Коментари

Решение само со Груевски!!!

spiro-nikovski

spiro-nikovski
Спиро Никовски

П Р О Т И В Заев и коалицијата на СДСМ, ЛДП, партијата на Бучковски, Партијата на Тито Петковски и другите.

Господине Тричковски, Вашиот сон: “нема решение со Груевски, туку само против Груевски”, сега, утре и во далечна иднина нема да Ви се исполни.

Вие, не сте во положба да поставувате услови! Народот не Ве овласти за било какви совети и услуги! Само македонскиот народ има право да поставува услови и преку избори го дава мандатот: кој, кога и со кого ќе ја води Република Македонија!

СДСМ и коалицијата катастрофално ги изгубија изборите и со тоа треба да се помирите! СДСМ го доби од македонскиот народ мандатот да биде во оваа легислатура парламентарна опозиција! Точка!

Народот нема да Ви дозволи да формирате Влада без добиени избори! Народот нема да Ви дозволи, за влез во ЕУ и НАТО, да го менувате името на Република Македонија и националниот идентитет на македонскиот народ!

Промена на името на Република Македонија и националниот идентитет на Македонците, не е никаква гаранција за влез во ЕУ и НАТО! Таму каде е народот има и победи! Кој е со народот, тој и победува! Партија која ги застапува националните инересите на Република Македонија и македонскиот народ, го добива мандатот за формирање на Влада!

Вие и другите, како граѓани на Република Македонија, имате право на избори да го дадете гласот за таа партија, за која мислите, дека ќе ги застапува Вашите интереси и ништо повеќе! Тоа е! Точка!

Времето кога гласачки листови се фрлаа во гласачките кутии за кандидати кои народот не ги познаваше, одамна е поминато! За разлика од Вас, врвот на СДСМ и нејзините клиенти, македонскиот народ е совесен, воспитан и културен и нема да падне на нивото на кое се наоѓа Вашата партија.

Македонскиот народ нема да ве мачи во Гвантанамо, да ве стрела, протерува, лично навредува, пцуе, да ви се реваншира, мрази, не ви се заканува со телесни повреди, не е љубоморен, не ви завидува, не ве нерекува пореметени психопати, изроди, нацисти, криминалци, расисти; напротив се моли на Господа за спас на вашите заблудени души.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top