Коментари

Вранишковски халуницира

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Македонија – и се` е можно. Толку кодоши имаме што може да ги извезуваме и во вселената на сите ѕвезди и планети што не` опкружуваат. Ама ова со Вранишковски е дефинитивно за Сага за ненормалните. Уште на почеток ќе му дадам нокаут со едно прашање: Зошто во Библијата Македонија е спомната 27 пати, а никаде не се спомнати Србија, Грција, Бугарија, Албанија…? Зошто ете и Александар Македонски е спомнат во Библијата и Куранот, воедно и Македонија како света земја, а никаде ги нема комшиите, кои се ептен новокомпонирани? Дали Вранишковски халуцинира или е на дрога, заедно со рушветот даден од Грчката црква и монахињите со кои прави блуд и оргии, затоа што Српските Владици се зафатени со истополните до даска? 

Дали Вранишковски и СПЦ не знаат дека таму некаде 1762 или тука некаде, СПЦ беше под Охридската Архиепископија и со 100 кила злато, неканонски или незаконски се одвои, со тоа злато што го даде на Турскиот Султан за Автономна црква, со независност наводно од МПЦ – ОА? Среќа што е тоа запишано во Турските архиви за тој “спектакуларен” настан, така да муабетот е завршен кој е мајка црква, а кој е ќерка црква. Кога православните ни браќа наши ценети ќе расчистат со вистината дека Кирил и Методиј го рашириле старомакедонскиот јазик од времето на Александар Македонски преку Христијанството, а не старословенски како што го нарекуваат, иако Словен значеше писмен човек со степен на едукација како Академик денес?

Англичаните нешто научија од Александар Македонски, затворите требаше да ги плаќа државата, па тие ги испраќаа затворениците да ги населуваат Америка, Австралија, а Александар ги праќаше во студени предели денес познати како Сиберија, Украина, Полска, Чешка, Словенија…? 

Лесно е црна врано Вранишковски со пари кодошки да лаеш и тресеш глупости, па затоа имаш само 50 следбеници. Македонија и МПЦ те направија Владика и сега си дојден до оваа ситуација да се занесуваш преку Српскиот црковен корумпиран врв во име на Грците да ни солиш памет и продаваш “историја” и политика. Но, првиот момент кога ќе престане интересот нивни, тебе ќе те шутнат како куче и ќе бидеш плукан од нив со најголем шљајм што ќе го соберат. Ако толку ти значеше религијата, ќе бараше да си бидеш Владика кај нив, а не вака да собираш пари на ѓаволски начин. 

ТВОИТЕ ОТРОВНИ СТРЕЛИ СЕ ПОВРЗАНИ ИСТОВРЕМЕНО И ТЕМПИРАНИ СО ЗОРАН ЗАЕВ САМО СО ЦЕЛ ДА ЈА УНИШТИТЕ МАКЕДОНИЈА И ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ИСТОРИСКИОТ МОМЕНТ СО ОДЛУКАТА ЗА ПОМИНУВАЊЕ НА ГАСОВОДОТ, ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ СО ИЗРАЕЛ, СО БИТКАТА ЗА ИМЕТО КОЕ ГРЦИЈА ГО ГУБИ ЖЕСТОКО… СО ЕДЕН ЗБОР МАКЕДОНИЈА ДА НЕ ОДИ НАПРЕД И ДА НЕМА ВЛИЈАТЕЛНИ ПРИЈАТЕЛИ.

Едно не заборавај: Израел се наши големи пријатели и нема вака да ве остават тебе и сите негатори Македонски. Александар Македонски им ја даде слободата на Евреите и тие никогаш не го заборавиле тоа. Ветија дека дојде времето да се оддолжат некако. 

Како и да е, те жалиме врано црна што халуцинираш. Ти не си Србин, ниту ќе бидеш. Српско за жал, нема да најдете ништо во Македонија. Но гледај ја вистината во очи… Македонија има лавовски борци во своја одбрана чии презимињата завршуваат на -ИЌ. Треба да ги потенцирам? Се гордееме со нив заедно за светото име на земјата Македонија, а воедно и на МПЦ-ОА.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top