Коментари

Последен АПЕЛ до СДСМ

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Најпосле дојде денот кога можам “господа” или “другари” да ви ја треснам вистината во лице. 

Последниве 9 години на Интернет се расправам со вас и не гледате како сте го изгубиле компасот и достоинството. Ми велевте – лесно ти е тебе од Австралија да збориш, платите ваши се големи и кукате до денес за животниот стандард дека ви е мизерен итн. ЕУ и Америка не ги кривите, ама затоа ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мијалков ги зацрнувате до несвест. Дури се измисли и најнова професија во човештвото – ПЛУКАЧ. Чичко ви Сорос како плукачи ве плаќа што повеќе да плукате по Македонија, што еден дежурен плукач, ѓоамити некој новинар, се фали дека ќе плука со цела плуќа додека го држи земјата. Значи, оваа велетројка – ЕУ, Америка и Сорос кои ветуваа мед и млеко на Бугарите и Романците, запустеа се`, Македонија жедна преку вода 23 години ја носат во Европа и НАТО… И види мајката, нема ништо освен стандардот на животот во Македонија е сведен на исто ниво, со цел да речете: Батали името, дај некоја пара. 

СЕГА, КОГА ИМАТЕ НАЈУБАВА МОЖНОСТ ЕКОНОМСКИ ПОЛЕКА ДА ЗАКРЕПНУВАТЕ И ДА ДОЈДЕТЕ НА ДОСТОЈНО ЕКОНОМСКО НИВО, БЛАГОДАРЕНИЕ НА РУСКИОТ ГАСОВОД… Овие аждаи што тотално цицаат крв од цела планета последниве сто до двеста години, едноставно преку Заев, Шеќеринска и компанија ве тера да бидете дел од братоубиствено сценарио, преку докажани монтажи за деца. Тие ќе кркнат милиони евра и некои поблиски до стотици илјади, како и петоосомничениот. Вие највероватно ќе добиете малку повеќе од сега, само за краток период, но доживотно ќе мизерувате како просјаци. Затоа што чичко Сем и чичко Сорос ќе ве исцедат 20 пати повеќе со преголема камата, за сите пари што ги вложувале. Со еден збор, ќе имате убав живот како во моментов во Ирак, Сирија, Авганистан. Тие така им веруваа и си добија. Дали сакате и вие? За ваша информација, Јенките се исфрлени од Австралија одамна и економски сме поврзани со Кина. Тоа е причината што Австралија нема осетено рецесија. Дали сега ја разбирате заврзламата на Заев во врска со Кина? САКАТЕ ДОБАР СТАНДАРД НА ЖИВЕЕЊЕ, НО БЕЗ КИНА? БЕЗ РУСКИОТ ГАСОВОД, КОЈ Е РАМЕН НА ЛОТАРИЈА СО ПРВА НАГРАДА ЗА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ? Ваш избор, после немој повторно да ми кукате на интернет. 

Ова е последен апел до СДСМ и платените плукачи. Ако (не дај Боже) дојдете на власт, ќе мора да гласате против гасоводот Руски, против Кинеската економија и сонот на македонските идни генерации ќе го уништите, доколку ви е тоа цел. Но како помалубројни, секагаш ќе паѓате на избори и нема да има леб за вас. Секогаш ќе останете жигосани како изроди, народски кажано проклети комуњари и ќе пропаднете и така и вака, освен што неколку членови од СДСМ ќе се збогатат. Но, затоа има Господ па зема се`, исто како што дава и ве гледа на искушение. 

ЗАПОМНЕТЕ СДСМ – Последен апел до вас и изборот ќе го направите вие. Етничките судири што ги планира Заев е последната негова карта, заедно со муџахедините. Ако сте жедни за власт, ѓаволот е жеден за крв. Љубчо, бери памет и ти. Последна шанса и за тебе. Време е и ВМРО – НП, ако во деведесетите години се бореле за самостојна Македониоја, тогаш треба во овие тешки времиња да се борат заедно со ВМРО – ДПМНЕ. Време е сите на кои Македонија им е во срцата, да се обединат и борат за иднината на самостојна Македонија. Сето ова е адресирано и важи и за сите нормални и чесни членови и на СДСМ.

За крај, историјата помни како комунистите правеле диверзиички некои и како кукавици после се криеле по шумите. Македонците патриоти, се судрувале директно во борба и покажувале и ќе покажуваат голема храброст во сите битки и се докажани низ историјата… Затоа што не се плашат да умрат за Македонија, а вие се плашите да не ви пропаднат парите од Сорос и Јенките.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top