Фељтон

Дел од вистината за македонците во САД (1)

slave-katin

slave-katin
Пишува
СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Македонските православни цркви во САД се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во дијаспората како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци.

Така, во Гери, градот кој е сместен на триесеттина километри од метропо-лата Чикаго, во државата Илиноис е изградена македонската православна црква “Свети Петар и Свети Павле”. Таа е прва македонска православна црква во САД, и воопшто на северноамериканскиот континент. Црквата “Свети Петар и Свети Павле” е една од најзначајните и најпознатите цркви и културно-просветни институции на Македонците во Северна Америка и пошироко.

За историскиот развој на овој храм што е презентирано во делата „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ и „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, се вели дека таа е прва црква на Македонците во САД, која е под јурисдикција на Македонската православна црква. Иницијативата за формирање на првиот македонски црковно-народен и духовен храм беше поттикната од група Македонци во септември 1960 година.

sv-petar-i-pavle
Црквата „Свети Петар и Павле“ во Краунт Поинт, Индијана

Меѓутоа, Македонците во Гери пројавија широки активности уште во врмето на организацијата МАНС (Македонски американски народен сојуз), во која членуваа поголем број напредни, прогресивни и познати иселеници, меѓу кои: Благој Попов, Атанас и Васил Близнаков, Методи Метлев и други.

Потоа во Гери беше формирано Д’мбенското селско друтво, едно од најактивните македонски асоцијации на тие простори, а преку друштвото „Александар Велики“, кое се формира во 1938 година почна обединувањето на Македонците. Всушност во друштвото „Александар Велики“ се поставени основите за Македонската православна црква „Свети Петар и Павле“.

Притоа, треба да се нагласи дека обновата на Охридската архиепископија и формирањето на Македонската православна црква во Република Македонија во 1958 година, беше силен поттик за иселениците од Гери и околината да преземат акција за изградба на своја Македонска православна црква. Набргу потоа во 1960 година, тројца родољубиви Македонци од Гери: Петре Глигоровиќ, Владимир Гаштевиќ и Петре Ристиќ, кои во САД заминале кога Македонија беше дел од стара Југославија, станаа иницијатори за акцијата.

Имено, тие направија писмен предлог до македонските семејства во градот Гери и во околината за изградба на македонска црква, што го потпишаа 98 лица, кои побараа дозвола од американските власти за изградба на Македонска православна црква.

Иницијативата за изградба на црква беше со радост поздравена и прифатена од голем број македонски доселеници од етничка Македонија. Така, во 1961 година црковната општина е регистрирана од Македонската митрополија во Скопје, кога е побарано да биде испратен свештеник. Но таму бил свештеникот Спиро Танасковски од Битола кој за прв пат за православните доселеници отслужи богослужба на македонски мајчин јазик во една Сиријска православна црква.

crkva-2

Во почетокот оваа црква е адаптирана во православен храм, а потоа на 14 октомври 1962 година е поставен камен темелникот на идниот македонски храм кој е прв македонски објект на североамериканскиот континент. Овој нов и прв македонски национален и духовен храм е осветен на 14 јули 1963 година од поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Доситеј во сослужение со свештено служители Климе Малевски, Кирил Стојановски и Спиро Танасковски, а во присуство на голем број Македонци од сите делови на Македонија.

Инаку, прв претседател на ова прва македонска православна црква на  северноамериканскиот континент беше истакнатиот иселеник Методија Метлов. Исто така, голем придонес за формирањето на црквата „Свети Петар и Свети Павле“ дал и познатиот донатор Атанас Близнаков, кој во САД живееше над 50 години и по враќањето во Македонија ја формира најголемата фондација „Атанас Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во која авторот на овие редови е постојан член.

Голем придонес на црквата имаат дадено членовите и управите, посебно претседателите на црквата, меѓу кои, Благоја Крстевски, Стево Георгиевски, Благоја Јовановски, Милан Шикаловски, Борис Веловски, Борис Илиевски, Михајло Трајков и многу други од помладата генерација.

Во 1986 година е решено да се купи нова локација на која на 16 октомври 1988 година се поставени и осветени темелите на денешната црква „Свети Петар и Павле“ во Краунт Поинт. Со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ, новиот храм со придружните објекти е осветен на 21 јули 1991 година. Чинот на осветувањето го изврши митрополитите Тимотеј и Стефан. А објектот на „Свети Петар и Павле“ има капацитет за 400 верници и во него ги задоволуваат сите црковни потреби православните Македонци, кои живеат на тие американски простори.

Во состав на црквата е изградена сала за околу 1000 луѓе, како и други простории во кои се одвиваат активности кои се од секојдневното живеење на Македонците во Гери и пошироко. Сликата на црковниот комплекс ја збогатуваат спортскиот објект и големиот паркинг.

Во рамките на црквата од 1979 година работи фолклорната група “Китка”. Исто така, широки активности пројавуваат: женската, младинската и спортската секција, театарската група, црковниот хор, неделното македонско училиште, фудбалскиот клуб “Вардар”, библиотеката и хуманитарната организација.

crkva-3
Црквата „успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо, пак,  е една од значајните македонски православни цркви во САД. Во историјата на МПЦ е забележано дека таа е важна по тоа што на 29 септември 1958 година, во рамките на македонската колонија, за прв пат на американскиот континент се одржа света богослужба на мајчин македонски јазик. Овој чин е извршен во салата на друштвото “Александар Македонски”, формирано во 1938 година, а кое во 1949 година се здоби со сопствена сала, која на 4 март 1973 година ја отстапи на користење на црквата.

Истиот датум фудбалскиот клуб “Македонија” влезе под покровителство на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во 1961 година е купено место за изградба на црквата, каде на 30 август 1964 година се поставени и осветени темелите, а потоа и започна изградбата на црковниот храм.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е осветена на 9 мај 1965 година од тогашниот архиепископ скопски прв митрополит македонски г.г. Доситеј, во сослужение на бројни свештени лица а во присуство на неколку стотици македонски верници од етничка Македонија, претставници на американското општество и медиумите.

Според пишаните документи, еден од почетните иницијатори за формирањето и прв претседател на црквата „Света Богородица“ во Колумбос беше познатиот иселеник од Егејска Македонија Антон (Тони) Стојчев, кој својата неизмерна љубов кон Македонија ја преточи преку македонската црква.

columbus

Тој заедно со бројни и напредни иселеници од постарата генерација, меѓу кои, посебно место им припаѓа на: Вело Божин, Ѓорѓи Тошев, Ангел Чалдис, Лазо Белчев, Џорџ Неделковиќ, Симо Ристов и многу други. Тие,  покрај дејствувањето на силната  асимираторска пропаганда од  народите на соседните држави на Македонија, се организираа во Одбор за изградба на Македонска православна црква, која ќе биде под закрила на Црквата во Македонија.

Исто така, за изградбата на црквата „Света Богородица“ со средства и со работни акции учествуваа голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија и со различни политички убедувања. Меѓу нив, потписници за црквата беа: Методи Пашковиќ, Вело Божин и Петар Кристов.

Посебно место им припаѓа на  свештениците, меѓу кои:Илија Канински, Бошко Кипровски, Борис Арсовски, Душко Ѓорѓиовски и други, како и на претседателите од првите генерации: Андон Стојчев, Џими и Трајан Миленковиќ, Методија Пашовиќ, Гоце Лабудовски, Васко Целевски, Ристо и Гоце Ѓорѓиевски, Бранислав Манев и многу други од помладите генерации.

Храмот има претрпено голем број измени. Така, во 1978 година е изградена нова сала и други помошни простории. Во рамките на црковната општина со успех работи: женска секција, неделно училиште, потоа фудбалскиот клуб “Македонски танец”, хорска, младинска, пејачка, рецитаторска и други секции.

slave-katin-kniga
Во публикациите „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД и „Македонците во САД и Канада“ е даден историскиот развој на Македонските православни цркви и македонските иселеници во САД

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ повеќепати беше домаќин на македонските црковни народни собири, а на собирот во 1985 година, тогашниот градоначалник на Колумбос го прогласи американско-канадскиот архиереј, митрополитот Кирил за почесен граѓанин на градот Колумбос, Охајо.

Продолжува

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top