Коментари

Ќе ја „спасувале“ ВМРО ДПМНЕ од ВМРО-ци!?

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Македонскиот народ и овој пат ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет

Неодамна медиумите објавија дека тројца поранешни високи функционери во Владата на ВМРО ДПМНЕ се состанале во Амстердам, каде наводно заговарале да му се спротивстават  на Никола Груевски и челните луѓе на партијата. Таканаречената „Амстердамска тројка“,  како што се шпекулира, заговарале реформи во владеачката партија, каде според нив има големи превирања и постои незадоволство од раководството! Ќе ја „спасувале“ ВМРО ДПМНЕ од ВМРО-ци!?

Денес, кога СДСМ се обидува да ја втурне нашата земја во политичка криза, поддржана и исконструирана од надвор, се појавија тројца политички недораснати политиканти, да ја „спасуваат“ ВМРО ДПМНЕ. Иако со години ги реализираат своите кариери надвор од политичкиот и партискиот живот, како луѓе блиски до одредени кругови од поранешното раководство на партијата „Амстердамска тројка“ си дозволуваат да најават делба на најголема и најорганизирана владеечка партија.

Невидена наивност, младешка глупост, пуста желба и лични интереси повторно да се добие  некоја висока партиска или државна функција или пак се работи за ветувања многу поголеми од функција во власта за оваа „Амстердамска тројка“ !? Ако се има предвид дека тројцата се школувани во странство, дека еден од нив учествувал во преговорите за името, се отвара прашањето која е нивната вистинска намера? Колку и каква е нивната улога во ова сценарио што дома го спроведува лидерот на СДСМ Зоран Заев и кој тоа нив ги повикал да ја спасуваат партијата и од кого?  Од Никола Груевски!?

Ако на првиот претседател и еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски не му успеа да ја разнебити партијата, тогаш како оваа млада тројка мисли тоа да го направи, особено не оние кои не се членови и чии кариери не се политички поврзани со неа.

Инаку ВМРО ДПМНЕ е партија изградена врз цврсти идеолошки принципи и ниту еден од „Амстердамска тројка“ не ја познава идеологијата на партијата за да можат да судат за неа. Тие се премлади за да знаат да говорат за неа,  поточно тие беа во пелени кога таа е создадена, за да може денес да се јавуваат како спасители на ВМРО ДПМНЕ.

Да се биде член на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е привилегија и е влог за иднината на Македонија, а оваа тројка нема кредибилитет да биде спасител на партијата и земјата. Добро е тие и многу други да се потсетат на некои на моменти како и кога е формирана ВМРО ДПМНЕ:

„На 17 јуни 1990 година, ден недела, во салата на домот на млади 25 мај во Скопје, се собраа неколку стотини патриоти од сите краеви на Македонија, од Европа, Америка, Канада, Австралија, на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ. Од говорницата беше изговорено: Македонија ќе има своја армија, своја валута, сопствена Дипломатија и ќе има сопствени македонски амбасадори, македонска репрезетнација во фудбал, кошарка, ракомет… Ќе ги има сите белези на една современа европска држава.

Кога деведесетите години се дозна дека некој ги зеде четирите свети букви ВМРО и ги стави на партија, многумина си поставија прашање, смее ли некој тоа да го направи? Македонските патриоти ги ставија четирите букви ВМРО на партијата што тогаша се формира, затоа што беа задоени со идејата за самостојна Македонија и ги продолжуваа идеалите на сите предходни генерации, да се изборат за сопствена држава.

Денес имаме се што тогаш се вети, денес имаме Влада од партијата која тогаш ја формиравме, Влада на ВМРО-ДПМНЕ, на чие чело е неуморниот Претседател Никола Груевски. Претседателот Груевски, го зачува аманетот на основоположниците на ВМРО-ДПМНЕ и секојдневно го пренесува на оваа денешна младина,  која се повеќе ја спознава важноста и значењето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и како автентична македонска идеологија. Претседателот Никола Груевски  успеа да го воздигне  ВМРО, да му даде нов елан, Македонецот да верува во ВМРО-ДПМНЕ како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој.

Во годината кога со крупни чекори Македонија оди напред,

опозицијата  наметна  нови  предизвици  кои најмногу и штетат на нашата држава на која и тие самите и припаѓаат. Секојдневно измислуваат нешто, позитивните работи кои ги прави актуелнава Влада, сакаат да ги претстават како лоши, критикуваат и за постапки од минатото во кои тие самите беа замешани или тие беа организатори. Измислија нешта кои не ги препознава, ниту одобрува ниедна демократска држава во светот. Тажно е кога на таков низок начин покажуваат каков е и каков би бил нивниот принцип на практикување на власта и на демократијата. Времето за такво политичко општење какво што тие го заговараат, заврши во 1990 година.

Јас како еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ му дадов целосна поддршка на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски. Го поддржав лидерот на партијата да истрае на патот по кој чекори и заедно да се победат сите зла кои се исправени пред македонската држава и народ. Да не се допушти разнебитувањето на земјата да земе замав.

Обидот на СДСМ да креира хаос и конфузија меѓу Македонците нема да доживее успех. Сепак, обидите за дестабилизација продолжуваат од страна на странски сили со соучество на внатрешни групи кои работат со хистерична одлучност против сопствената држава.

Македонскиот народ покажа во многу наврати дека нема да дозволи надворешните непријатели или внатрешната Петта Колона да ја загрози нивната иднина.

Тоа нема да го дозволи и зошто многу македонски патриоти, војводи, комити, партизани, ги положиле своите животи на олтарот на слободата за независна Македонија. Денес, нив ги нема веќе меѓу живите, но останал споменот за нив и нивниот аманет да се истрае во борбата за самостојна и национална држава на македонскиот народ и таа да се чува како очите во главата.

Денес кога имаме своја македонска држава да не ги правиме истите грешки од минатото, да не се делиме, да се бориме за македонското национално единство, да ја продолжиме идеологијата на ВМРО, идеологијата која деведесетите години низ сите градови и села и во дијаспората ја споделувавме, идеологијата за која илјадници Македонци го дале својот живот: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Груевски, на последните демократски избори постигна резултати невидени до денес, и одржува стабилен рејтинг ретко виден и кај нас и во светот. ВМРО-ДПМНЕ денес е голема, модерна, стабилна партија со силни демохристијански вредности, со идеологија на четирите свети букви.

Ќе дојде ден кога и опозицијата предводена од СДСМ политички ќе созрее.

Тоа е добро за државава: на секоја сериозна демократија и е потребна силна власт и силна опозиција. Да се расправаме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија, тогаш разликите се потребни и корисни. Меѓутоа, кога е во прашање националниот интерес на Македонија, тука мора да има единство, тука мора сите да мислиме исто, со Македонска глава, водени од Македонски интерес, со љубов кон Македонија.

На крајот, добро е да се потсетиме на зборовите на илинденецот д-р Владислав (Славчо) Ковачев, борец за слободата на Македонија, кој во една прилика ќе рече:

„Тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на Татковината“!

Основачите, ветераните на ВМРО-ДПМНЕ,  кои што се задоени со сочното македонско млеко, денес порачуваат:  „Претседателе Никола, продолжете храбро да ја водите ВМРО-ДПМНЕ. А „ вие самопрогласени спасувачи, не се играјте со Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, подалеку од партијата, за да не се изгорите“ .

Македонскиот народ и овој пат ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет предводен од ВМРО ДПМНЕ.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top