Коментари

Еднаш кодош, засекогаш кодош.

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Еднаш кодош, засекогаш кодош. Така вели Македонскиот народ – најнапатениот народ од овие изроди. До кога така, зависи само од нас, не од нив. Денешните кодоши, за разлика од поранешните, ќе ги препознаете по изјавите дека оваа Влада (а и било која која освен нивната) е фашистичка, не носат знамиња на земјата која имаат намера да ја водат од тука до рајот и назад, името на “родната земја ” не ја спомнуваат и го продаваат по комшилук и вредат за сто особи, бидејќи имаат толку лажни профили на интернет… Тоа се тие од Бране, Заев па се` до последниот анонимец со нивна книшка. 

Но, јас би се задржал на еден “наш и ваш” кодош, со намера да дојдеме до еден конструктивен заклучок. Тоа е Божин Павловски. 

Како дошол до титула Академик не е релевантно, затоа што за името Југославија пред Македонија во тоа време ако се заколнеше дека е императив и си спремен да ги убиеш и своите родители, автоматски можеше да добиеш титула космонаут, генералисимус, авионски пиротехничар и било што… само да пееш „од Вардара па до Триглава“. Кога виде Божин дека таа идила Југославија ќе се распадне, одма тргна да прошета неколку континенти и да врти петка – глава каде ќе остане, затоа што неговата Мисла каде тој беше чаушот, нели, не требаше да остане на Македонија. Вработените тогаш и до ден денес се прашуваат како останаа на улица и фирмата нагло почна демек да пропаѓа поради наводни загуби. Јас како и сите нормални луѓе, сме тргнале во неизвесност со куфер во раце или со ништо кога сме бегале од комунистите… Но Божин тргна за Америка, па не му се допадна, па најпосле дојде до Австралија и му се допадна. Реши да направи ново гнездо или база каде го остави едниот син да живее… и види мајката, ни Лото играл ни ракета измислил и… одеднаш куќа, бизнис новинарски си купи, а богами и да добиеш виза во тоа време за фамилијата, требаше да се плати и да прикажеш големи пари, затоа што Австралија не дава визи на кодоши и изроди без пари. 

Како и да е, во 1988 во Канбера се сретнав со Панко Стамковски, Македонец, патриот, легенда од Егејска Македонија. Јас свирев со оркестарот Китка и имавме хит во дијаспората – Александар Македонски, па како реномиран состав бевме поканети да свириме по повод Црковната делегација од МПЦ со тројца Владици, а со нив беше и новинарот, а воедно мој школски другар Марјан Велевски. Тогаш Панко ме запозна со Божин и рече овој е еден од нашите Македонци и голем патриот.

Го тргнав Панко на страна и му реков дали знае што збори и да се тргне од него, затоа што имав осет дека го шпионира и се гледаше тоа од авион. После неколку недели го праша Драган Богдановски што мисли за оваа ситуација. Драган му објасни дека ми верува мене, знаејќи што му направив на Грчкиот конзул во Малме, Шведска во 1984… Кога мораше  да ги слуша моите песни: „Абер ми дојде од Солуна града“, „Бегајте Грци не ве сакаме“, „Огин го гори Брезово“, а на Гркот му излегуваше чад од ушите. Како и да е, се докажа дека Божин го шпионираше Панко и во една прилика ме праша како тоа ги откривам кодошите. Му реков земи пример со Шишков, Богдановски… Мачени и тепани по затвори за Македонија, а овие со одела, вратовсрски и милиони долари од чековите на однапред пропаднати фирми, на сметка на Македонскиот народ одат по белиот свет и се декларираат како Македонци патриоти, а воедно продаваат  ветер во магла и се нудат кај душманите комшии да ја закопат Македонија. 

Значи доаѓаме до заклучок дека овие кодоши се големи профитери, без име и знаме на државата што сакаат да ја водат, водат сладок и живот на висока нога на сметка на народот, ве убедуваат дека оваа или онаа Влада е фашистичка, наводно сите крадат, а тие сиромашките за жалење се и треба бар на секој од нив да им обезбедиме по 10 милиони евра и власт до следните 525 години. 

Еднаш кодош, засекогаш кодош. Божин има лице одкога го лустрираа, дури уште да отвара уста и да тресе глупости против сегашната влада. Ако Божин имаше и малку доблест, немаше да дозволи преку својата новина во Мелбурн да прима 5.500 долари годишно од другата страна која се води како приватна компаниска црква и на тој начин да ја поткопува и уништува МПЦ, како и нивни платени огласи за плукање против МПЦ и Владиката, а воедно и да бара одговор од МПЦ под услов ако платат, за да на крај пак мафијашите да платат со последен одговор. Да не заборавиме, како Божин и син му дозволуваат еден неписмен продавач на пиперки со 7 завршено одделение, да стане Доктор на науки во Македонија, а да при тоа како новинари не откриваат и укажуваат на такви аномалии, штетни за Македонија? Одговорот е: Бог да ги бие кодошите. Еднаш кодош, засекогаш кодош.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top