Коментари

Елада ја создале само Европјаните


Ристо Ивановски

Кога се говори за новата држава Елада (т.н. Грција), неа ја создале Европјаните. Зачетокот бил во Русија, откаде почналала да се шири идејата за создавање на новата држава Елада. Нивни водачи биле само Македонците од царското т.н. византиско семејство Комнени, двајца браќа од семејството Ипсилантис, кои биле во служба на царска Русија. За ослободувањето на Елада се бореле само свештеници и борците- клепти. Што ова означува? Само едно- Елада била само православна држава, за која се бореле клепти= к лепт и. Што означувал самиот поим клепт? Ништо друго, туку само лепит! Што значи на македонски лепит- на некој раката да му лепит? Тоа означува дека тој бил само крадец! Или арамија, арам да биде-од рамо.

Се кажа, Русија ја ослободи Елада. Зошто? Затоа што Русија како православна држава била водилка на православието. Па токму и затоа Елада била само православна држава, против која се бореле Турците=Муслиманите. Така бил и Македонецот пашата Али Мохамед од Кавала кој постанал египетски крал. Токму по негова порачка Верди ја напишал Аида која била за египетска химна, со една грешка, старите Египтјани биле претставени Црнци- Египтјаните биле само Белци со закосени очи… Мохамед Али имал извонредни убијци Албанци, кои се бореле во Елада против Православните. Во Елада 100% Турци=Муслимани биле убиени. Со ова се потврдува, Елада не била никаква национална држава, туку само православна. Со ова се заклучува, никогаш немало народ Еладци- таков ниту денес постои. Зошто? Затоа што тој е повеќерасен, а народот е само еднорасен. Еве ги расите: Белци (Пелазги), а Елада била Пелазгија (Херодот, Тукидид); Циганите од 14- 15 век со индијски музички инструмент бузуки; во 20 век биле колонизирани православни Кавказци. Какви биле тие? Само протерани од Кемал Ататурк со потекло од Дебарско, роден во Солун и школуван само во Битола. Па овде се` било само македонско. Овие Кавказци имале дури монголски одлики, говореле само турски, а биле само православни Грци, припадници на Цариградската патријаршија. Овие ги зазеле имотите на Македонците кои како Муслимани=Турци биле протерани во Турција која била исламска држава. Ваквите Македонци говореле само македонски говори, а ги славеле Орфеј, Филип, Александар, Букефал итн. Што ова значи? 100% едно исто, страдале и ќе страдаат само Македонците, и тоа за невек…

Па кој ја ослободил Елада? Само Русите како копнена војска и Венецијанците со својата флота за морска војна. Прв претседател бил рускиот дипломат Каподистриас, кој бил убиен, и дошле Баварците итн. 

Следи зошто била создадена Елада? Како европска благодарност кон Александар Македонски, неговото возобновено царство Источно Римско (Ромејско) Царство-т.н. Византија, Европа решила да создаде нова држава, со име Елада. Бидејќи постоел историскиот поим Хелени, многу патеписци ја посетувале Елада, како нова држава. Тие биле изненадени, што во Елада немало Хелени, и тој поим не бил во употреба, туку само Ромејци (Римјани). Па тој поим бил наметнат од времето по пропаста на Македонското Царство, кое било завладеано од Римјаните.

Следи на Балканот сите христијани биле само Ромејци со главен град Цариград. Исто така, бидејќи биле укинати сите цркви, што било по налог на Рим и Виена, а дело на ненадлежниот султан, сите Православни како еден православен народ кои биле припадници само на Цариградската патријаршија биле само Грци. Ова било само поради тоа што името Греики, според греи= греј, со значење дојденци во Јужна Италија, било навредливо за Македонците од македонската династија кои владееле во Јужна Италија. Судирот за неа бил кога на власт бил Франкот (Германецот) Отон Први, за што има преписки. Само со двојната војна, од Исток со исламот и од Запад Латините Македонците во 1071 година биле протерани од Јужна Италија.

Значи, Еладците биле само Римјани (Ромејци) и како Православни само Грци- никако некакви си Хелени. Нивниот народен јазик бил само пелазгиски (т.н. словенски), што го потврдиле Фалмерајер, баварскиот принц Отон- прв еладски крал и Силовестер во 1904 година. Првиот владин лист во Елада за време на Отон бил двојазичен на германски и Александријскиот Птоломејов јазик коине (т.н. старо-грчки) кој со Апостол Павле постанал христијански јазик, а првиот еладски јазик катаревуса бил од 1868 година. Токму и затоа Григор Прличев не го познавал т.н. грчки јазик катаревуса, туку само македонскиот христијански јазик коине.

Следи Григор Прличев бил само Грк, како што биле сите Балканци, што 100% важело за Елада. Селото Атина со сета Елада тогаш било под соборната црква Св. Димитрија- Битола која ја краси т.н. византиски православен двоглав орел кој денес е руски и српски, кој го носел и Македонецот Георг Кастриотис (печат) = т.н. Скендербег, што за време на фашизмот во Арбанија=Албанија бил семеен грб (Дуче) никако на било каков непознат народ Шкиптари- Арбани, р=л.

Со наводот што сака да се каже? Историски држава имало само Македонија, никаква друга! За време на Филип Македонски Балканот бил Македонски Полуостров, што се менало со Германецот Цојне (1808). Во 1808 година немало ни Елада, ни Србија, никако Бугарија, не дај боже Арбанија, а денес страдаат само  Македонците, со своите македонски собраќа Срби, Бугари, Црногорци…, но никако Еладци и Арбаните, изроди на својот македонски род, кои до денес се во служба на Европјаните и САД-чаните, нови творби.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top