Коментари

Сотир Костов: Разловечкото востание како почетна точка на македонската државност (1. дел)

По повод 150 години од Разловечкото востание: Како автономната и самоиницијативна селанска буна во Источна Македонија го трасираше патот на вооружената борба за национално ослободување и зацврстување на македонската посебност

Сотир Костов

Македонија во 70-тите години од 19-от век била зафатена од низа револуционерни движења изразени во бунтови, востанија и други форми на отпор, проткаени со мислата за национално ослободување на Македонците и државно осамостојување на Македонија. Годинава изминуваат 150 години од дигањето на Разловечкото востание(1876г.). Ова востание било свесно подготвувана и планирана подолго време револуционерна акција на македонскиот народ од Малешевијата и пошироко во Источна Македонија. Негови организатори се Димитар Поп Георгиев – Беровски, поп Стојан Разловски(од с.Разловци, Пијанечко), Костадин Иљов Карчевски, с.Берово, Малешевско и други нивни соработници.

На почетокот нешто поконкретно за подготовките на востанието. Во подготовките на востанието поп Стојан (во договор со Димитар Поп Георгиев Беровски, кој бил во Солун и спроведувал акција за собирање на оружје) го свикал првото собрание(советување) на истомислениците во планинското место Калаџерџево, над село Разловци, во кое учестувале десетина души од Разловци, меѓу кои и Хаџи Атанас од село Драгобраште, Цоне Дончев од Кочани и др.(Љубен Лапе, 1974г.). Од составот на присутните се гледа дека имало луѓе и од други околии. Инаку, селото Разловци било еден вид природен центар на три соседни околии: Пијанец, Кочанско и Малешевијата. Кога Димитар Поп Георгиев Беровски, се вратил од Солун со оружјето што го набавил, тој свикал и второ советување на подготовка на востанието. На истото се донеле неколку значајни одлуки: Востанието иницијално да се дигне во село Разловци; За водач на востанието бил избран Димитар Поп Георгиев Беровски; Да се нападне и освои и Царево село(Делчево), при што одземаното оружје од Турците да се подели на селаните; Беровски да изврши обиколка и инспекција на Пијанечко, Малешевски, Виничко, Кочанско, Радовишко, Струмичко, Петричко и Мелничко и да го поттикне населението да биде подготвено за борба по објавувањето на почетокот на востанието.

Од овие одлуки се гледа дека востанието не било замислено како локален бунт, туку како пошироко народно востание. За карактерот и опфатот на востанието меѓу првите пишува Д-р Иван Катарџиев, кој најпрвин објаснува дека востанието е резултат на сите социјални и политички превривања уште од времето на ајдутската традиција на Иљо војвода во целиот Малешевски крај. Понатаму, продолжува дека според идеите и плановите на иницијаторот на востанието Беровски, востанието требало да биде масовно движење на селаните од тој крај, за да на крај заклучи дека карактерот на тие активности бил селанска буна(Иван Катарџиев, 1961г.).

Академик Манол Пандевски, подоцна, во 1976г. најпрвин ќе го постави прашањето, дали Разловечкото востание е буна или востание, за да после широка експликација на замислените, остварените и неостварени востанички акции, заклучи дека востанието се јавува како изразита автохтона и самоиницијативна пројава. Подоцна, после сестрано проучување на востанието и изнесување на нови, дотогаш непознати докази, ова го потврдува и историчарот Михајло Миноски, кога констатира дека ова востание е прво македонско востание, и е многу важно што тоа било организирано и раководено автономно, без никакво влијание од надворешни фактори. Тој иако укажува на грешки во подготовките и на проблеми во организирањето на востанието, воопшто не го доведува во прашање општонародниот карактер на востанието. И историчар од поновата генерација, Далибор Јовановски, после сестрана и продлабочена анализа за Разловечкото востание(2015г.) констатира дека и покрај крајниот неуспех на востанието, и покрај помалиот обем во однос на подоцнежното Македонско востание(1878г.) Разловечкото востание го отвори патот кон развојот на вооружената борба која подоцна доведе и до создавање на македонска држава, а на тој начин создаде можност за засилување и зацврстување на македонската национална посебност во однос на соседните народи и држави.

Тоа што востанието е дигнато во с.Разловци не е случајно. Треба да знаеме дека Пијанечкиот и Mалешевскиот крај одамна биле познати по својата слободољубивост и бунтовност. По нивните планини и села се движеле четите на Дедо Иљо Малешевски, Румена војвода, Војводата Цоне Дончев и др. Во 50-тие и 60-тите години од 19-от век, не постоела малешевска куќа што не пратиле свој домаќин, син или брат, по малешевските планини, Голак, Пирин, Плачковица, Осогово, Рила. Не случајно кога во 70-тите години од 19-от век, кога се засилиле револуционерните движења на Балканот, овде, во Малешевијата и Пијанец, тоа прераснало во општонародно востание.

Од изнесените факти евидентно е дека ова востание просторно е ограничено(регионално), а временски  краткотрајно, бидејќи плановите биле да се востане само територијата на Источна Македонија. Се гледа дека избувнало во Пијанечкиот крај, и требало да се прошири во Малешевијата, па кон Струмичко, Радовишко, Мелничко до реката Струма, Штипско, Кочанско и до Петричко и Мелничко до реката Струма. Тој процес започнал, но бил прекинат, поради, недоволно востанат број на востаници и  доаѓање и концентрација на голем број турски аскер и башибозук на наведената територија. Но, политичкиот момент и социјалниот карактер на востанието биле успешни. Политичкиот се гледа во целите на востанието и стремеж кон национална слобода и кон политичко(државно) обликување на таа слобода. Социјалниот карактер го изразувал големото незадоволство на македонското население и неговата борба против социјалната и економската онеправданост од страна на Османлискиот режим и во целта таа да се укине.

(продолжува)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Зошто европските политичари водат „салама-тактика“ кон Македонија?

„Салама-тактика“ (германски: Salamitaktik) е политички израз за постепено постигнување на една поголема цел – не одеднаш, туку чекор по чекор, „парче по парче“. Секое поединечно барање изгледа како мала отстапка, но кога ќе се наредат сите отстапки, се гледа целината. Во македонскиот случај тоа може да се препознае во постојаното: „само уште ова“ – по […]

35 години независност – заслугата на дијаспората мора да остане запишана

Целта на оваа колумна не е да се намали или оспори нечиј придонес во создавањето на самостојна Република Македонија. Целта е историската слика да биде целосна и идните генерации да знаат дека македонската дијаспора со децении ја чуваше и ја застапуваше идејата за независна македонска држава. Кога одбележуваме 35 години независност, со право се потсетуваме […]

Меѓу вистината и лагата – како социјалните мрежи ја менуваат информацијата

Во време кога социјалните мрежи ја претворија информацијата во борба за кликови и внимание, сè потешко е да се разграничи вистината од манипулацијата, полувистината и лагата. Тоа сè почесто се случува на социјалните мрежи, каде што се наведуваат линкови за да ја видите целосната објава или ќе прочитате: „Информацијата е во коментар“. Така, во денешно […]

Да видиме од кога постои Грција и грчкото знаме.

Преку глава им е дојдено на Македонците како наводно Грција е лулка на демократија, најстара цивилизација а се друго – никој и ништо. Кога сакате кажете, пред илјада, две, реи или пет илјади години нијкогаш не постоело царство, држава миту клозет именуван со име Грција а уште помалку народ, етнос или група на двајца ненормални […]

СДС беше против родителскиот додаток, а денес бара повеќе пари за трето дете

СДС денес повикува на донесување закон за финансиска поддршка за трето дете како мерка за зголемување на наталитетот. Но јавноста не заборави дека партијата беше против тогашното законско решение за родителски додаток и со години ја критикуваше оваа демографска мерка. Кога СДС дојде на власт, во 2019 година го укина долгорочниот додаток за третото дете […]

За родољубните жени – воинките Македонки

Елизабета Чингарова Матевска, член на Претседателството на Родина Македонија Нашата неисцрпна енергија, љубов, заложба и решителност ги црпиме од нашето славно минато, од генот, воспитувањето и традицијата на нашите мајки, баби и прабаби – од прамајката Ма. Тие се олицетворение на богатата и бурна историја на големите македонски жени и воинки. Ангелина Маркус Ангелина Маркус […]

Најнови вести

To top