Коментари

112 години од смртта на големиот македонски револуционер и патриот

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

На 4 мај оваа година се навршија 112 години од херојската смрт на Гоце Делчев, легендарниот борец за ослободување и обединување на македонскиот народ. На тој ден македонскиот народ и Македонците во целиот свет му оддадоа длабока почит и признание на делото на великанот на македонскиот народ – Гоце Делчев, кој го посвети својот живот на борбата за својата сакана и измачена Македонија.

Славна и херојска е историјата на македонскиот народ, кој со децении водеше и сеуште води смела борба за независност и слобода, за да постои како рамноправен народ меѓу сите други народи, за своето право да се натпреварува на полето на културата и прогресот со другите народи.

Во македонската револуционерна борба се изродија големи борци како Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, но и многу други достојни синови на  македонскиот народ . Во таа борба за слобода и рамноправност македонскиот народ даде десетици илјади скапи жртви. Нема педа земја на целата територија на Македонија, каде не се оставени коски на загинати македонски револуционери, борци за македонската слобода.

Еден од најголемите и најценетите синови на македонскиот народ беше Гоце Делчев. Со своето воспитување, образование, политичко убедување, чуство за правда и храброст, Гоце Делчев стана идеолог и душа на ВМРО, која што ја канализираше и ја раководеше борбата на македонскиот народ за создавање на независна и слободна македонска држава.

Гоце Делчев беше непомирлив противник и борец против стремежите на европската и балканската буржоазија за поробување на Македонија. Тој се противеше на игрите кои беа  параван за присоединување на Македонија кон една од балканските земји. Признат од сите како водач на славната Македонска револуционерна организација, тој создаде вистинско македонско народноослободително движење кое се бореше за правото на македонскиот народ на самостоен живот, за создавање на самостојна држава, но и за пријателството меѓу народите во светот. Тој велеше: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите.”

Македонската револуционерната организација го подготви и го спроведе епското Илинденско востание на 2 август 1903 година. Но тоа го направи без Гоце, без својот идеолог, без својот водач. Три месеци пред востанието, на 4 мај 1903 година, во нерамен бој со османлиската војска загина бесмртниот водач на македонскиот народ Гоце Делчев.

Димо X. Димов, во своите спомени за Гоце Делчев пишува:

„Петнаесет часа Турците не смееја да се доближат до нашите загинати. Петнаесет часа ние скршени го гледавме својот водач, легнат како жив, со главата наведната кон земјата, небаре наведнат над гробот на Македонија …”

Светлите идеи на Гоце Делчев, неговото херојско дело го инспирира македонскиот народ во неговата понатамошна борба за ослободување од соседните држави водени од монархофашистичка буржоазија, која ја окупира и подели Македонија во 1913 година. Споменот на него го носеше македонскиот народ во антифашистичката борба за време на Втората светска војна.

Празнувајќи го светлиот спомен на Гоце Делчев, треба да одбележиме дека денеска, по долги години крвава и нерамна борба, среде купишта коски и реки од пролеана крв,  слободна е само Република Македонија, само дел од природната територија на која живее македонскиот народ. Жалосно, но вистинито во 21 век, македонскиот народ сеуште не е  признат на делови од македонската територија кои по поделбата во 1913 година останаа  во склоп на други соседни држави. Истите тие кои го негираат правото на името, јазикот, идентитетот и црквата на македонскиот народ.

Денес во Република Македонија, каде се пренесени коските на овој македонски великан, се остварени идеалите на Гоце Делчев, Јане Сандански и плејадата македонски борци за слобода. Меѓутоа, тоа не важи за останатите делови на Македонија, каде се погазени основните принципи на демократијата и човековите права. И покрај сите искушенија на кој е подложен тамошниот македонски народ никогаш не го заборавил својот учител Гоце Делчев и неговата порака дека светот треба да биде само поле за културен натпревар меѓу народите. 

Сепак ќе дојде денот кога ќе победи демократијата, кога ќе нема кој да го негира македонското име, јазик и идентитет, ќе дојде време кога и македонскиот народ ќе го заземе своето место во семејството на рамноправни балкански народи за заемна помош во изградбата на својата и нивната подобра иднина.

Да се биде верен на заветите на Гоце Делчев, за нас, Македонците, значи да работиме заедно со братските балкански народи, заедно со европските и со решавачката помош на ЕУ и НАТО да ја зацврстиме европска иднина и перспектива, но и да се бориме со сите демократски сили против предавниците на демократијата и делото Гоце.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top