Коментари

Што има во името? Многу, се чини.

jasmina georgievski

jasmina georgievski
Јасмина Ѓоргиевска

Големо достигнување е да се оствари и одржи државна независност со помош на правото, но не и со помош на силата.

Македонија се избори за својата независност без пролевање крв.

Никој во светската политика не е имун на фактот дека една мала и кревка држава беше и сеуште е изложена на насилството од некогаш посилниот сосед кој хронично боледува од треската на национализмот.

Аргументите на Владата на Република Македонија со чесно поведение, а кои ги почитуваат декларативните европски принципи се` поинтензивно се користат во насока на остварување стратешката надворешно-политичка цел, интеграција во европската унија (ПО ДЕФИНИЦИЈА УНИЈА ЗНАЧИ ЦЕЛИНА, ЗБИР ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ВО РЕГИОНОТ, А ЧИЕ ФУНЦИОНИРАЊЕ Е ВРЗ ПОЧИТУВАЊЕ НА ГЛАВНИТЕ ПРИНЦИПИ КОИ СЕ НАДНАЦИОНАЛНИ ГЛАВНО ЗА ПОДДРШКА НА МИРОТ И ПРОСПЕРИТЕТОТ).

Противењето на Атина на НАТО проширувањето во Македонија, е слично по карактерот на релацијата Србија-Косово, или уште посоодветно е на тврдењето на заедниците дека се историски жртви на навреда, на окупацијата од страна на Османлиите, искуство портретирано многу полошо отколку што вистински е.

Грчкиот став целосно го експлоатира фактот дека не постои јасна идентификација со државното наследство-имот.

Пред Александар, Грција е конгломерат на градови држави и потпадна под македонска власт. Со Александар стана империја која се прошири на Авганистан. По Александар стана дел од друга империја, римска, византиска, отоманска.

За разлика од нивните грчки хомоними, со кои имаат малку заедничко, Грците денес немаат доволно кохерентен идентитет за да се чувствуваат безбедни, тврдат со голема страст и покрај сите докази, директно потомство со античките Грци, истото укажува дека според многу луѓе, правилно информирани дека тие се многу повеќе словенски од грчки да бидам попрецизна, словенски на источната страна на полуостровот, албански од другата… Дури и самите Грци, кога ќе се почувствуваат разумни ќе го признаат неизвесното потекло. Авторот Никола Гејџ, грчки и покрај името признава дека современите Грци се производ на вековното мешање и инвазии на Турци, Словени (Македонци), Франки, Албанци, Италијани што се чита на нивните лица.

Во секој случај, Филип и Александар, никогаш не одговарале на стандардите на Атина, Демостен гласно говорел за Филип – „Човек кој не само што не е Грк, не е ниту варварин, тој е наследник на Македон од Македонија, земја од која никогаш не добивме “достоен роб“.

Дали денес постои релевантно покритие, истите ставови на грчките современици да бидат изменети во позитивни, истите историски личности да бидат доволно грчки и присвоени, дали постои сериозно образложение за вревата околу Вергина, името, освен стравот да се издржи вистината – стоечки.

Македонија се етаблира како самоуверена држава во меѓународните односи и промовира политика преку која достоинството на нацијата се брани со одбраната на уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top