Коментари

Никола Груевски со лавовско македонско срце ја дава својата истрајност за Македонија

nikola-gruevski-2

НА 15 МАРТ СЕ СЛУЧИ МАКЕДОНСКИ НАРОД

На 15 март, во спортската сала „Борис Трајковски“, илјадници загрижени граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Евреи, симпатизери, членови, основачи, ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, достоинствено како што доликува на луѓе кои што си ја сакаат сопствената држава, масовно му дадоа поддршка на македонскиот Премиер Никола Груевски и му порачаа да продолжи со политиката која со својот тим ја спроведуваше во изминатиот период.

nikola-gruevski-2

Македонскиот народ кој го издражал римското владеење, византискиот притисок, османлиското ропство, балканската тиранија, никогаш нема да се помири со оние кои сакаат да му го одземат името, јазикот, идентитетот и природниот стремеж да биде слободен стопан во својата куќа.

Ни денес не се штедат средства за да се убедат Македонците кои не сакаат да се откажат од своето име, јазик, идентитет.

Постоењето на Македонија и Македонците како народ за Грција е провокација. Но, тоа е речиси еднаква и за сите учесници на Букурешкиот мировен договор од 1913 година. Бидејќи проблемот на Европа можат да им го решат само национално обезличени, корумпирани и неодговорни раководства, кои прифаќаат да потпишаат се` што ќе им се наложи, според претходно утврдено сценарио и преку претходно таргетирани без`рбетници меѓу партии и НВО секторот, организаторот ја започна својата игра. Нивна цел е на власт да донесат гарнитура која ќе им овозможи лесно решавање на проблемот со името, а со тоа Македонците да го изгубат својот идентитет и да исчезнат од листата на народи.

Од осамостојувањето на земјата речиси да нема година, а да не започнат активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДСМ. И оваа пролет партиските челници на СДСМ започнаа активности кои имаат за цел да го раздразнат македонскиот народ, да ја нарушат неговата доверба кон институциите на системот и раководството на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и да извршат процена за можно преземање на власта, односно преку формирање на техничка или преодна влада.

Таканаречените „бомби“, исконструирани прислушувани разговори, кои Зоран Заев, лидерот на СДСМ, ги пласира во јавноста во последно време, се само тест проба со која треба да се компромитира раководството на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како пред сопственото членство и домашната јавност, така и пред меѓународната заедница.

Меѓутоа, обидот на сценаристите преку Зоран Заев да ловат во матно се покажа како неуспешен. Иако добро извежбан од своите спонзори, сепак лошиот глумец, со серија грешки во пласирањето на т.н. „бомби“, го покажа вистинското лице.

Македонскиот народ кој внимателно и молкум ги следеше првите епизоди од бомбашката серија на Заев, не се фати на фрлената мамка. Неговото истенчено сетило и вековна собрана мудрост која се пренесува од колено на колено, како достоен чувар на македонско име и идеја, уште еднаш ја препозна намерата на Заев по секоја цена да се дојде на власт за да им испорача на своите надворешни налогодавци промена на Уставот и името.

Истовремено и премиерот Никола Груевски, внимателно и мудро го следи развојот на настаните креирани по туѓо сценарио, чекајќи да се демаскираат сите нелегални обиди на Заев за создавање на вештачка политичка криза и дестабилизација на земјата, пред да премине во контранапад. Тој не прифати да игра по туѓи ноти, туку внимателно превентивно ги распореди силите и ресурсите со цел да се справи со СДСМ-овската елементарна непогода и да ја спаси македонската држава. Но, сето тоа не би можел да го направи ако зад него не застана народот.

На 15 март, на настанот кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала „Борис Трајковски“, илијадници граѓани масовно му дадоа поддршка на македонскиот премиер и политиката која со својот тим ја спроведуваше во изминатиот период.

Македонскиот народ, кој добро ги познава слабостите, грешките, но и предностите на владеачката партија, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, припадник на коалицијата или опозицијата, симпатизер или загрижен граѓанин за судбината на Македонија, со своето масовно присуство му дадоа силен ветер на владеачката партија да истрае во спроведувањето на својата програма за вработување, за развој на економијата, за зголемување на инвестициите, за зголемување на стандардот на населението, за создавање на модерно здравство и образование,… но и за одбрана на исконското библиско македонско име за кое во минатото загинаа илијадници Македонци.

Македонскиот народ кој е свесен дека кај раководството на СДСМ на чело со Заев може лесно да помине секакво барање од надвор, силно кажа НЕ на обидите на Заев за дестабилилизација на земјата и трговија со името.

Оттука, чуствувајќи го пулсот на народот, премиерот Груевски во говорот на овој настан ќе рече:

„Не е нашиот народ наивен, воопшто не е. Овој народ поминал многу во минатото, нашиот народ е мирен, спокоен, семеен, сака сигурна иднина, сака извесност, и не дај Боже да му брцнеш во око, или да пробаш да го излажеш и изманипулираш. Тогаш не те спасува ни странец обвинител, ниту пак нарачани од некого изјави и натписи по странски медиуми… Кога ќе зацапаш по пат како нивниот, кој што е полн со недоречености, интриги, измами, сценарија и туѓи интереси, тогаш е многу тешко да се вратиш од тој пат. Тогаш си цело време заложник на тој на кого си му ја продал душата. Нашиот народ не го поддржува тоа. Доказ за тоа се овие луѓе тука, доказ за тоа се илјадниците писма и пораки кои ги добиваме изминатиов период, доказ за тоа се на крај и истражувањата и анализите, кои очигледно некој не сака да ги објави, а кои јасно покажуваат дека ова не им проаѓа, дека ова не им успева, дека народот ги има прочитано и дека народот во нив не гледа никаква алтернатива. Народот ги слуша, но не ги одобрува, ги слуша но не ги оправдува и поддржува“.

Народот, како што вели премиерот Груевски „бара од политичарите да бидат одговорни и да им понудат излез, извесност, иднина, проекти, програма, конкретни мерки, работни места, повисок стандард, остварен и ветувања, кои ќе значат подобар живот за граѓаните и повеќе можности за секој од нив“. Затоа обидите на СДСМ да ја воведат земјата во криза бараат сериозен одговор и наскоро ќе има одговор“, вели премиерот, а тоа што го ветува го исполнува.

Македонскиот народ нема резервна татковина и има право да превземе секакви мерки против сите оние кои сакаат да и` наштетат на нашата држава. Тоа значи нема избори, но ќе има одговор. Сериозен одговор од македонскиот народ!

Во овие тешки времиња за Македонија, Премиерот Никола Груевски со лавовско македонско срце ја дава својата истрајност за Македонија.

Премиере Никола Груевски, продолжи храбро да ја водиш МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА, АМИН!

1 32

narod-4

narod-5

narod-6

narod-7

narod-8

1 18

Мане Јаковлески

Резолуција од Македонската дијаспора во Австралија:

http://www.mn.mk/aktuelno/10218-Makedoncite-vo-Avstralija-izglasaa-rezolucija-po-povod-politickata-kriza-vo-Makedonija

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top