Коментари

Што толку лошо им направи државата Македонија на овие со тапија докажани изроди?

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Рани куче да те лае.

Што е дефиниција или причина за пуч? Кога група Македонци, џаболебари и страдни за богатство, раскош и блуд… прифаќаат да се стават на услуга на душмани по цена и на сопствена несреќа и несреќата на идните свои поколенија.

Заев е само прв кадар – стоти пат за последниве сто и кусур години, кој со цвеќиња во раце спектакуларно ги пречекуваа окупаторите на Македонија како свои спасители.

Рани куче да те лае.

Но прашањето кое се наметнува е, што толку лошо им направи државата Македонија на овие со тапија докажани изроди? Им должи ли нешто? Се` додека се манифестира добриот и питом карактер на Македонците, со традиционалното она наше дека сме со крстот на чело и како прави Христијани да им простуваме, оти нели, наши се… Се` дотогаш оваа багра криминалци желни за власт со подршка од странски центри ќе не` малтретираат сите нас и ќе го кочат напредокот и развојот на Македонија во секое поле и поглед. 

На социјалните мрежи им поставувам јавно прашање на сите СДСМ-овци кој е Македонец, колку ја сакате Македонија и каква бенефиција има Македонија од нивната Партија ?

Кој да ми верува дека ни еден од нив не сака да каже дека е Македонец или бар малку некој да ја сака Македонија.

А сакаат да управуваат во Македонија, да ја водат, да ја газат, да ја продаваат… што би рекол почитуваниот Амди – мамето да и` го расплакаат на Македонија. Дури сакаат и живот добар и голем стандард како во Австралија (што е добро и јас истото сто пати повеќе го посакувам) ама со СДСМ на чело (за што и јас не се противам, ама со нови, чесни и млади луѓе со идеи, визии и програми) – но немаат идеја и се прават како од Марс паднати. Одговорот им е една иста реторика како папагали дека оваа Влада е фашистичка?!?!? Мијалков и Груевски наводно краделе милиони евра, а никаде докази, а воедно ни еден збор за криминалите на СДСМ и Заев, како да не постои ниту ќе постои такво нешто. 

Едно појаснување: Јас сум роден Скопјанец од Карпош 1, каде комшија баш на едем метар од зградата моја ми беше Бранко Црвенковски. Јас сум 59 генерација, а тој 64. Значи 5 години помлад од мене. Паметам кога растеше, поминуваше за школо покрај нас со неколку чворги за да се знае кој е главен во маалото…. па се чудам до денес како тоа просто и неинтелегентно дете дојде да ја унакази Македонија во тие главни и важни моменти на Македонија? Трагедијата е уште поголема што Бране за оној корнишонот струмички е интелегенција и мозок од друга планета, па замислете до кое дереџе дојдовме со овие Мохиканци да ни ја кројат судбината и да не` продаваат како стока на пазар за дај што ќе дадеш. 

Да се разбереме: Овој пуч како и сите пучови од минатото, помали или поголеми, сме ги издржале и ќе ги издржиме. Затоа сме Македонци непокорни и вечни како такви ќе останеме. Господ е со Нас. Но едно ме иритира, зошто да бидеме добри со вакви изроди и измамници, зошто да не скапуваат во затвори, а скапувале добри и чесни Македонци (Драган Богдановски, Ченто,…) само затоа што си ја сакале Македонија и се изјаснувале како Македонци!

НАЈСТРОГ ЗАТВОР И НИКАКВА МИЛОСТ, те бил Заев или Свети Заев. Не смее да има ни една политичка партија или лидер во Македонија, без да се изјасни и заколне дека нема да ја издаде Македонија, дека ќе служи верно и ако фали и украде некој од државата да сноси голема одговорност. За политички партии од други етноси, да важат меѓународни правила од Русија и Кина, никако од Америка и ЕУ – доволно беше и никогаш да не се повтори. 

Можеме да констатираме само дека со овој пуч – Заев стави клуч на СДСМ.

Оваа Партија нема никогаш да се консолидира и застане на свои нозе. Нивната десперација за власт е преголема и тоа е тоа што ќе ги закопа, заедно со предавничкиот нивни карактер каде името на земјата која сакаат да ја водат и продадат, нејќат дури ни името да и` го спомнат.

Затоа ги нема никаде на успесите на ракометарите, кошаркарите и секој еден што ќе постигне успех што ја величи Македонија. Милионите на Сорос се храна и пасош за пеколот. На здравје нека им се!!!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top