, планот е да се направи претстава според сценариото како би изгледало кога власта би прислушкувала. Но, Заев се зафркна кога објави дека прислушкувани биле и самиот премиер Груевски и Мијалков, т.е. дека и тие се жртви на прислушкувањето. Пак ќе повторам дека никој нормален не може да поверува дека тие сами себе си се прислушкувале, посебно не разговори во кои слободно се изразуваат.

СТАВ НА ОПОЗИЦИЈАТА:

Премиерот, Директорот на УБК, министрите Јанкуловска и Ставрески и ред други министри треба да си поднесат оставка. Владата треба да падне и наместо неа треба да се формира техничка влада.

КОМЕНТАР:

Никој од владата нема да поднесе оставка! Нема и не смее да има никакво попуштање пред уцените иницирани од странски служби, иако овие уцени допрва ќе се интензивираат во форма на закани до поединци дека во јавноста ќе бидат пуштани нивни домашни разговори со чувствителна содржина, ако не се постапи според желбите на опозицијата. Членовите и луѓето блиски до власта сето ова мора да го издржат! Тие се избраници на народот и само народот може да ги смени, а не странските служби! Нека победат на избори СДСМ, па тогаш нека прават техничка влада.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top